ЕвропаШикорски: Полска нема да им даде на САД бази за напади врз Иран, ниту ќе испрати војници- Полските и американските интереси се слични, во голема мера се преклопуваат, но не се исти, посочи Шикорски во интервју за полскиот весник „Жечпосполита“.Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Шикорски денеска изјави дека полските војници нема да бидат вклучени во нападите на САД и Израел врз Иран, а базата на американскиот противракетен штит во Реџиково, во северниот дел на земјата ќе може да се користи само за пресретнување на балистички ракети доколку Иран ги лансира директно кон САД или Европа. - Полските и американските интереси се слични, во голема мера се преклопуваат, но не се исти, посочи Шикорски во интервју за полскиот весник „Жечпосполита“. Тој истакна дека според потпишаните договори базата во Реџиков треба да открива и уништува ракети што би претставувале закана за Европа и САД. - Иран нема да испраќа такви ракети. Базата во Реџиково е градена со години во случај на хипотетичка закана што не се остварила. И фала му на Бога, посочи Шикорски. Тој додаде дека и претседателот на Полска, Карол Навроцки, како врховен командант на вооружените сили изјави дека нема да дозволи полската армија да се приклучи во војната против Иран. - И владата и претседателот изразуваат политичка солидарност со нашиот најважен сојузник, но и со сојузниците и пријателите во Турција, Кипар и регионот на Персиски Залив. Полска отсекогаш се залагала за безбедноста на Израел во рамките на неговите меѓународно признати граници, наведе Шикорски. Тој потенцира дека Полска мора да се фокусира на она што се случува на границата односно војната во Украина. - Агресивната Русија, охрабрена од својата империјалистичка државна идеологија, испраќа беспилотни летала во полскиот воздушен простор, истакна Шикорски. Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријаПолицијата попладнево почна да приведува луѓе во врска со пораките што ги вознемирија скопјани за наводна загаденост на водата, дознава Канал 5.Шестмина се приведени попладнево во полициските станици низ Скопје на информативен разговор во врска со пораките кои се ширеа од синоќа со тврдење дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5. Според инфромаците, двајца од нив се во полициската станица во Кисела Вода, а останатите во другите станици низ главниот град, а сите се повикани по претходна пријава од градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој на прес конференција оцени дека станува збор за оркестрирано ширење дезинформации и паника, за што очекува да има и одговорност.Тагови: приведени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела државаСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Во текот на вчерашниот ден (11.08.2026) во периодот од 16:00 до 21:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на територија на СВР Битола... За време на контролата санкционирани се и 224 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ТехнологијаЈужна Кореја планира слетување на Месечината до 2030 годинаЈужна Кореја се подготвува за голем технолошки скок, планира слетување на Месечината до 2030 годинаЈужна Кореја денес претстави амбициозна технолошка стратегија заснована на седум клучни проекти, кои опфаќаат области од нуклеарна енергија и квантно пресметување до истражување на вселената и биотехнологија. Преку оваа иницијатива, земјата има за цел да обезбеди нови извори на економски раст што ги надминуваат полупроводниците и вештачката интелигенција, пренесува Ројтерс. Иницијативата, наречена „Seven Major SEED“, беше објавена на состанок во „Сината куќа“ (претседателската резиденција), предводен од претседателот Ли Џае-мјунг. Планот опфаќа неколку главни цели: комерцијална употреба на домашно произведени мали модуларни реактори до 2035 година, слетување на Месечината до 2030 година, развој на домашен квантен компјутер со капацитет од 100 кјубити до 2029 година и комерцијализација на технологијата за интерфејс мозок-компјутер до 2035 година. Министерот за наука Бае Кјунг-хун објасни дека седумте проекти опфаќаат мали модуларни реактори, енергија од фузија, обновливи извори на енергија од следната генерација, квантна технологија, вселенскиот и воздухопловниот сектор, напредна биотехнологија, како и синџири на снабдување со клучни минерали и материјали. Новите технологии како стратешки приоритет Стратегијата беше претставена во време кога Јужна Кореја се подготвува за побавен долгорочен економски раст и засилена глобална конкуренција во развојот на нови технологии. Владите ширум светот сè повеќе ги сметаат овие технологии за клучни, не само за економската конкурентност, туку и за националната безбедност. „Ќе помогнеме во развојот на овие проекти и во изградбата на Јужна Кореја со која никој нема да може да се натпреварува за десет или дваесет години“, изјави министерот за наука Бае Кјунг-хун.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter