СветШестмина повредени во напад со нож во средно училиште во Јужна КорејаНајмалку шест лица се повредени откако ученик вооружен со нож денеска нападнал повеќе лица во средно училиште во Јужна Кореја, јави Индепендент.Според државната новинска агенција Јонхап, ученикот бил вклучен во посебна образовна програма поради интелектуални потешкотии и наводно ги таргетирал наставниците и вработените во училиштето во Чеонгџу, околу 110 километри јужно од Сеул. Ниту еден ученик не е повреден. Меѓу повредените, кои се пренесени во локалната болница со полесни до потешки повреди на лицето, стомакот и други делови од телото, е и директорот на училиштето. Никој од нив не е во животна опасност. Осумнаесетгодишниот напаѓач побегнал во блискиот парк, каде скокнал во езеро, јавија локалните медиуми. Случаен минувач со презиме Ким се здобил со повреди на главата обидувајќи се да го спречи напаѓачот при бегството. Полицијата на Чеонгџу соопшти дека осомничениот бил извлечен од акумулациското езеро за 12 минути по нападот и пренесен во болница. Мотивот за нападот сè уште се истражува. Инцидентот се случува три месеци по трагедијата во основно училиште во Дајеон, каде учител усмрти осумгодишно дете. Минатата недела, пак, 33-годишен маж беше уапсен поради смртоносен напад со нож во супермаркет, при што уби една жена и повреди друга личност, а се претпоставува дека бил под дејство на алкохол. Иако Јужна Кореја има ниска стапка на убиства од 1,3 на 100.000 жители, што е под светскиот просек од шест на 100.000, во последниве години земјата забележа неколку насилни инциденти, меѓу кои напади со нож на метро-станици, врз наставници и пешаци во близина на главниот град. Тагови: Јужна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter