Шкотските пратеници денеска гласаат за законот за асистирано умирање - Канал 5

Шкотските пратеници денеска гласаат за законот за асистирано умирање

Пратениците во шкотскиот парламент денеска ќе гласаат за историскиот закон со кој би можело да се легализира асистираното умирање за возрасни лица во терминална фаза на болест.

Шкотските пратеници денеска гласаат за законот за асистирано умирање

Гласањето е закажано за околу 22 часот, по маратонски расправи во кои беа разгледани стотици амандмани.

Законот би им овозможил на лицата постари од 18 години, кои се ментално способни за донесување одлуки, да побараат медицинска помош за прекинување на животот. Пациентот мора да има дијагноза на терминална болест со проценет преостанат живот од шест месеци или помалку. Ова мора да биде потврдено од двајца независни лекари.

Лијам МекАртур, предлагачот на законот, нагласи дека се усвоени 175 амандмани само во последната недела, со цел да се спречи каква било присила врз пациентите и да се заштитат здравствените работници кои би одбиле да учествуваат поради морални или верски убедувања.

Апликантите мора да бидат жители на Шкотска најмалку 12 месеци и да се регистрирани кај шкотски матичен лекар.

Иако анкетите покажуваат дека околу 81 процент од граѓаните на Шкотска ја поддржуваат оваа иницијатива, кај одредени групи сè уште има силен отпор. Некои верски лидери и организации за лица со инвалидитет предупредуваат дека законот е „опасен“ и дека може да создаде суптилен притисок врз ранливите категории граѓани да го завршат својот живот за да не бидат „товар“ на своите семејства или на здравствениот систем.

Некои професионални здруженија, како фармацевтски и медицински комори, изразија загриженост поради отстранувањето на одредени клаузули за „приговор на совеста“ во последната верзија на нацрт-законот.

Доколку законот биде изгласан вечерва, Шкотска ќе стане првиот дел од Обединетото Кралство што ќе воведе ваква практика, додека слични дебати во моментов се водат и во Англија и Велс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Од Јавното обвинителство информираат дека судењето на обвинетата Ива Михаилова за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици ќе продолжи на деветти ноември.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Ива Михаилова избега во Бугарија пред две недели, тамошните власти потврдија дека нема да ја екстрадираат во Македонија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов

Денеска, во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов.

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов

Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.

Според обвинението, Ристов се гони за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари бидејќи во текот на истрагата судијата не докажал дека легално ги стекнал парите.

На 17 април јавното обвинителство соопшти дека биле преземени повеќе дејства и претреси, при што на 18 јануари годинава во домот на родителите на судијата во Неготино биле пронајдени вкупно 350.000 евра за чие потекло тој немал доказ и не ги пријавил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..

Две кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра

Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер