Ширер: Манчестер сити ќе доминира во Премиер лигата - Канал 5

Ширер: Манчестер сити ќе доминира во Премиер лигата

Поранешниот англиски фудбалер, Алан Ширер, смета дека следните неколку години Манчестер сити ќе доминира во Премиер лигата.

Ширер: Манчестер сити ќе доминира во Премиер лигата

- Во моментов не би се обложил на ниту еден друг клуб дека ќе ја освои Премиер лигата. Сити оваа сезона јасно прати порака до останатите, истакна Ширер.

Манчестер сити со 100 поени беше убедливо прв оваа сезона, иако ги освои титулите и во сезоните 2011/2012 и 2013/2014.

- Играа фудбал каков што досега не сме виделе во Премиер лигата, но големите клубови освојуваат трофеи во низа. Сити тоа не го правеше во минатото, но сега има одлична можност, потенцира Ширер.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, претходно освојуваше титули во низа со Барселона и Баерн Минхен. Веројатно истиот успех се очекува да го постигне и со англискиот клуб. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Папата заминува на операција на белите дробови

На папата му е потребна операција. На белите дробови му беше откриен јазол.

Папата заминува на операција на белите дробови

71- годишниот Папа Лав XIV денес објави дека во наредните денови ќе биде подложен на операција, откако лекарите откриле јазол на белите дробови, пренесува „Асошиејтед прес“.

Поглаварот на Католичката црква ја соопшти веста за време на традиционалната неделна молитва пред верниците.

Според него, абнормалноста на белите дробови била откриена при неодамнешните медицински прегледи и била констатирана во рана фаза. Папата изјави дека станува збор за локализиран проблем и дека операцијата е закажана за во наредните неколку дена. Засега нема дополнителни информации за неговата здравствена состојба.

Ватикан сè уште нема објавено дополнителни детали за зафатот или за точната дијагноза. Природата на абнормалноста на белите дробови не е позната. Јазолот на белите дробови може да има различни причини и не мора нужно да укажува на малигно заболување.

Папата Лав XIV, првиот Американец на чело на Католичката црква, претходно немал никакви познати сериозни здравствени проблеми.

Тој е познат по својот активен начин на живот; редовно игра тенис и плива за време на престојот во папската летна резиденција Кастел Гандолфо. Неизвесно е дали операцијата ќе влијае на неговото планирано патување.

Предвидено е Папата да ги посети Уругвај, Аргентина и Перу во периодот од 6 до 17 ноември. Сè уште не се знае дали операцијата и закрепнувањето ќе влијаат на неговото планирано патување во Јужна Америка. Ватиканот сè уште не го објавил датумот на операцијата ниту очекуваното времетраење на закрепнувањето на Папата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Словенците денес на четири референдуми

Во Словенија денеска се отворени избирачките места на кои граѓаните се изјаснуваат за четири референдумски прашања.

Словенците денес на четири референдуми

Меѓу нив се укинувањето на задолжителната радиодифузна такса, ограничувањето на правото на глас на странските државјани на локалните избори и измените на законот за парламентарни истраги.

Граѓаните можат да гласаат за едно или за повеќе од четирите прашања, но избирачкото место можат да го посетат само еднаш.

Најголемо внимание привлекува законодавниот референдум за измените на законот за парламентарни истраги, усвоени од словенечкиот парламент на 26 мај.

Граѓански организации, со поддршка од опозицијата, собрале 40.000 потписи за распишување на референдумот. Тие сметаат дека новите законски решенија ја намалуваат правната заштита на граѓаните и им даваат преголеми овластувања на политичарите за навлегување во приватноста.

Критичарите предупредуваат дека измените би можеле да отворат простор за политички пресметки и злоупотреба на парламентарните истраги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите

Јеменските бунтовници Хути повторно ги предупредија авиокомпаниите, аеродромскиот персонал и патниците да не ги користат саудиските аеродроми, еден ден по нападот врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад, во кој загинале 12 лица, а 309 биле повредени.

По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите

Јеменските бунтовници повторно упатија предупредување до авиокомпаниите, аеродромските работници и патниците да ги избегнуваат саудиските аеродроми, нагласувајќи дека нивната порака треба да се сфати сериозно.

Хутите соопштиле дека саудиска арабија е одговорна за, како што тврдат, неуспешните обиди за пресретнување на проектилите што оваа група ги лансирала кон ријад, пренесува „Ројтерс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер