ЗабаваШетаат на модна писта и заработуваат милиони: Тие се најплатените манекенки на „Викторија Сикрет“ (фото)Благодарејќи на беспрекорната убавина, витката става и талентот за модната сцена, овие манекенки за само едно појавување заработуваат и по неколку милиони.Секоја година се одржува голема ревија на „Викторија Сикрет“, соработката со овој бренд за многу девојки претставува привилегија. Освен облекувањето во најлуксузните креации за долна облека, најубавите манекенки на светот имаат прилика да прошетаат и со ангелски крила, детаљ кој ги импресионира гледачите ширум светот. И додека патуваат по најегзотичните дестинации за да го промовираат брендот, овие дами воедно заработуваат милиони, па така на листата на Форбс, минатата година, дури девет манекенки на овој бренд се најдоа на листата на 20-те најплатени модели. Така Форбс направи селекција на најплатени Ангели на Викторија Сикрет, а комплетниот список ви го откриваме во продолжение. 1. Адријана Лима -10.5 милиони долари Раскошната Бразилка Адријана Лима е манекенка која најдолго соработува со овој луксузен бренд. Тие за тоа добро ја наградиле и е најплатена манекенка на „Викторија Сикрет“ за 2016 година. На првата нивна ревија се појавила 1999 година, а убавата триесет и петгодишна Бразилка минатата година заработила неверојатни 10.5 милиони долари. 2. Кендал Џенер – 10 милиони долари Дваесетгодишната Кендал Џенер се наоѓа на третото место на најплатени модели во светот. Според листата на Форбс, таа е втора манекенка која за своите ревии најмногу ја плаќа брендот „Викторија Сикрет“. 3.Џиџи Хадид – 9 милиони долари Веднаш зад Кендал, се наоѓа Џиџи Хадид. Згодната русокоса за познатиот бренд за прв пат беше ангажирана во 2015 година, а кога ги исполни сите нивни очекувања, таа за минатогодишното претставување на креациите доби 9 милиони долари. 4. Лу Вен – 7 милиони долари На четвртата позиција на најплатени модели на „Викторија Сикрет“ се наоѓа преубавата Кинеска Лу Вен, а за улогата на ангел на ревијата доби 7 милиони долари. Дваесет и осумгодишната Лу е воедно и првата Азијатка која ги носи креациите на овој бренд. 5.Алесандра Амброзио-5 милиони долари Алесандра Амброзио за прв пат со овој бренд соработуваше во 2004 година, кога се појави на нивната голема ревија. Преубавата триесет и шестгодишна Бразилка се смета за една од ветеранките на ревиите, и е едно од напрепознатливите лица на ангелите. Нејзината заработка е 5 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени..Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛибија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?Зеленски на листата на терористи? Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“. Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи. Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили. Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија. „Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони. Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00