Шојгу тврди дека Украина останала без 14.000 војници од почетокот на месецов

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Украина загубила речиси 14.000 војници од почетокот на месецот.

Тој на колегиумот на Министерството за одбрана изјави дека руската војска „продолжува да го намалува офанзивниот потенцијал на вооружените сили на Украина во сите правци“.

Шојгу рече и дека испораките на беспилотни летала за вооружените сили на Русија се зголемени за 16 пати во споредба со почетокот на претходната година.

Во споредба со почетокот на претходната година, испораките на главните видови ракетно и артилериско оружје за вооружените сили на Русија се зголемени за 4,9 пати. Испораките на оклопни возила се зголемени за повеќе од три пати, а испораките на беспилотни летала се зголемени за 16 пати, рече Шојгу.

Тој додаде дека испораките на муниција се зголемиле за 12 пати, додека испораките на високопрецизни ракети со долг дострел се зголемиле за пет пати.

Се прават анализи кои нови лекови треба да бидат ставени на позитивната листа, вели Таравари

Комисија на Министерството за здравство анализира кои лекови треба следно да бидат ставени на позитивната листа на лекови. 

-Имаме Комисија што е формирана од Министерството за здравство и која треба да одлучи кои се побитните работи, кои лекови имаат приоритет, зборувам за целото население во државата, да бидат ставени во позитивна листа. Сега не можам да кажам генерици или имиња на лекови бидејќи тоа веќе е несериозно. Очекувам комисијата која што е компетентна и која што треба врз база на сите фармако-економски и други анализи коишто ги прави да му предложи на Министерството за здравство кои треба да бидат следните лекови за позитивната листа, изјави денеска министерот на прес-конференција.

Потсети дека во првите 50 дена од Владата, листата се прошири со девет нови лекови.

За превентивните програми, рече дека се многу битни и дека се разговара тие да бидат проширени. - Поуспешни ќе бидеме не со лекови, туку со превентивни програми, толку помалку ќе имаме развиени форми на сериозни болести, така што размислуваме, меѓутоа сепак треба да размислиме и да видиме што имаме во буџетот, што се можностите. Така што, балансираме повеќе да ги истераме превентивните програми, секако и позитивната листа затоа и го направивме тоа. Од друга страна па се обидуваме да заштедуваме, рече Таравари.

Тој одговори и на реакциите дека за изминатите четири години 400 илјади евра биле скратени од превентивните програми од здруженија коишто работат со пациентите со ХИВ и реакциите дека годинава ќе бил уште помал буџетот и ќе не можат да се покријат трошоците со овие пари.

- Се надевам дека буџетот ќе биде сличен, меѓутоа немаме уште дефинитивен буџет. Дозволете ни да видиме, па кога ќе биде подготвено ќе зборуваме за тоа точно, сега ги немам ни бројките пред мене. Меѓутоа, мислам дека цифрите ќе бидат слични, можеби може да биде кратко скратување, меѓутоа не нешто сериозно, кое што ќе го загрози животот на болните со ХИВ, рече Таравари.

Британски суд осуди албански државјанин поради грабеж во домот на фудбалерот Стерлинг

Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг.

Албанскиот државјанин Емилијано Кроси (24) кој, меѓу повеќето кражби, ја ограбил и резиденцијата на Рахим Стерлинг, принудувајќи го да се врати дома од Светското првенство во 2022 година, е осуден на 13 години затвор, објавија албанските медиуми.

Кроси (24) наречен „албански „јастреб“ извршил многу кражби, вклучително и онаа во резиденцијата на англиската ѕвезда, на 3 декември 2022 година.

Тој користел скала во задната градина за да се качи до прозорецот од спалната соба на Стерлинг и украл десет од неговите часовници Ролекс. Од домот на фудбалерот бил украден и накит, вреден околу 300.000 фунти.

-Кроси, кој илегално влегол на британска територија, скриен во камион, претходно признал дека е вклучен во 15 кражби. Но, пред судот во Гилфорд, судијката Кетрин Хартли пресуди дека тој е вмешан во 18 кражби, осудувајќи го на 12 години и 10 месеци затвор. Британската полиција сè уште трага по неговиот татко Алфред Исуфи (48), вујко му Анри Осман (44) и 22-годишниот братучед Џерард Калаја, за кои се верува дека побегнале од Велика Британија, наведуваат медиумите.

Постојат основи на сомнение дека биле дел од криминалната група која вршела кражби во луксузни вили помеѓу ноември 2022 и март 2023 година. Меѓу другите жртви се и поранешниот играч на „Кристал Палас“, Скот Дан и на „Челзи“, Марк Кукурела.

Марковска Илиевска: СДС и ДУИ седум години не преземаа ништо за загадувањето, Владата ќе презем

Марковска Илиевска: СДС и ДУИ седум години не преземаа ништо за загадувањето, Владата ќе преземе мерки за ефективно намалување на среден рок.

7 години влаcта на СДС и ДУИ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот. 7 години нивото на загаденост на воздухот, не само што не се намали, туку и се зголеми.

Тие кои што не направија ништо за подобрување на квалитетот на воздухот, сега глумат душегрижници.

СДС треба да знаат дека за разлика од нив, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе сериозни мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

Ќе се воведат строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе се контролираат најголемите индустриски загадувачи.

Владата ќе обезбеди субвенции за граѓаните и фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија. Таквата пракса веќе почна со субвенциите за инвертер клими.

Владата ќе започне програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори.

Овие мерки покрај забрзаната гасификација која ја најави премиерот и когенеративната централа, ќе значат намалување на загаденоста на воздухот на среден рок и ќе обезбедат почиста животна средина.

Прес-конференција на Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер