Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК
1Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК
3НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
СветШојгу: Западот сака да ја раздели Русија на десетици мали државиСекретарот на рускиот Советот за безбедност, Сергеј Шојгу, изјави дека целта на „колективниот Запад“ е да ја подели Русија на десетици мали држави со цел да ја потчини на својата волја и да ја искористи во свои интереси.„Денеска постои силен надворешен притисок врз Русија и нашето општество. Против нас е започната моќна антируска пропагандна кампања. Нападите врз нашата историја, култура и духовни вредности не престануваат, како и обидите да се создаде расцеп во единството и братството на народите на нашата земја и на Заедницата на независни држави“, рече Шојгу, пренесен од руските медиуми. Тој истакна дека противниците на Русија погрешно веруваат дека нејзината мултинационалност е слабост и дека „упорно се обидуваат да ја разединат земјата“ со цел да ја десуверенизираат Русија.Тагови: Шојгу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаХуманоидните роботи стануваат реалност, Скопјани се дружеа роботот Нео Хуманоидните роботи не се некоја далечна иднина туку реалност која на денешницата. Тие последниве години со брзо темпо се развиваат и напредуваат во своите можности. Тоа пред граќаните го покажа и Нео хуманоидниот робот кој за да покаже како лесно се снаоќа во просторот и да демонстрира дека нема проблем со движењети и рамнотежата ги забавуваше најмалите со својот танц. Но неговата реална намена не е за да биде атракција и шоу туку да работи тешки работи за почетоко во индустријата, во фрабриките, хотели, болници и старски домови каде ќе им помага на луѓето и ќе биде продуктивен со работа деноноќно без престан додека за домовите проценката е дека би го почнало масовно да се употребува за две до три години додека да се усоврши и да се истестираат сите негови перформанси. Се работи хуманоидни роботи кои се произведуваат во Кина но програмирањето за тоа што ќе прави односно мозокот на роботот е дело на словенечки програмери кои нагласуваат дека е значајно што сите податоци остануваат локално каде што се користи роботот. Сегашната намена е главно да им помагаат на луѓето со тешка физичка работа во градежништвото бидејќи робото куче може да носи градежни материјали по скали исто како и хуманоидниот робот кој може да носи товар тежок 50 килограми. Нивната вредност варира од неколку десетици илјади евра па се до 150 илјади или 200 илјади евра во зависност од тоа што треба да прави но според пресметките заменува 4 до 5 работника што го прави исплатлив за околу 2 години Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКоалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК Со позитивна оценка и без забележани неправилности во гласањето и пребројувањето, Коалицијата „Сите за правично судење“ го оцени изборниот процес за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Сепак, во заклучоците од мониторингот забележуваат дека неофицијалните резултати протекле во медиумите уште во првиот час по затворањето на избирачките места, пред официјалното соопштување од Советот на јавните обвинители. -Непосредното набљудување не утврди неправилности при спроведувањето на гласањето и пребројувањето на гласовите, додека високата излезност на јавните обвинители и овозможувањето независен мониторинг на изборниот ден, вклучително и присуството на набљудувачи при гласањето и пребројувањето, претставуваат позитивни показатели за спроведувањето на изборниот процес. -Коалиција „Сите за правично судење“. Обвинителката Искра Хаџи Василева победи со 64 гласа, седум повеќе од Трајче Пеливанов, и ќе раководи со обвинителството во следните четири години. Поефикасни истраги, побрзо постапување по предметите и поголем фокус на финансискиот криминал и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот се дел од приоритетите што ги најави новата шефица кога влезе во трката за позицијата. Во програмата предвидува и зајакнување на истражниот центар, кадровско екипирање и дигитализација на работата. Најавува и поширока примена на спогодувањето со обвинетите, со цел скратување на судските постапки. Но, покрај најавените реформи, новата шефица ќе мора да се справи и со старите слабости на обвинителството. Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, предупредува дека меѓу клучните предизвици се недостигот на финансиски средства, ефикасноста во работата и политичките влијанија врз обвинителите. -Мислам дека новата обвинителка, односно раководителка, повеќе може да делува на внатрешните ризици во самата институција, коишто се однесуваат на надзорот врз работењето на основните јавни обвинители од страна на повисоките обвинители, бидејќи анализата покажа дека овој надзор се врши само формалистички и остава простор за произволно и непрофесионално однесување. Понатаму, сѐ уште постоеше процедура на рачна распределба на предметите — таа кажа дека ќе се залага за дигитализација, го поздравувам тоа и сметам дека треба да има еден објективен начин на распредебилба на предметите,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК. Хаџи Василева доаѓа на местото на Ислам Абази чиј мандат истекува на 8 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ: Во Србија владее терорАлександар Вучиќ на почетокот од декември најверојатно ќе се врати на кормилото на СНС, а во меѓувреме тој најавува дека партијата нема да учествува на претстојните претседателски избори.Според Вучиќ по изборниот пораз на СНС во Србија се спроведувал „револуционерен терор“ врз сопартијците и поддржувачите, а во такви услови како што изјави невозможно е нормално политичко дејствување.. -На партиското собрание следниот месец тој најави избор на ново раководство а две третини од членовите на главниот одбор и половина од претседателството ќе бидат нови луге. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Петседателката на српското собрание и в.д. Претседател на Србија, Ана Брнабиќ, повика претставниците на Студентска листа што побрзо да ја формираат владата и да преземат одговорност, бидејќи и според неа во моментов во Србија владее терор.. Таа најавува дека конститутивната седница на новото собрание ќе ја свика во накраток можен рок.. Според Брнабиќ претседателските избори мора да бидат распишани до 27 ноември за да се одржат на 27 декември, а доколку биде конституиран новиот парламентарен состав изборите ќе може да ги распише и новиот претседател на собранието..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook