Шевролет Корвета станува СУВ (ВИДЕО) - Канал 5

Шевролет Корвета станува СУВ (ВИДЕО)

По Mustang, уште еден спортист го носи SUV костумот.

Шевролет Корвета станува СУВ (ВИДЕО)

Теренецот со името Corvette за многумина е свето име, но за многумина може да биде мамка да се одлучат за Шевролет, а притоа и електричен. И сето тоа би можело да го видиме многу брзо, можеби веќе во 2024 година, кога ќе се појави како модел од 2025 година.

Шевролет долго се двоумеше, но веројатно успехот на Форд со Mustang и неговиот електричен кросовер Mach-e ја донесе одлуката. Притоа, Шевролет не ја повторува грешката од минатото и не се спротивставува на побезопасниот модел, исто така со истата почетна буква, туку го избира најсилното оружје.

А тоа е секако култното име Corvette, кое наскоро ќе стане подбренд на Chevrolet, а притоа и спортски ориентиран. Под хаубата на новото старо име, Chevrolet ќе лансира елегантно купе со четири врати, како и кросовер модел. Нема сомнеж дека Chevrolet решиле да направат драстичен исчекор, но и нешто што, без многу помпа, Porsche го имаше направено многу порано на најдобар можен начин на пазарот.

Кога станува збор за теренецот Corvette, се претпоставува подеднакво агресивен дизајн, па многумина веќе визуелно го споредуваат со Urus на Lamborghini. Она што е апсолутно сигурно е електричниот погон, со технологија од 800 волти. Веќе, Ultium технологијата на GM нуди моќност за полнење до 350 kW, а дотогаш ова може малку да се зголеми.

Сепак, SUV моделот нема да биде првата електрифицирана Corvette. Corvette C8 е во функција, а ќе се нуди во хибридна верзија со наводни 1.000 КС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема

Арамијата Мицкоски го доведе македонското земјоделство до колапс.

СДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп нема

Родот стои по нивите и скапува. Откуп нема, а и тоа малку што се откупува се плаќа по понижувачки цени кои не ги покриваат ниту основните производствени трошоци.

Вака никогаш не било. Никогаш никој не ја задолжил земјата толку многу, никогаш немало помал откуп.

Ова е последица на криминални, арамиски политики на Мицкоски во изминатите две години.

Ги укинаа добрите мерки воведени од владите на СДСМ и ја намалија поддршката за земјоделството за околу 40 милиони евра.

Субвенциите се намалени или неисплатени. Укината е вонсезонската исплата, зголемен е прагот на површини како услов за добивање субвенции, а картичките за зелена нафта доцнат.

Пред изборите на тутунарите им ветуваа субвенција од 160 денари за килограм. Денеска не добиваат ниту 100 денари, туку само 70 или 80 денари.

За пиперката „ајварка“ најавуваа договорен откуп, но откуп нема. Тоа што се презема се плаќа по мизерни цени за килограм.

Истата катастрофална состојба е и со грозјето. Нема сигурен откуп, ниту цена што овозможува исплатливо производство.

Цената за откуп на млекото е намалена од 33 на 23 денари. Сточарите и млекопроизводителите се оставени без поддршка и без перспектива.

Дополнително, ЕУ ги замрзна средствата од ИПАРД поради сомнежи за злоупотреба на европските фондови од страна на оваа власт.

Со криминалот и неспособноста на власта, директно се казнети чесните земјоделци.

Истовремено, трошоците секојдневно растат.

Дизелот достигна цена од 104,5 денари за литар, што дополнително ги зголемува трошоците за обработка, транспорт и производство.

Државната статистика регистрира зголемување на трошоците за земјоделско производство од 6,8 проценти за една година.

Наспроти тоа, откупните цени на земјоделските производи се намалени за 2,2 проценти. Кај овошјето и грозјето падот изнесува 7,2 проценти, кај зеленчукот 6,4 проценти, а кај производите од животинско потекло 7,7 проценти.

Нивите поскапуваат, откупот поевтинува, а храната во продавниците станува сè поскапа.

Вака навистина никогаш не било.

Уште сакаат земјата и водата да им ја земат на земјоделците за дата центри.

Тоа е резултатот од политиките на арамијата Мицкоски: уништено домашно производство, осиромашени земјоделци.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања во работна посета на Брисел

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков е во работна посета на Брисел.

Заменик-министерката за европски прашања во работна посета на Брисел

Таа ќе биде учесник на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде ќе се разговара за напредокот на полето на владеење на правото во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

ЗМЕП Трајков ќе ја истакне посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер