Шокантни признанија на малата „Лолита“ од високата класа - бев со Лоренс Оливие!

Лоренс Оливие е еден од пријателите на нејзиниот татко Вудроу Вајат, кој покажал интерес за секс со тогаш малолетната Петронела!

Петронела Вајат, која Дејли меил ја нарече „Лолита од високата класа“ открива шокантни ситуации од времето кога имала 15 години. Таа контроверзно тврди дека уживала во вниманието на славните пријатели на нејзиниот татко и дека тоа е природно, иако била малолетна, и убедена е дека младите девојки можат да бидат исклучително манипулативни со возрасните мажи.

- Еден ден јас и татко ми бевме поканети во вилата на Лоренс Оливие која беше во близина на нашата. Сите отидоа да пливаат а јас и Лоренс останавме сами. Ме праша колку години имам - реков 15. Ми одговори: San Quentin quail!

Прашав што е тоа.

- Забрането овошје драга моја. Штета. Имаш толку убава фигура.

Потоа ме викна да му седнам в скут, ме бакна, ми ги допре градите, па ме пушти со зборовите: Благодарам што беше добра кон стар човек!

Многумина ќе помислат дека сум била истрауматизирана за цел живот но јас бев поласкана! Му кажав на татко ми, новинарот и политичар Вудроу Вајат, а тој се насмеа: Стар ѓавол! Дали направи нешт друго?

А кога му реков дека ме бакна само ме праша дали уживав во тоа.

Многумина од славните и богати пријатели на татко ми ме заведуваа додека бев малолетна, а ако ги тужев до денеска ќе одев по судови - вели Петронела. Повеќе прочитајте тука.


Petronella with would-be suitor Robin Day



Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер