АвтомобилизамШкода претставува ограничено издание од само 800 примероци – бојата го прави посебенМатираните завршни обработки некогаш беа само тренд, но денес стануваат стандард.Електричниот Шкода „Elroq RS“ доби нов мат премаз „Мат сив“ што му дава уште поагресивен изглед. Ограниченото издание од само 800 возила го најавува идниот дизајнерски правец на овој чешки производител. Шкода ја претстави најмоќната верзија на својот електричен SUV модел во сосема нов стил. Досега, „Elroq“ беше достапен во 11 бои, а сега во понудата влезе и нова мат сива нијанса. Оваа боја е во комбинација со сјајно црни детали, рачки на вратите, ретровизори и спојлер, што му дава на возилото агресивен, речиси спортски изглед. Долгоочекуван ефект „Долго време сакавме да воведеме мат финиш. Среќни сме што „Elroq RS“ е првиот таков модел од нашите чешки фабрики“, изјави Вероника Страшкрабова, специјалист за бои во Шкода. Верзијата „RS“ не е само визуелно привлечна – има два електрични мотори, со вкупна моќност од 250 kW, а од 0 до 100 km/h пристигнува за само 5,4 секунди, а останува практична за секојдневно возење. Мат без монотонија Дизајнерката Марија Керчер објасни дека не секоја боја е погодна за мат завршница: „Започнавме со графитно сива бидејќи ја задржува својата живост дури и по додавањето мат слој. Многу други бои стануваат досадни и безживотни.“ Матните завршници некогаш беа само тренд, но денес стануваат стандард. „Се надевам дека „Elroq RS“ нема да биде последната Шкода со мат боја“, заклучува Марија. Засега нема официјални информации за достапноста на овој модел, но се верува дека 800-те најбрзи купувачи ќе ја добијат оваа мат електрична верзија „RS“ преку системот за претходна нарачка до крајот на годината. Извор: Б92Тагови: Шкода Elroq RS Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter