Шоу бизШок во Холивуд! Познат актер и режисер пронајден мртов со сопругата – полицијата се сомнева во убиствоПолицијата во Лос Анџелес соопшти дека добила пријава за пронајдени мртви луѓе во домот на Роб Рајнер, познат холивудски режисер, актер и продуцент, кој покрај бројните награди и легендарната филмографија, е номиниран и за Оскар. Портпаролот на семејството потврди дека починатите се Рајнер и неговата сопруга Мишел. Полицијата се сомнева во убиство. Портпаролот на семејството Рајнер доцна во неделата изјави дека Мишел и Роб Рајнер починале, опишувајќи ја загубата како „трагична“ и барајќи приватност додека роднините тагуваат. „Со длабока тага ја објавуваме трагичната смрт на Мишел и Роб Рајнер. Скршени сме од оваа ненадејна загуба и ве молиме за приватност во овој неверојатно тежок период“, изјави портпаролот. Според Си-Ен-Ен, повикувајќи се на полициски извор, член на семејството на Рајнер пронашол две лица мртви во куќата. Во моментов нема информации за причината за смртта, изјави истиот извор. Детективите за убиства од Полициската управа на Лос Анџелес се на местото на настанот и истражуваат домот на холивудскиот режисер Роб Рајнер, потврди полициски извор за Си-Ен-Ен. Противпожарната служба на Лос Анџелес добила повик за медицинска итна помош во 15:38 часот по локално време и пронашла 78-годишен маж и 67-годишна жена мртви на местото на настанот, изјави портпарол на одделот. Иако повеќето медиуми се селективни во начинот на кој пристапуваат кон темата и се внимателни во врска со информациите што ги објавуваат, потпирајќи се на полициски извори и официјални изјави, списанието „Пипл“ објавува тврдења дека холивудската двојка била убиена од нивниот син Ник Рајнер. Тие цитираат „неколку извори кои разговарале со семејството“ без понатамошно објаснување. Ник Рајнер (32) е испрашуван од полицијата, но засега не е обвинет, ниту полицијата сакала воопшто да коментира за наводите на списанието „Пипл“, додека повеќето медиуми исто така избегнуваат да ги споменуваат овие инсинуации. Рајнер е познат како режисер на култни филмови како што се „Кога Хари ја запозна Сали“, „Неколку добри луѓе“, „Мизерија“, „Невестата принцеза“, „Остани покрај мене“... Како актер, се појавил во дури 90 различни продукции.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter