Шин Бет: Израелските сили убија тројца палестински екстремисти на Западниот брег - Канал 5

Шин Бет: Израелските сили убија тројца палестински екстремисти на Западниот брег

Израелските безбедносни сили денеска убија тројца осомничени палестински екстремисти, кои наводно биле одговорни за неодамнешните вооружени напади во градот Наблус, на окупираниот Западен брег, соопшти израелската служба за безбедност Шин Бет.

Шин Бет: Израелските сили убија тројца палестински екстремисти на Западниот брег

Оттаму наведуваат дека тројцата екстремисти биле во автомобил и загинале во судир со безбедносните сили, а на израелска страна немало жртви.

Палестинското Министерство за здравство го потврди убиството на Палестинците.

Во последните недели палестинските напаѓачи на Западниот брег извршија повеќе напади со нож врз Израелците, а на таа територија имаше и вооружени напади.

Израел го освои Западниот Брег во војната во 1967 година.

Палестинците сакаат Западниот Брег да биде главниот дел од нивната идна држава, која ќе го вклучува Појасот Газа, а главен град би бил Источен Ерусалим. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа трча по критични минерали, Македонија сè уште ги мери можните ризици

Без сигурно снабдување со критични минерали, зелената транзиција и намалувањето на зависноста на Европа од увоз ќе бидат тешко остварливи, предупредуваат од Европската асоцијација на рударската индустрија „Euromines“. 

Европа трча по критични минерали, Македонија сè уште ги мери можните ризици

Во тој контекст, се погласни се повиците Македонија да го искористи својот минерален потенцијал и да се приклучи кон европскиот пристап за одговорно искористување на критичните суровини. Според професорот Благој Голомеов од Рударско-геолошкиот факултет, минералните ресурси меѓу кои златно-бакарниот рудник Иловица, се една од економските предности на Македонија, но нивното искористување и натаму е ограничено поради стравувањата од влијанието врз животната средина. Тој смета дека современите технологии овозможуваат безбедна експлоатација, со контролирани процеси и заштита на природата.

-Постојат технолошки процеси кои се бенигни, кои се недеструктивни кон природата. На пример за бакарот технолошкиот процес е многу едноставен, се користат само ксантати, пеначи и регулатори на средината, односно вар. Околу 90 проценти од тие реагенси се извлекуваат заедно со концентратот, а малото количество што останува за кратко време се разградува и станува целосно безопасно за пошироката околина,- Благој Голомеов - професор на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“.

Голомеов посочува дека Македонија има две значајни економски предности, земјоделството и минералните ресурси, но вели дека економскиот ефект од нивното користење е различен. Според него, рударството може да создаде значаен економски придонес без долгорочни државни субвенции како кај земјоделството. Сепак, професорот предупредува дека минералното богатство е необновлив ресурс и мора да се користи внимателно. Приходите од него смета треба да бидат насочени кон развој на инфраструктурата, образованието и енергетската независност, за придобивките да останат и за идните генерации.

- Треба да се напомене дека 120.000 луѓе вработени во земјоделието даваат ист економски ефект како 6000 луѓе вработени во рударството. Притоа, за субвенционирање на земјоделството се трошат некаде 100 милиони евра од буџетот, додека во рударството не се вложува ништо додатно и не треба..

Претседателот на „Euromines“, Јан Мострјом, нагласува дека иако Европа не може целосно да биде независна од увозот, има сериозен потенцијал да изгради поотпорен синџир на снабдување и да развие сопствено производство. Според него, ограничувањата за извоз на одредени суровини, особено од големите производители како Кина, покажуваат дека зависноста од увоз може да стане економски, но и безбедносен ризик за земјите на европското тло.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ГРОМ: Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна

ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нивниот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.

ГРОМ: Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна

„Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нашиот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.

Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош.

На случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврди како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт. Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права.

Не не’ зачудуваат политичките противници и нивната крволочност, но нека им служи на чест на сите оние од правосудниот систем кои оркестрирано во служба на власта учествуваа во замолкнувањето на Стевче Јакимовски. Воедно им благодариме на сите граѓани, знајни и незнајни кои во изминативе дваесетина дена му даваа сесрдна поддршка на претседателот Јакимовски.

Цениме доколку ова наше соопштение биде споделено со пошироката јавност со помош на вашиот медиум.“

Со почит,

Центар за комуникации ГРОМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Дудучки: Криминалци кои со лажни дијагнози наместо во затвор одат во психијатриски болници

Нема место ни во мизерни услови за престој и работа кои во дел од псијатриските болници се под секакво човечко достоинство, а ова е резултат на тотална негрижа од сите досегашни власти за менталното здравје, смета д-р Мице Дудучки.

Д-р Дудучки: Криминалци кои со лажни дијагнози наместо во затвор одат во психијатриски болници

Нема место ни во мизерни услови за престој и работа кои во дел од псијатриските болници се под секакво човечко достоинство, а ова е резултат на тотална негрижа од сите досегашни власти за менталното здравје, смета д-р Мице Дудучки, невропсихијатар со повеќедецениско искуство и меѓународен судски вештак. Тој во изјава за Канал 5 вели дека од „здравственото ќесе“ со децении се извојува многу малку, па и не е чудо што нема место за луѓе на кои навистина им е неоходна таква грижа кога таму се сместени и криминалци кои со лажни дијагнози се спасуваат од затвор.

Лошата здравствена политика е виновна за состојбата, но решенија има, смета Дудучки. Ако постои стратегија и план на сите нивоа и ако тоа се спроведе ќе има и превенција и ред и сегашната слика на соби без прозорци, мувла, живот во хорор и мизерија, и лекување со ограничен број на застарени лекови, ќе станат минато.

И од канцеларијата на Народниот правобранител кои во континуитет ги следи условите на психијатриските болници нотираат дека неопходен е системски пристап кон подобрување на состојбите кој подразбира доволен број стручен кадар, стабилно финансирање, подобрување на условите, развивање современи терапевтски и рехабилитациски програми, континуирана едукација на персоналот и создавање безбедна терапевтска средина во која ќе се почитуваат достоинството и човековите права на пациентите. Исклучок во однос на условите е психијатриската болница во Гевгелија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер