Шилегов: Опозицијата изнесува лаги, не постои договор помеѓу град Скопје и мојата канцеларија

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов со реакција на информациите презентирани на прес конференција од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Шилегов вели дека станува збор за невистини и лаги од опозицијата, а не постои никаков договор помеѓу Град Скопје и адв. канцеларија на Петре Шилегов.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов го демантираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ дека како градоначалник го плаќал сопственото адвокатско друштво за консултантски услуги и рече дека со лаги и манипулации опозициската партија ја покажува својата безидејност.

Шилегов на прес-конференција рече дека Град Скопје и тој како градоначалник немаат склучено никаков договор, ниту еден денар од градската каса, рече, не е влезен во неговото адвокатско друштво.

– Вистината кога е ДПМНЕ во прашање е секогаш на обратна страна. Јас земам сопствени пари од моето адвокатско друштво. Уште како пратеник во Собранието имам склучено договор за консултантски услуги со сопственото адвокатско друштво кое ме плаќа мене. Еве го договорот во 2015 и месечниот приход кој е уредно пријавен во анкетниот лист и предаден во Антикорупцсика комисија кога станав градоначалник. За тие средства од 50.000 денари уредно плаќам данок. Ги повикувам, да се радуваат на развојот на нашиот град, на она што градот изминативе три години чекор по чекор го постигна, изјави Шилегов и покажа документи за да ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопскиот градоначалник додаде дека ВМРО-ДПМНЕ со лаги и манипиулации покажува безидејност и дека се очигледни стравот и немоќта, како што рече, да одговори на новите градски политики кои тој ги креира во изминативе три години и чии резултати се видливи и добро прифатени од граѓаните.

– Кога е таа структура во прашање, тргнуваат кон креирање лаги и манипулации, додаде Шилегов.

Киев очекува испорака на првите авиони Ф-16 во јуни или јули

Неименуван украински воен претставник денеска изјави дека првите борбени авиони Ф-16 во Украина ќе бидат испорачани во јуни или јули.

Но, тој не наведе кои земји ќе испратат авиони Ф-16.

Украина бараше борбени авиони Ф-16 од САД за да се спротивстави на руската воздушна супериорност. /МИА

ДИК: За претседателските избори досега нема приговори, за парламентарните 17 приговори

До Државната изборна комиија поднесени 17 приговори кои се однесуваат на сумирање на гласовите за парламентарните избори.

За престедателските досега нема поднесено приговори, информира за Канал 5 портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска.

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Извозот на автомобили во Кина силно порасна во април, бидејќи производителите бараа решение во странство за слабата домашна продажба, покажаа денеска податоците од Кинеската асоцијација за патнички автомобили (CPCA).

Извозот на автомобили скокна во април за 38 отсто во однос на истиот месец лани, со испорачани 417.000 возила, по речиси истиот процентуален раст во март, објави здружението. /МИА

притисни ентер