ФудбалШкендија поразена од Работнички со 5:0Поранешниот шампион на Македонија, екипата на Шкендија од Тетово по елиминацијата од Брегалница во Купот на Македонија, попладнево им приреди уште едно разочарување на своите навивачи, откако катастрофално загуби од Работнички со 5:0.Ова беше вкупно шести пораз за екипата која имаше големи амбиции пред почетокот на првенството, најавувајќи и замешување во борбата за титулата. Работнички со освоените три бода повторно е на лидерското место на табелата со бод предност пред конкурентите, но и натпревар повеќе. Головите за „романтичарите“ на „Филип Втори“ во Скопје ги постигнаа Крсте Велковски во 10, 22 и 35.минута, Борче Маневски 60.минута и Таулант Сулејманов 81.минута. Другите пет натпревари од 16.коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат утре. Двојките се: Брегалница – Вардар, Гостивар – Напредок, Металург – Пелистер, Ренова – Еуромилк и Турново – Македонија ЃП. Почетокот на сите натпревари е во 13 часот. Табела: Работнички 27 бодови (натпревар повеќе), Металург 26, Вардар 26, Пелистер 24, Турново 22, Ренова 22, Брегалница 20, Еуромилк 20, Шкендија 20 (натпревар повеќе), Македоноија Ѓорче Петров 13, Напредок 11 и Гостивар 10. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook