ШОКАНТНО: Бројките не лажат!

Статистиката е дел од математиката, која кога ќе се анализира изгледа застаршувачки

На пример, статистиката вели дека дури 43 % од сите активни пилоти, заспале за време на летовите, а уште пострашно е што дури 33% од нив се разбудиле и виделе дека и нивниот копилот спие!

Шансата да загинете во авионска несреќа е 1:2.067.000 , а шансата да загинете при пад од кревет е дури 1:423.548

Колку светот троши на воени ресурси, покажува и следниов податок - Мисијата на НАСА на роверот Кјуриозити чини помалку од вкупните трошоци на сите војски на планетава за 13 часа!

При сексуален однос, дури 80 % од мажите или жените „заработуваат“ некоја полна болест, а поради недостаток на симптоми, не се ни свесни за тоа.

За крај, малку и за посилниот пол - секој трет маж не ги мие рацете по излегувањето од тоалетот, со што постои дури 33,3% шанси да ви пренесе некоја бактерија.

Можеби не треба да се ракувате со мажите?

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер