2Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател
3Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка
ЖивотШикоска: Предолгата изложеност на екраните доведува до влошување на говорот кај децата Љубовта кон децата и желбата еден ден да работи со нив, биле главен мотив за Зорица Шикоска, при изборот на факултет, работата да и биде директно поврзана со деца и одлучила да стане логопед. Речиси 20 години таа е успешна во својата професија, посветувајќи им се целосно на најмладите. По завршувањето на студиите, тетка Зоре, како што ја викаат дечињата, првиот ангажман за тогаш дефицитарната професија го имала во Општата болница во Охрид, од каде по неколку години, продолжува да работи со дечињата во детската градинка „Јасна Ристеска“. Таму веќе 11 години ниже успеси во правилно изговорени гласови и поврзување реченици, и е омилен лик кај дечињата. Работата со деца за неа е прекрасно нешто. Нема проблеми во однос на адаптацијата бидејќи пред се работи со дечиња, кои посетуваат градинка, имаат комуникација со воспитувачките и брзо се прилагодуваат. - Среќата и радоста во детските очи ми е мотивација за мојата понатамошна успешна работа и професионален ангажман, вели Шикоска. Состојбата со говорот кај најмладите, забележа таа, од година во година е се полоша, а причината ја гледа во екранизацијата. Токму затоа, препорачува насочено и ограничено седење пред компјутер, телевизор или со телефон во раце. - Како што минува времето состојбата со говорот кај дечињата е многу хаотична. Првично, децата немаат доволно развиен говор или им е нарушен говорот, затоа што ги користат телефоните. Да тоа е точно, екраните си го прават своето, но родителите се тие, кои имаат најголема улога во развојот на говорниот апарат кај дечињата, затоа што немаат комуникација со нив. Ние како родители се враќаме од работа дома и најлесно ни е, еве го телефонот гледајте. Ја немаме таа комуникација со децата да ги прашаме првично како сте, дали сакате нешто, ајде заедно да поиграме. Ги истураме коцките во собата и викаме ајде играј си сега. Секоја игра треба да биде насочена со дечињата, на тој начин можеме да го поттикнеме говорниот развој кај децата, смета Шикоска. Екраните, телевизорот и телефоните смета дека влијаат многу негативно врз когнитивниот, емоцијалниот и социјалниот развој на детето. - Од тоа последователно се јавува промена во расположение кај детето, депресија, претеран бес, слаба контрола на однесување, проблеми со спиење, недостиг на концентрација, кратко внимание. Покасно сето тоа влијае до слаб когнитивен развој, односно бавно размислување, бавно помнење, слаб развој на фантазија и самостојни игри, бавен јазично - говорен развој, лошо јазично изразување, оскуден или сиромашен речник. И покасно веќе во училиште проблеми со помнење, слаба концентрација, кратковидост, тешкотии со спиење, недостаток на телесни активности...., посочува логопедот. Според неа, користењето телефони и комјпутери и гледањето телевизија треба да е умерено, односно ограничено и насочено. - Точно е дека телефоните помагаат, но само ако ги гледаме и слушаме цртаните на македонски јазик. Кај нас дечињата паралелно го учат македонскиот и англискиот јазик. Да, некои дечиња ја имаат таа способност да ја направат паралелата дека боите можат да ги кажат и на македонски и на англиски јазик, но многу често 90 отсто од децата првично го учат англискиот јазик, тоа е така зошто него го слушаат. Нивното внимание е насочено кон телефоните, кон цртаните филмови и игрите што ги играат, а тоа им е приложено на англиски јазик, истакнува Шикоска. Како стручно лице советува децата никако да не се хранат со телефон во раце, туку да се оставаат сами да јадат. - Детето треба да се научи правилно да ја држи лажицата. Очекуваме дека ќе почне во училиште и ќе му дадеме моливче во рака и бараме да направи права линија. Како ќе ја направи таа права линија кога не знае да ја држи лажицата, децидна е Зоре. Децата немаат основна комуникација. Децата до шест години, со кои и работи Зорица, до пред некое време најчесто се соочувале со нарушување на гласови, правилен изговор на буквите „р“, „л“, или замена на гласот „с“ со „ш“, „з“ со „ж“. Во последно време нагласува дека нема развиен говор кај дечињата. - До три ипол, па и четири годишна возраст децата немаат реченица. Немаат основна комуникација, многу е оскудно усното изразување, а камо ли да раскажат приказна. Тоа е поврзано со работата дома. Уште додека бебето е во утробата кај мајката, ние треба да му зборуваме. Кога ќе се роди ќе речеме, ах ништо не разбира, но тоа се не разбира. Не следи со поглед, ги врти очињата ако некој му зборува, па тогаш да му зборуваме постојано, истакнува Шикоска. Доколку до третата година детето нема развиен говор, потребно е да се побара стручна помош односно да почне со работа со логопед. - Доколку детето целосно го разбира говорот, кога мајката му кажува да донесе одреден предмет или да изврши одредена задача, односно кога родителите се свесни дека детето комплетно го разбира говорот тогаш велиме ајде да не се грижиме ќе се пушти говорот. Меѓутоа кога детето не ве следи со поглед, не се врти на своето име кога му се обраќаме, тогаш одма на третата година треба да се почне со работа со логопед, смета Шикоска. Иако смета дека дечињата треба да се следат уште од најрана возраст, сепак поради бројот на деца со кои работи во градинката, го следи говорот на дечиња од три до шест години. - Провоцираме пасивен речник. Знаеме дека детето го разбира говорот, но треба да го активираме тој пасивен речник, да го збогатуваме речникот додека работиме, ги корегираме сите гласови и замената на гласовите. Работиме на комплетирање реченица, на усно изразување. Тоа ми е многу важно. Подобро на шест години да не кажува правилно некоја буква, но да може да ја раскаже приказната, да може детето да праша да се заинтересира за нешто, а не само да чекаме и да повториме, посочува Шикоска. Во секојдневната работа Зоре најчесто користи сонди, шпатули или прстето на детето со вежби пред огледало. Надгледен материјал во градинката добиле последната година, додека претходно сите работни материјали ги изработувале рачно. - Додека работев со дефектологот Ирина, која сега е директор, многу ми помагаше. Црта многу убаво и додека јас корегирав со детето било кој глас или читав приказна, таа веќе го имаше направено тоа преку цртеж. Сите тие цртежи ги чувам, ги копирам и имаме готов надгледен материјал, кој потоа го сечеме, боиме, лепиме и часот ние забавен. Преку сето тоа се постигнал резултатот кој јас го сакам. Секогаш наоѓам нешто да ги мотивирам дечињата за тие да се трудат да ја постигнат целта, истакнува логопедот во охридската градинка, вели таа. Групните третмани смета дека даваат подобри резултати за разлика од индивидуалните, каде децата се натпреваруваат меѓу себе кој подобро ќе каже, кој ќе биде прв, па ќе добие поголема петка.... - Индивидуално е. Многу зависи од поставеноста на јазичето и забите во устата. Ако јазичето ни е пасивно, спуштено е долу многу подолго треба да правиме вежби да го кренеме да добиеме вибрација. Ако јазичето е доволно раздвижено низ устата, тогаш е многу полесно, рече Шикоска. Секој ден подготвува надгледен материјал и план за работа, тоа и претставува задоволство, но исполнетоста е комплетна со одличната соработка со дечињата. - Кога ќе ги земам кај мене дечињата прво се претставувам која сум јас. Кажувам која е мојата професија. Секогаш им го поставувам прашањето дали знаат што е логопед и добивам одговори дека логопед е доктор за нозе или мотор, точак.... И оттука почнуваме, сега јас ќе ви објаснам што работам. Јас веќе ве истестирав видов дека некоја буквичка не ја кажувате правилно, ги прашувам дали знаат која е таа. Дечињата од големите групи се веќе големи и немам никаков проблем за соработка. Со помалите дечиња можеби првиот или вториот пат ќе земам и другарче од групата со кое се дружат па така низ игра и надгледен материјал и нив им е интересно, раскажува Зорица за начинот на кој го привлекува вниманието кај најмалите. Соработката со родителите и очекувањата различни Соработката со родителите ја подели во две групи, едните премногу се вложуваат и очекуваат резултати, додека другите очекуваат логопедот да го реши проблемот веднаш. - Едни родители после секој час бараат објаснување што сработиле и што тие дома да работат. Додека другите пак, го носат детето кај мене, ако има проблем со концентрација со внимание не се врти на своето име не ве следи со поглед очекуваат дека кога ќе го земат логопедот со магичното стапче средил. Не прво треба да оди на дефектолог, на психолог и кога тие ќе проценат дека детето е спремно за работа со логопед тогаш веќе настапувам јас, посочи Шикоска. Кога ќе ги земаат децата од третман родителите најчесто прашувале како поминале, дали биле умни, а поретки биле оние што прашуваат како напредува. - Имам и родители на кои кога ќе им ја покажам сондата што ја користам за корекција на глас „ш“ на пример и следниот ден доаѓа и покажува дека успеал да направи таква сонда и ја користат дома, но тие се многу ретки, вели Зорица пренесувајќи искуства од односот со родителите. Смета дека сите родители не се запознаени со работата на логопедот, ниту пак се информирани за придобивките од работата на нивните деца со стручните служби. - Ретко родителите доаѓаат да ме побараат, освен на оние деца кои јас ќе ги побарам. Да речат еве видете го моето дете, јас мислам дека нема да има проблем ама вие видете го. Правам редовно опсервации најчесто во големите групи, ги тестирам дечињата, а потоа барам од восиптувачките да рецитираат стихотворби или некоја драматизација. Затоа што јас можам да прашам за некој збор, но нема да добијам комплетна реченица, а тоа е проблем да се искомплетира реченицата, рече Шикоска. Но, како што нагласува, секој мал чекор во напредокот на детето е голем чекор за неговиот развој, а огромен за неа и за родителите, што е и дополнителен мотив за понатамошна успешна работа./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВтор круг од предвремените избори за градоначалник во БрвеницаВо општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг. До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски. Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК? Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНиска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите. Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка. -Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски. Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг. -Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов. Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУдовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банкаСлучајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците. Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Поранешната српска гувернерка Кори Удовички споменувајќи ги трансферите во Македонија, оценува дека Народната банка на Србија можела да го ограничи меѓународниот платен промет без да се создава паника и да се прекинува работата на банката. Според неа е клучно зошто никој не водел контрола и не презел навремени мерки за спречување на одливи. Сепак оценува дека нема простор за загриженост во поширокиот финансиски систем. -Ние како центар за економски анализи укажавме во септември кога Европската комисија дојде на еден вид ревизија, им кажавме: ова и ова не е јасно.. Значи самите луѓе од Народна банка уште подобро до нас знаеа дека тука има, ако ништо друго, ризици. / Тука има можеби сомнителен или каков и да е капитал кој ќе сака да бега, нивна задача беше веднаш да го зголемат надзорот,- Кори Удовички – поранешна гувернерка на Србија. И покрај случувањата во српската Алта, од македонската Алта Банка АД Битола тврдат дека нејзините клиенти не се засегнати. Уверуваат дека се ликвидни и работат без проблеми, а од Народната банка на Македонија потенцираа дека се работи за одделни правни лица, но ја следат состојбата и постапуваат по закон. Инаку во соседна Србија за точно една недела се случија неколку настани кои се поврзуваат со промената на власта.. Ликвидацијата на Алта Банка, смената на бројни раководни лица во јавниот сервис, а вчера и апсењето на шефот на криминалистичката полиција Марко Кричак. Тој се сомничи за фалсификување докази и притисок врз сведоци и обвинети за убиството на мафијашот Баја, а по истата пријава приведен е и началник на Службата за сузбивање на криминалот во Србија. Името на Кричак се поврзува и со полициска репресија врз протестите на студентското движење кое се формираше по несреќата во Нови Сад. Денеска навршуваат точно две години откако се урна настрешницата на железничката станица каде загинаа 16 лица. По тој повод се одржа комеморација на местото на настанот со 16 минутен молк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook