Шестотини парчиња оружје и 400 килограми дрога уништени во печката на „Еуро-никел индустри" во Кавадарци

Настанот беше во организација на МВР, Агенцијата за управување на одземен имот и кавадаречката компанија, а по повод 9 јули, Меѓународниот ден за уништување на оружјето.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го следеше уништувањето, а во изјава за медиумите рече дека МВР бележи зголемена ефикасност во откривањето на нелегалното поседување оружје и во трговијата со наркотични средства.

-Мора да истакнам дека трендот се зголемува во ефикасноста на полицијата во откривањето на нелегалното поседување оружје, меѓутоа и со откривањето на трговија со наркотичните средства. Во 2018 година имаме зголемување на ефикасноста на полицијата за 43 отсто во делот на откривањето наркотични средства или тоа е најдобар учинок во последните 10 години. Со несмалено темпо продолжуваме сите заедно и во делот на организиран криминал и во секторите за внатрешни работи. Тој тренд продолжува и се зголемува, нагласи министерот.

Изрази благодарност до ,,Еуро никел" за соработката во делот на спречување, сузбивање или уништување на наркотичните средства и оружјето, кои, како што рече, претставуваат едни од најсериозните ризици не само во земјава, туку и на регионално и глобално ниво.

Фатон Асани, директор на Агенцијата за управување со одземен имот, информираше дека по првото уништување на дрога во 2015, наредното било лани, а сега после шест месеци, се врши и второ уништување./МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер