3НБРМ: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
Венецуелците рачно ги пребаруваат урнатините на зградите додека владините багери стојат неискористени, нема бензин
1Венецуелците рачно ги пребаруваат урнатините на зградите додека владините багери стојат неискористени, нема бензин
Други спортовиШК Алкалоид организира Отворен турнир во забрзан шахВо организација на Шаховскиот клуб Алкалоид денеска во хотел „Континентал“ во Скопје, ќе се одржи Отворениот турнир во забрзан (рапид) шах „АЛКАЛОИД 2015“. Турнирот ќе се рејтингува за рапид листата на ФИДЕ. ШК Алкалоид по традиција на крајот на годината на сите љубители на шахот им овозможува целодневно дружење и можност да се учествува во квалитетен турнир на кој ќе настапат преку сто шахисти од цела Македонија, а ќе има и странски играчи. Организатор обезбедува трофеј, патични и други награди за победникот и за најдобрите во повеќе категории. Почетокот на Отворениот турнир е во 10 часот, а од 14 часот и 30 ќе се одигра и традиционалниот Отворениот турнир за новинари во забрзан (рапид) шах. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нема пари за земјоделците - Владата на Мицкоски им должи 70 милиони евраДве години Христијан Мицкоски ги лаже и ги понижува македонските земјоделци. Нема пари, нема субвенции, нема откуп, нема грижа, македонското земјоделството е на колена поради кримналната власт.Државата им должи дури 70 милиони евра по различни основи, а субвенциите доцнат со месеци. Во екот на жетвата, земјоделците не знаат по која цена ќе ја продаваат пченицата. Откуп нема, откупувачи нема, а се шпекулира со понижувачка цена од само 10 денари за килограм. Сточарите се оставени сами на себе. Доцнат субвенциите, млекото нема сигурен пласман, а младите сточари сведочат дека две години не добиле ниту денар државна поддршка. Кога државата им должи 70 милиони евра на луѓето кои ја произведуваат храната, тоа е најдобар доказ дека економијата и буџетот се во сериозни проблеми, а Владата нема ниту план, ниту капацитет да ги сервисира своите обврски. Наместо решенија за помош на земјоделците Мицкоски избра театар со реконструкција. Сега нов министер од ЗНАМ кој ќе се вади дека му треба време а земјоделците треба да издржат до предвремени избори. Со оглед на тоа дека министерот е од распаднатата ЗНАМ знаеме колку се способни. Документите за Груевски на Филков му патуваа еден месец помежу две згради, земјоделците е чекаат од сезоана до сезона а нема ништо да добијат освен уште една тура лажни ветувања. ЗНАМ ја предаде прво својата партија, па своите гласачи, па се предадоа меѓусебе и сега ќе ги предаде и земјоделците. Здружение за предавства – тоа е ЗНАМ која се распаѓа. Единствено не го предадоа сопствениот бизнис интерес и Никола Груевски. СДСМ бара Владата веднаш да ги исплати сите заостанати субвенции, да обезбеди фер и загарантирани откупни цени за стратешките земјоделски производи и итно да преземе мерки за заштита на домашното производство. Македонските земјоделци заслужуваат сигурност, почит и навремена поддршка, а не понижувања, неизвесност и долгови што ги создава неспособната власт. Скопје, 01.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓанитеСо реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните, нов владин состав за поголема ефикасност и резултати во интерес на граѓаните.Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните и се потврдува определбата за одговорно, ефикасно и отчетно управување со државата. Оваа реконструкција е резултат на внимателна анализа на досегашните резултати, но и на јасно искажаните очекувања на граѓаните за побрзи реформи, поголема ефикасност и повисоки стандарди во работењето на институциите. Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство, додека Министерството за социјална политика ќе го преземе Ѓоко Велковски, кој во моментов ја извршува функцијата заменик-министер. На местото на Клековски во Фондот за здравство, за нов директор ќе биде назначен Златко Перински. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ. Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, ќе биде Ерџан Демир, кој до сега е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во општина Шуто Оризари. Приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува подобрувањето на квалитетот на животот, економскиот развој, владеењето на правото, борбата против корупцијата и создавањето институции кои работат исклучиво во интерес на граѓаните. Новиот владин состав ќе продолжи со засилено темпо да ги реализира започнатите проекти и реформски процеси, со фокус на конкретни резултати, отчетност и исполнување на ветувањата. Граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа таа порака и останува целосно посветена на спроведување политики кои носат подобар животен стандард, стабилност и сигурна иднина за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 годинаВо првиот квартал од 2026 година, плаќањата со платни налози на граѓаните бележат раст од 10,3% кај бројот и 14,6% кај вредноста на извршените платежни трансакции. Значителен е растот на електронските плаќања, и тоа за 21,9% кај трансакциите и за 23% кај вредноста, во споредба со истиот период од 2025 година. Најголемиот број од платежните трансакции иницирани по електронски пат во анализираниот период се извршени преку мобилни апликации (72,8%), при евидентиран годишен раст од 25,9%, што потврдува дека употребата на мобилниот телефон преовладува, како најбрз и наједноставен начин на плаќање. Натамошни позитивни движења има и кај плаќањата со платежни картички. Бројот на плаќањата со картички е поголем за 12,2%, а нивната вредност за 14,5%. Растот кај бројот на плаќањата произлегува пред сѐ од платежните трансакции направени преку интернет (18,7%), како и од плаќањата на физичките места на продажба (11,7%). Растот на дигиталните плаќања се должи и на воведувањето нови платежни решенија од страна на банките, со кои на граѓаните им се овозможува поедноставно и побрзо плаќање преку мобилни уреди, без употреба на физичка платежна картичка. Дигитализираните картички учествуваат со 17,9% во вкупниот број издадени платежни картички во земјата, а преку секоја дигитализирана картичка се извршени, во просек, 4 трансакции со мобилен телефон во земјава, што укажува на постојано зголемување на користењето на мобилните плаќања и промена на навиките на граѓаните во полза на користењето на придобивките од дигитализацијата. Наведените податоци потврдуваат дека дигитализацијата на платежните услуги напредува, при што електронските плаќања и платежните картички имаат сè позначајна улога во секојдневните финансиски активности на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54