3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
БалканШокантни изјави на сопругите на ликвидираните црногорски мафијаши во Атина (ВИДЕО)Сопругите на двајцата ликвидирани мафијаши , кои пред нив самите и нивните деца биел изрешетани со над 20 куршуми , во кафеана во Атина , дадоа шокантни изјави во полицијата.Двајца напаѓачи , кои имале марами преку лицето и во еден момент испукале 20 куршуми кон двајцата црногорски мафијаши , кои вечерале со своите семејаства во кафеана во Атина , додека други двајца внимавале на останатите гости. Откако ги убиле , со црн џип избегале од местото. Освен убиените двајца Црногорци , тешко е повредена и сопругата на едниот од нив. Едно од децата е однесено на психијатар поради претрпениот шок. Семејствана најмалку два пати неделно јаделе во истата кафеана. Убиените се црногорски државјани и тоа 43- годишниот Стеван Стаматовиќ и 43- годишниот словенски државјанин , роден во Црна Гора, Игор Дедовиќ. двајцата се припадници на шкаљарскиот клан , а се сомнева дека ликвидацијата ја извршиле пропадници на ривалскиот кавачки клан. Во војната на двата клана з апоследните шест години се убиени 40 лица. Станува збор за припасдници на црногорското подземје , кои се занимаваат со шверц на огромни количества кокаин од Јужна Америка во Европа. До неодамна, централна точка на делувањето на двете групи беше Шпанија, но шкаљарскиот клан неодамна се пресели во Грција, чија јавност, по оваа крвава пресметка, бурно реагираше, барајќи земјата да не стане депонија за пост-југословенската мафија. Жените на ликвидираните Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ дадоа искази во грчката полиција дека не знаат кој може да стои зад убиствата на нивните сопрузи, а тврдат и дека не знаеле каде тие престојувале во Грција. Наводно, тие не се сеќавале на ништо што се случило синоќа. Двете жени, од кои едната е повредена во пукањето во неделата попладне, кога ггор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ беа ладнокрвно убиени, не дале никакви информации на полицијата за самиот напад, како и за животот што ги воделе Дедовиќ и Стаматовиќ пред пукањето. Според грчките медиуми, тие рекле дека дошле во Грција да поминат годишни одмори со семејството. Тврделе во полицијата дека не се сеќаваат каде престојуваат и дека во кафеаната дошле со такси. Едната од нив рекла дека таа знаела дека нејзиниот сопруг е бегалец, но и двете изјавиле дека професионалните активности на нивните сопрузи, како и нивната вмешаност во кривични работи, им се целосно непознати. Полициските службеници во Атина кај нив пронашле кредитни картички на жртвите, како и бројни клучеви и банкноти од по 500 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите. Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаДенеска нови цени на гориватаРегулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата.Нафтата Брент во петокот ја заврши трговската недела на 116,72 долари за барел, со неделен раст од околу шест проценти. Американската нафта достигна 103,27 долари. Според Ројтерс, поскапувањето е поттикнато од нападите врз енергетската инфраструктура во Саудиска Арабија и стравувањата од прекини во снабдувањето од Блискиот Исток. Дали и за колку ќе поскапат одделните горива ќе покаже новата пресметка на РКЕ, која ги зема предвид берзанските цени на нафтените деривати и курсот на доларот. Минатата недела бензините поевтинија за 2,50 денари, додека дизелот поскапе за два денари.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Искрени честитки до граѓаните на СрбијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до победниците на парламентарните избори во Србија.„Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните. Македонија останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката европска иднина и просперитетот на целиот регион.“- напиша Муцунски на „X“. Искрени честитки до граѓаните на 🇷🇸 за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните. 🇲🇰 останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката 🇪🇺 иднина и просперитетот на целиот регион. — Timco Mucunski (@TimcoMucunski) October 26, 2026 Тагови: Тимчо Муцински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook