Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал од 7 до 9 мај во МКЦ - Канал 5

Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал од 7 до 9 мај во МКЦ

Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во „Буква“. На настаните ќе се претстават безмалку стотина поети од земјава и од странство.

Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал од 7 до 9 мај во МКЦ

Ќе имаме гости од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија и од Црна Гора.

-Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда...). Со ова мото сакаме да ја одбележиме 100-годишнината од раѓањето на Ален Гинзберг и да покажеме колку неговата поезија е податлива за толкување и на денешните состојби во светот. Автор на постерот е Андреј Павлов, наведуваат организаторите.

Официјалното отворање е закажано за 7 мај во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, на кое ќе настапат деветмина поети и поетеси, меѓу кои и младата поетеса Деспина Сиљаноска што беше одбрана за најдобра од дванаесетмината што настпија на „Отскочна даска #5“ ‒ преднастан на фестивалот наменет за млади поети, а по ова прво интернационално поетско читање ќе следува поетско-музички перформанс на Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора.

Следниот ден програмата ќе продолжи во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, каде што ќе се одржи „Поетот е присутен“, настан од затворен карактер, на кој дел од поетите учесници на фестивалот ќе читаат за малубројна публика што претходно ќе биде избрана по повик; потоа ќе следува и настанот „Диптих #6“ на кој ќе бидат претставени две изданија на „ПНВ Публикации“, избор песни од авторките Гонџа Озмен од Турција и Кристина Шпиранец од Хрватска, а потоа ќе следува уште едно интернационално поетско читање на кое ќе настапат десетмина поети и поетеси.

На последниот ден на фестивалот, 9 мај, настаните ќе се одржат во „Буква“. Публиката ќе има можност да проследи уште две промоции на книги, едната е избор песни од поетесите Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора во издание на „Култура Бета“, а другата е стихозбирката „Тускулум“ од Денис Шкофич од Словенија, издание на „ПНВ Публикации“. По промоциите ќе следува интернационалното поетско читање „THE VERSE CITY/DIVERSITY (Диверсити)“ на кое ќе настапат петнаесетмина поети и поетеси. По ова читање ќе следува и забава за крај на фестивалот.

Но пред сите овие збиднувања, како еден од преднастаните на фестивалот, на 7 мај, од 18:00 часот во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на поетската панорама што по повод минијубилејот ‒ 5 години „Отскочна даска“, ја подготви „ПНВ Публикации“ и во која ќе бидат застапени песните на сите шеесет и шест досегашни учесници на овој настан наменет за млади. Книгата ќе биде промовирана со читање на сите млади автори застапени во панорамата.

Годинешното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и туризам, Традуки и Град Скопје, а меѓу неговите помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, „Буквa“, „ПНВ Публикации“, „Култура Бета“, наведуваат од СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија ги исполни условите на Брисел: Ќе добие 4,2 милијарди евра

Европската комисија одобри исплата на 4,2 милијарди евра од кохезионите фондови за Унгарија и го врати нејзиното учество во програмите „Еразмус+“ и „Хоризонт Европа“. 

Унгарија ги исполни условите на Брисел: Ќе добие 4,2 милијарди евра

Оваа одлука уследи по спроведувањето реформи од страна на владата на премиерот Петер Маѓар – реформи што Брисел ги оцени како доволни за исполнување на барањата поврзани со владеењето на правото, пренесува „Еуроњуз“.

Брисел ги замрзна овие средства во 2022 година поради загриженост во врска со корупцијата и системот за јавни набавки за време на мандатот на поранешниот премиер Виктор Орбан. Денешната одлука го отвора патот Унгарија повторно да се вклучи во програмата за размена на студенти „Еразмус+“ и во иницијативата за финансирање истражувања „Хоризонт Европа“.

Во 2022 година, Европската унија суспендираше 4,2 милијарди евра од кохезионите фондови за Унгарија врз основа на механизмот за условеност. Причините наведени во тоа време вклучуваа недостатоци во системот за борба против корупцијата, судир на интереси и неправилности во јавните набавки.

Премиерот Петер Маѓар, кој ја презеде функцијата во април по убедливата изборна победа, за време на кампањата вети дека ќе ги одблокира средствата од ЕУ што беа замрзнати за време на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

Фон дер Лајен: Реформите даваат резултати

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави напредокот на Унгарија.

„Унгарија презеде важни чекори за зајакнување на владеењето на правото и заштита на финансиските интереси на Унијата“, изјави таа.

„Денес предлагаме одмрзнување на 4,2 милијарди евра и повторно отворање на вратите кон ’Еразмус+‘ и ’Хоризонт Европа‘ за унгарските студенти и истражувачи. Мило ми е што тие повторно ќе можат целосно да ги искористат можностите што ги создава нашата Унија. Ова покажува дека реформите даваат резултати“, изјави Фон дер Лајен.

Во мај, Маѓар и Фон дер Лајен се договорија за план за исплата на вкупно 16,4 милијарди евра, условен со исполнување на клучни цели поврзани со владеењето на правото. Од Унгарија се бараше да исполни 27 таканаречени „супер-цели“ и над 100 други услови.

Кон крајот на август, Будимпешта објави дека ги исполнила сите услови, вклучително и решавањето на статусот на фондациите за управување со имот од јавен интерес (KEKVA). Ова се однесува на правна структура што владата ја користеше за да преземе контрола врз јавните институции, вклучително и универзитетите. Преостанати предизвици

Покрај одобрените средства, Унгарија бара да се ослободат 10 милијарди евра од фондовите за закрепнување. Европската комисија во моментов го разгледува тоа барање. Уште 2 милијарди евра од кохезионите фондови остануваат блокирани поради загриженоста во врска со унгарскиот систем за азил, законодавството за заштита на децата и академските слободи. Премиерот Маѓар вети дека неговата влада ќе ги реши овие прашања до крајот на годината.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите - ЕУ гледа банда на власт, тоа не е народот

Министерот за полиција излезе пред амбасадори и рече: време е и за нас да важат истите принципи. 

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите - ЕУ гледа банда на власт, тоа не е народот

Правда. Правичност. Реципроцитет. Личен пример во полиција, суд, обвинителство.

Тошковски мора да разбере едно. Брисел не го меша народот со ВМРО-ОКГ.

Народот го гледа како народ. Власта ја гледа како организирана криминална група што ги држи институциите.

Затоа извештајот е катастрофален токму за мешање во правосудство. Затоа реформите стојат.

Затоа вториот рок истече. Затоа Македонија чека во место.

Народот не е бандата. Не смее Тошковски да ги изедначува.

ЕУ ги гледа граѓаните исто како граѓаните на другите земји, ама бандата не смее да биде на власт. Бандата не спроведува реформи. Ја узурпира полицијата. Судот. Обвинителството.

Во ЕУ премиерот не поставува обвинител преку телевизор. Не наредува политички прогон од собраниска говорница. Владата не превезува пет тони дрога преку граница. Не поставува луѓе со криминално минато за почесни конзули, па им дава да земаат народни пари за броила.

Нема во ЕУ министерка дваесет години во мрежата на Лазаревиќ што бара извинување наместо регистар. Нема премиер што ходникот го продава како самит.

Тошковски зборува за личен пример во институцијата во која е. Неговата институција хиперхлорираше вода во Гостивар и единаесет недели нема извештај. Неговата институција снима „safe city“ додека 5 тони товар минува преку граница. Неговиот бодигард на шефот на бандата излегува без казна. Тоа е личниот пример.

Принципите што ги бара веќе важат за држави каде што полицијата не е партиска, судот не е на телефон, обвинителот не се именува од екран.

Затоа ЕУ не нè гледа како нив. Гледа банда на клучевите. Народот го гледа зад бандата.

СДСМ е со граѓаните. Патот кон Унијата е слободен суд, слободно обвинителство, граница што одговара, конзул што не ја продава струјата. Не лекција од министер на организирана криминална група.

Кога бандата си оди, ЕУ ќе нè гледа како другите. Дотогаш гледа точно што има: Тошковски, Мицкоски, ВМРО, криминал и корупција, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори истрага за насилството врз докторот Дејан Огненовиќ

Вчера Канал 5 објави сторија за насилството врз гинекологот од поликлиниката „Букурешт“, Дејан Огненовиќ. Денеска ОЈО отвори истрага. 

Обвинителството отвори истрага за насилството врз докторот Дејан Огненовиќ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката “Букурешт”, осомничениот извршил грубо насилство врз, лекар-гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканували физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата, се наведува во соопштението на ОЈО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер