Шок од Белата куќа: Трамп сакал да ги депортира илегалните мигранти од САД во Украина - Канал 5

Шок од Белата куќа: Трамп сакал да ги депортира илегалните мигранти од САД во Украина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да депортира нелегални имигранти од САД во воено разорената Украина.

Шок од Белата куќа: Трамп сакал да ги депортира илегалните мигранти од САД во Украина

Висок американски дипломат наводно го контактирал Киев во јануари оваа година со предлог земјата, која е нападната од руски трупи од февруари 2022 година, да прифати летови со депортирани имигранти.

Ова е наведено во документи до кои пристапи „Вашингтон пост“.

Има многу малку детали за природата на предложениот договор, но наводно украински претставник ѝ рекол на американската амбасада дека Киев ќе одговори откако ќе донесе одлука, објави британски „Телеграф“.

Украински дипломат наводно им рекол на американските колеги дека иако Украина има „добар рекорд за прифаќање на враќањето на своите граѓани кога се депортирани од САД“, украинската влада се соочува со тешкотии поради „воени околности“.

Ова откритие доаѓа во време кога Трамп се обидува да ја забрза депортацијата на нелегалните мигранти со склучување договори со бројни земји и трети страни за нивно прифаќање. Украина досега не прифаќа летови на депортирани имигранти од САД и нема индикации дека Киев сериозно го разгледува овој предлог.

Украинските власти изјавија дека темата никогаш не стигнала до највисоките нивоа на владата и дека не биле информирани за никакви „политички барања“ упатени од САД во врска со прифаќањето на депортираните лица.

Предлогот беше поднесен во деновите откако Трамп повторно ја презеде функцијата, додека претседателот се обидуваше да протурка мировен договор со Русија и се закани дека ќе ја повлече поддршката за Украина доколку двете страни не постигнат договор.

Минатата недела, САД потпишаа договор за минерали со Украина по месеци напнати преговори.

Напорите за охрабрување на Украина да прифати депортирани мигранти не беа иницирани за време на процесот на потпишување на економското партнерство, што му дава на претседателот поголема улога во обновата на Украина во иднина.

Документите што ги разгледа „Пост“ покажуваат дека САД дале слични предлози до неколку други земји во исто време. Досега, Ел Салвадор, Мексико, Костарика и Панама се согласија да прифатат депортирани лица кои не се нивни државјани.

Администрацијата на Доналд Трамп, исто така, планира да депортира група мигранти во Либија, соопштија американски официјални лица, а се очекува наскоро да полета и воен авион.

Руанда е во преговори со САД за договор за депортација, откако минатиот месец прифати уплата од 100.000 долари за да прифати депортиран Ирак.

Африканската земја се согласи да прифати уште 10 депортирани лица од различни националности како дел од „трајна програма“ за прифаќање на депортации.

Администрацијата на Доналд Трамп се соочува со бројни правни предизвици околу својата политика за депортација, откако депортираше група венецуелски мигранти во Ел Салвадор, каде што во моментов се наоѓаат во затвор со максимална безбедност.

Исто така, се наведува дека американските власти се во преговори со Грузија и Узбекистан за прифаќање летови на депортирани лица, објави „Вашингтон пост“.

Портпарол на Стејт департментот изјави за овој медиум дека „континуираната соработка со странските влади е клучна за спречување на нелегалната и масовна миграција и обезбедување на нашите граници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер