МакедонијаШестмина вработени во ЈП „Национални Шуми“ нанеле штета од над 170.000 евра, добија кривични пријавиПолицијата поднесе кривична пријава против шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, кои со несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување, нанеле штета на буџетот на претпријатието од над 170.000 евра. -СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против И.Т.(30) од Демир Хисар, И.Р.(59) од село Кутретино, демирхисарско, Б.Ј.(60) од село Слоештица, демирхисарско и С.У.(50) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против А.Ш.(31) од село Смилево, демирхисарско и М.Ѓ.(46) од село Загорче, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, се вели во соопштението од МВР. Првопријавениот И.Т., вработен во ЈП „Национални Шуми“ како раководител на Подружница „Бигла“ - Демир Хисар, во текот на 2023 и 2024 година несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности, односно посредно преку својата шумо-чуварска служба не извршил теренска контрола во атарот на село Прибилци каде што бил утврден кусок од 343 кубни метри дрвна маса, која била посечена, но не и евидентирана во сметководствената евиденција на подружницата. На тој начин нанел штета на јавното претпријатие во износ од 2.401.000 денари или 39.040 евра. Исто така, со неизвршување на теренска контрола во реонот на Шумско стопанска единица „Илинска планина“, бил утврден кусок од 954 кубни метри дрвна маса, која била посечена, но не евидентирана во сметководствената евиденција на подружницата и на ЈП „Национални Шуми“ првопријавениот нанел штета во износ од 6.678.000 денари или 108.585 евра. Во Шумско стопанска единица „Пречиста“ бил евидентиран кусок на дрвни сортименти во количина од 83.30 кубни метри со што првопријавениот на ЈП „Национални Шуми“ нанел штета во износ од 583.100 денари или 9.481 евра. Додека, во Шумско стопанска единица „Јаворец“ бил евидентиран кусок на дрвни сортимани во количина од 123,80 кубни метри со што првопријавениот на јавното претпријатие му нанел штета во износ од 866.600 денари или 14.091 евра. Според таблицата за пресметка на штета, посечени биле вкупно 1.504 кубни метри, при што на ЈП „Национални Шуми“ му била нанесена вкупна штета во износ од 10.528.000 денари или 171.186 евра. Второпријавениот И.Р., во текот на 2023 и 2024 година, како раководител на шумо-чуварска служба во Подружница „Бигла“, заедно со трето и четвртопријавениот, шумо-чувари во подружницата, не извршиле теренски надзор, односно не ја извршувале примарната задача да ја чуваат шумата во државна сопственост и на тој начин дозволиле на локациите да биде посечена дрвната маса и на претпријатието да му биде нанесена штетата. Петтопријавениот А.Ш., референт за превоз во подружницата, во текот на 2023 година се задолжил со приемница за сеча и приемница за дотур на 185,5 кубни метри огревно дрво, а по извршената испорака, во 2024 година од страна на пописната комисија бил констатиран кусок од 83.3 кубни метри и на тој начин била нанесена штета на јавното претпријатие. Шестопријавениот М.Ѓ., референт за сеча и дотур, во текот на 2023 година се задолжил со приемница за сеча и приемница за дотур на вкупно 604 кубни метри огревно дрво, а по извршената испорака во 2024 година од пописната комисија бил констатиран кусок од 155,3 кубни метри огревно дрво. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter