Шилегов: Градот немаше право да посади трева на плоштад, тоа го сторија анонимни граѓани - Канал 5

Шилегов: Градот немаше право да посади трева на плоштад, тоа го сторија анонимни граѓани

Просторот каде што требаше да има шпански скали и натаму ќе остане јавен простор.

Шилегов: Градот немаше право да посади трева на плоштад, тоа го сторија анонимни граѓани

Местото каде што беше планирана дваесет метарската градба, сега е уредено со зеленило и клупи.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов соопшти дека нема да дозволи на ова земјиште, кое што има приватен сопственик кој според него во 2012 година го купил од државата во нелегална постапка и за истата се води спор, да се претвори во зграда која ќе го блокира јавниот простор

-Додека јас и градоначалникот на општина Центар сме на овие функции нема да дозволиме јавниот простор да стане луда барокна градба. Скопје е единствениот град во светот каде плоштадот е продаден. Очекувам јавното обвинителство да си ја врши работата, а јас ќе ја водам оваа борба се додека оваа парцела не стане повторно јавен простор,вели Шилегов.

Градоначалникот соопшти дека е позитивен фактот што оваа парцела никогаш не била префрлена во владение на инвеститорот, па оттаму е и оптимизмот дека повторно ќе се претвори во јавен простор.

-Ова земјиште никогаш не е предадено во владение на т.н сопственици, така што бидејќи го немаат владението не можат ни да го оградат. Нека пробаат да го оградат па ќе видат што ќе ги најде, додаде Шилегов.

Шилегов додаде дека правото на сопственост не е над јавниот интерес, ниту пак над јавниот простор.

Тој очекува по судската разврска во која осомичени се 11 лица кои ја извршиле продажбата, парите да му бидат вратени на инвеститорот од државниот буџет. Дотогаш парцелата ќе остане како што е во моменталната состојба.

Градот нема право на инвестиција на овој простор бидејќи не е јавен, а Шилегов информираше дека преуредувањето е направено со помош, односно донации на совесни скопјани кои сакале да останат анонимни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски медиуми: Русија би можела да лансира нуклеарно оружје во вселената уште во декември

Западните разузнавачки служби проценуваат дека Русија планира оваа година во вселената да лансира сателит опремен со нуклеарно оружје.

Германски медиуми: Русија би можела да лансира нуклеарно оружје во вселената уште во декември

Активирањето на такво оружје во орбитата би можело да уништи или оштети голем број сателити, што би имало катастрофални последици за цивилниот живот и воените операции на Земјата, се наведува во истражувањето на германските медиуми WDR, NDR и „Зидојче цајтунг“ (Süddeutsche Zeitung), за што известува „Тагесшау“ (Tagesschau).

Можноста за нуклеарна експлозија во вселената со години се разгледува во воените и разузнавачките кругови. Уште во февруари 2023 година, САД интерно предупредија за руските планови, а американските претставници тогаш зборуваа за „сериозна закана за националната безбедност“.

Сателитот би можел да биде лансиран уште во декември. Според информациите на германските новинари, западните разузнавачки служби, вклучително и германската Федерална разузнавачка служба (BND), имаат сознанија дека Русија се подготвува да лансира сателит опремен со нуклеарно оружје.

Сателитот, наречен „Спутник-С“, наводно е завршен уште пред неколку години и се чува во пошироката област на Москва. Разузнавачките предупредувања од почетокот на ноември укажуваат дека тој би можел да биде лансиран во рок од 60 дена и набргу потоа да стане оперативен.

Вселенската команда на германската војска проценува дека лансирањето би можело да се случи уште во декември.

Германското Министерство за одбрана одби да ја коментира оваа информација, повикувајќи се на доверливост. Руската амбасада ги отфрли обвинувањата како неосновани, нарекувајќи ги дел од пропагандна кампања и нагласувајќи дека вселенските активности на Русија се од исклучиво мирољубив карактер.

Во октомври, американската Одбранбена разузнавачка агенција (DIA) објави проценка според која Русија развива сателит наменет за носење нуклеарно оружје. Поставувањето на таков сателит во орбитата би претставувало кршење на Договорот за вселената од 1967 година, со кој се забранува распоредување на нуклеарно оружје – како и друго оружје за масовно уништување – во орбитата околу Земјата. Од DIA предупредуваат дека, откако таков сателит ќе стигне во орбитата, можностите за негово запирање би биле крајно ограничени. Генерал Стивен Вајтинг, командант на Командата за вселенски операции на САД, процени дека нуклеарна експлозија би можела да доведе до откажување на приближно една третина од сателитите во ниската орбита околу Земјата, во текот на првите неколку часа или денови.

Во текот на наредните месеци, и преостанатите сателити би можеле да престанат да функционираат.

Последиците од таква експлозија нема да бидат ограничени само на вселената. Нуклеарна детонација би можела да создаде облак од отпадоци што би ги загрозил другите сателити, додека моќен електромагнетен импулс би можел да ги наруши електронските системи.

Опасностите од нуклеарни експлозии на големи височини се познати уште од 1962 година, кога Соединетите Држави – како дел од тестот „Старфиш прајм“ (Starfish Prime) – детонираа нуклеарна бомба на височина од приближно 400 километри над Тихиот Океан. Експлозијата предизвика силен блесок, ги поремети уличното осветлување и телекомуникациите на Хаваи, а оштети и неколку сателити. Денес, во орбитата околу Земјата има повеќе од десет илјади активни сателити, што значи дека последиците од слична експлозија би можеле да бидат значително посериозни.

Западните разузнавачки служби со години го следат рускиот сателит „Космос-2553“, кој беше лансиран во февруари 2022 година – непосредно пред почетокот на руската инвазија врз Украина. Русија тврди дека тој се користи за научни истражувања, но западните разузнавачки служби се сомневаат дека служел за тестирање технологија поврзана со нуклеарно оружје во вселената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Млади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска цена

Млади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска цена, а студентите добиваат картичка со 20 проценти попуст преку М-услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Млади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска цена

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки за младите продолжува активно да работи на подобро утре за секој млад човек.

ВМРО-ДПМНЕ веќе ги најави трите клучни мерки кои адресираат егзистенција и домување на младите. Тоа се конкретни проекти, подготвени да се преточат во законски решенија, со однапред јасен начин на спроведување.

Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор. За нејзино спроведување ќе се донесе закон според кој секоја градежна компанија, за да добие дозвола за градба, ќе мора да издвои најмалку 10% од станбената површина за брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20% пониска од пазарната.

Втората мерка исто така е наменета за млади до 35 години, но за оние што сакаат да градат свој дом. Секој млад брачен пар што ќе се одлучи на градба нема да плаќа комуналии на општината. И за оваа мерка исто така е предвидено законско решение.

Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе добие студентска картичка со низа поволности и 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. За да се спроведе истата ќе соработуваат сите надлежни институции, со цел студентите да добијат не само усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, туку поволности и за други услуги.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за на младите да им овозможи квалитетно образование, услови за професионална кариера, шанси за сопствен бизнис, создавање семејство и достоинствен живот во земјава.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

За влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност.

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.

Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло?

Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва.

До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста?

Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО.

Дали е ова така?

СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките.

СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си.

За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите.

Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно.

Скопје, 24.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер