Шестмина се во тешка состојба , на 20 годишна девојка и е ампутирана ногата

Последните информации се дека шестмина се уште се во тешка состојба по сообраќајната несреќа на патор Скопје- Тетово. Меѓу повредените е и 20 годишна девојка која има големи повреди на ногата. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер