Шифрин го изедначи големиот рекорд на Ингемар Стенмарк - Канал 5

Шифрин го изедначи големиот рекорд на Ингемар Стенмарк

Американската скијачка Микаела Шифрин стигна до својата 86-та победа во Светскиот куп со победата во велеслалом во Аре, израмнувајќи го рекордот со легендарниот шведски скијач Ингемар Стенмарк.

Шифрин го изедначи големиот рекорд на Ингемар Стенмарк

Во текот на кариерата Стенмарк постигна 40 победи во слалом и 46 во велеслалом. На Олимписките игри освои два златни и еден сребрен медал, а има и седум медали од светските првенства, од кои пет златни.

Од друга страна, Шифрин, која во понеделник ќе наполни 28 години, постигна 52 победи во слалом, 20 во велеслалом, пет во супервелеслалом, три во спуст, има две победи во паралелен слалом, три во паралелни градски трки и една во алпска комбинација. Има и две злата и едно сребро од Олимписките игри и 14 медали од светските првенства, од кои седум злата.

Шифрин може да го надмине рекордот на Стенмарк утре, кога е слаломот во Аре. По Аре следува финалето на Светскиот куп во Солде, Андора, каде се закажани спуст (15.3.), супер-г (16.3.), слалом (18.3.) и велеслалом (19.3.).

Американката Линдзи Вон со 82 победи е на третото место на листата на машки и женски скијачи со најмногу победи, а по неа се Австријките Марсел Хиршер (67) и Анемари Мозер-Прел (62).

ПОБЕДИ НА СП:

86 - Микаела Шифрин (САД), Ингемар Стенмарк (Шведска)

82 - Линдзи Вон (САД)

67 - Марсел Хиршер (Аус)

62 - Анемари Мозер-Прел (Аус)

55 - Врени Шнајдер (Шви)

54 - Херман Маер (Аус)

50 - Алберто Томба (Ита)...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Сараево ноќеска никој не спиеше по победата на Светското првенство (ВИДЕО)

Победата на Босна и Херцеговина против Катар предизвика голема прослава во Сараево, каде што илјадници навивачи се собраа на плоштадите, улиците и фан-зоните за заедно да го гледаат натпреварот од Светското првенство.

Во Сараево ноќеска никој не спиеше по победата на Светското првенство (ВИДЕО)

Ерупција од воодушевување следеше по последниот свиреж на судијата. Навивачите пееја, се прегрнуваа и славеа со факели, знамиња и песни, а центарот на градот на моменти изгледаше како голема навивачка сцена.

YouTube video

Меѓу собраните имаше навивачи од сите генерации - од најмладите кои го следеа натпреварот во дресови на националниот тим до постарите фудбалски навивачи кои живееја заедно секој момент од натпреварот.

YouTube video

Особено емотивни сцени беа забележани по победата, кога навивачите се прегрнуваа и се фотографираа за да го овековечат моментот.

Што е следно за Босна и Херцеговина?

Со победата против Катар, Босна и Херцеговина го заврши својот настап во Групата Б со четири бода. По нерешено против Канада, пораз против Швајцарија и победа над Катар, БиХ го освои третото место во групата и се приближи до пласман во нокаут фазата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството

Столевска уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите.

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството

Медицинската сестра, Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во видео обраќање, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите.

-Како медицинска сестра-анестетичар и дел од тимот за трансплантација на органи најпрво би сакала да изразам огромна благодарност кон семејствата на пациентите коишто се наоѓаат во многу тежок момент за донесување одлука за дарување орган. Во тој момент се наоѓаат во многу тешка ситуација, а истовремено придонесуваат да се продолжи нечиј друг живот. Сакам да упатам апел кон целата популација во нашата држава за што почесто дарување на органите, затоа што сите сме потенцијални пациенти, потенцијални донори и никогаш не знаеме што би било во иднина, истакнува Столевска

Министерот за здравство, Азир Алиу посочува дека со ова видео ја продолжуваме кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, за да ја зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема.

-Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и една длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите, затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација, порачува министерот Алиу.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 32 загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела (ВИДЕО)

Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 беа повредени во два земјотреса, со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, кои ја погодија Венецуела утрово по средноевропско време.

Најмалку 32 загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела (ВИДЕО)

Се очекува бројот на жртви значително да се зголеми, а многумина се водат како исчезнати.

Земјотресите го погодија северниот дел на Венецуела, западно од Каракас.

Вршната претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба откако два земјотреси и последователни потреси ја погодија земјата, соборувајќи згради во главниот град Каракас и на други места, и им изрази сочувство на семејствата на загинатите во обраќање на државната телевизија.

„Десетици згради се урнаа и во моментов спроведуваме многу интензивни спасувачки напори за да спасиме што е можно повеќе животи. Исто така, сакам да кажам дека ова е вистинска трагедија. Оттука испраќаме порака за солидарност и повторно изразуваме сочувство и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во овие тешки часови“, рече Родригез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер