Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години
2Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години
ЗабаваШестпати се фотографирала за насловна на „Вог“, денес има 42 години и сè уште изгледа доброСветот на модата е полн со убави, негувани и згодни жени кои доаѓаат од сите краишта на нашата планета. Една од нив е и Маја Латиновиќ која со својата необична убавина ги воодушеви планетарно популарните креатори.Оваа српска, светски позната манекенка е родена во 1980 година во Банатско Велико Село кај Кикинда. Како мала тренирала кошарка. Нејзината мајка била домаќинка, а татко ѝ сопственик на бензинска пумпа. Таа има три сестри, од кои можеби една е заслужна за големиот успех на српската манекенка. Имено, една од нејзините сестри ја пријавила на локалниот избор за модели кога Маја имала 16 години. Ова, се чини, била отскочна даска за нејзиниот понатамошен успех во светот на манекенството, бидејќи токму на тој избор еден италијански скаут ѝ понудил да отпатува во Милано, градот на модата, таа прифатила и започнала успешна кариера. Веќе на 19 години стигна до престижната модна агенција „Woman“, по што соработуваше со бројни талентирани фотографи, како Марио Тестини. Набргу потоа Маја стана заштитно лице на брендот Роберто Кавали. Таа имаше можност да носи креации на големи имиња од светот на модата како: Версаче, Долче и Габана, Дона Карен, Каролина Херера, Ралф Лорен и многу други. Покрај бројните ревии, таа беше и на насловните страници на големите модни списанија, дури шестпати се најде на насловната на „Вог“, а позираше и гола за насловна на GQ. Во 2003 г. оваа српска манекенка се појави и во спот за песната „Change Chlotes“ на американскиот рапер Џеј Зи. View this post on Instagram A post shared by Maja (@majalatinovic1) Маја денес е среќно мажена и има син. Иако природата на нејзината работа била таква што менувала неколку локации како Њујорк, Милано, Бугарија, таа сега живее помирен живот, не толку блиску до очите на јавноста и медиумските камери. Исто така, Маја не ги заборавила своите корени, па пред неколку години помогнала да се изгради црква во нејзиното село, а во таа прилика за „Блиц“ изјави дека уште како мала прашувала зошто немаат црква во селото. - Дури и сонував за тоа како девојче. Сонував дека градам и градам нешто, но никогаш не знаев што градам во сонот. Кога мајка ми ми кажа дека е одлучено да се изгради црква во селото, веднаш реков дека ќе помогнам - изјави Маја за „Блиц“ по тој повод.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелацијаНа брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација.-Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација за Стоилковиќ, штом почне Собранието со работа, во септември, рече Филипче. Тој посочи дека однесувањето на Стоилковиќ е недозволиво и дека во демократски институции нема место за насилство и закани. -Собранието воопшто не се почитува, ниту пак ја врши функцијата така како што треба, рече Филипче. Најавиме и ќе ја поднесеме и интрепелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш кога ќе почне со работа Собранието. СДСМ ќе продолжи со сите демократски и парламентарни механизми за заштита на достоинството на Собранието и за обезбедување одговорност од носителите на јавни функции. Филипче: Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им беше оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања -Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на опозицијата, сведочевме на оркестрирана блокада со маневри со кои беше потрошено времето предвидено за пратенички прашања. Изрежира таму Весна Бендевска проблем. Една пауза па уште една пауза. Очигледно е дека немаат одговори на прашањата што ги поставуваме., рече Филипче. Факт беше дека деловникот е прекршен, пратеничка не добила одговор во рок од 20 дена, одлучи да ја блокира говорницата за да добие одговор и таа го доби одговорот. Нејзиното барање звучи логично, ги искористи мхенизмите. После тоа пратеничката доби одговор, и стигна писмен одговор, па потоа презема Весна Бендевска која изрежира проблем, додаде Филипче. Тој посочи дека ова е само уште еден показател за континуираното непочитување на Собранието и неговата уставна улога. -Собранието одамна не ја извршува својата функција како што треба. Законите се носат по скратена постапка, се прекршува Деловникот, а сега се злоупотребуваат и процедуралните механизми за да се избегне парламентарната контрола на Владата. Пратеничките прашања се сериозен демократски инструмент и никој нема право да го обезвреднува нивното значење. Филипче нагласи дека најголема штета од ваквото однесување не трпи опозицијата, туку граѓаните, кои остануваат без одговори на прашањата што нивните избрани претставници ги поставуваат во Собранието. -Ние бевме подготвени. Имавме четворица пратеници, подготвени материјали, аргументи и прашања. Но, наместо одговори, власта избра да избега од дебатата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПотврдени се 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојбаПотврдени се вкупно 13 случаи на западнонилска треска во земјава, од кои 10 пациенти се хоспитализирани, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, информираат денеска од Министерството за здравство.„Заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи со западнонилска треска. На универзитетската клиника за инфективни болести се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба“, се вели во соопштението од министерството. Поради актуелната епидемиолошка состојба и по стручна процена на ризикот, задолжен е центарот за јавно здравје-скопје да спроведе дополнителна терестична адултицидна дезинсекција во населбата драчево... Вонредниот третман е спроведен во текот на ноќта, како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата.Тагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со годиниВенко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал.Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени? Почитувани медиуми, еве неколку примери: 2021-та година, ова се неколку испитувања, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Ова се документи кои стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, вие граѓаните тоа не сте го знаеле и никој не ве известил. Одиме понатаму, Социјалдемократскиот сојуз говорат за Крушево. Исто од Јавната здравствена установа, Центар за јавно здравје Прилеп, 2019-та година. Станува збор за повеќе испитувања, наоди во коишто се вели дека мострите кои се земени не биле исправни, односно водата не била за користење, односно не била за пиење. И тоа се неколку повеќе вакви документи кои се дел од 2019-та, некои 2018-та, сето ова време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт. Одиме понатаму. Токму во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел. Почитувани граѓани, Наместо денес да дели лекции и да шири политички обвинувања, Филипче најпрво треба да им даде одговор на граѓаните зошто не постапувал по пријавите на институциите додека тој бил на чело на Министерството за здравство. Очекуваме надлежните органи целосно да го расчистат случајот и да утврдат дали имало пропусти и очекуваме одговорност. Граѓаните ја заслужуваат вистината, а не селективна загриженост која се појавува само кога Филипче е во опозиција. Линк од видео материјал: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook