Средба на Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Собранието
1Средба на Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Собранието
БалканШести обид бугарскиот Парламент да избере претседателПратениците во бугарскиот Парламент денеска ќе направат шести обид да изберат претседател на 51-то Народно собрание откако не успеаја минатата недела за нов избор.Новоизбраните пратеници положија заклетва на 11 ноември, но новиот парламент се уште не може да функционира поради неможноста политичките сили да се обединат околу кандидат за претседател на законодавниот дом, јави БТА. На почетокот на оваа недела, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека направил чекор назад, се повлекол од предлогото за функцијата претседател на парламентот и го предложил Атанас Атанасов од ПП-ДБ за функцијата. Од ПП-ДБ во став испратен до медиумите одговорија дека Бојко Борисов за премиер е неприфатлив предлог и тие нема да учествуваат во трговија со функции. Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов се изјасни остро против Бојко Борисов да биде премиер, а Атанас Атанасов да биде претседател на Собранието. Трифонов изјави дека ставот на ИТН останува непроменет. Партијата предложи најстариот пратеник - Силви Кирилов (ИТН) - привремено да раководи со парламентот. По ставот на ПП-ДБ, вчера претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов на брифинг соопшти дека категорично го повлекува барањето да биде кандидат за премиер. „Веднаш го враќам мандатот кога ќе го добијам“, додаде тој. „БСП-Обединета левица“ ги покани политичките сили во Народното собрание без ГЕРБ-СДС и „ДПС-Нов почеток“ на средба во потрага по „излез од парламентарната криза“. Борислав Гуцанов од „БСП-Обединета левица“ по средбата дека се подготвени да разговараат за сите можни опции, вклучително и повлекување на кандидатите и нова кандидатура што би ги обединила сите околу нив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО: Вирусот западен нил се шири во ЕвропаСветска здравствена организација соопшти дека вирусот западен нил се шири во Европа. Регистрирани се 25 подрачја погодени од вирусот во шест европски држави – најмногу во Италија и Грција, а помал број и во Македонија, Романија, Шпанија и Франција. Со оглед на зголемувањето на случаите во некои делови од континентот на почетокот на сезоната на пренос, СЗО за Европа повикува на зголемен надзор и активности за подигање на јавната свест за заштитните мерки. Секој што живее или патува во погодена област треба да преземе основни мерки на претпазливост за да избегне каснувања од комарци, предупредуваат од СЗО. Околу 70 до 80 проценти од луѓето заразени со вирусот западен нил нема да развијат никакви симптоми, но оние кои ќе развијат може да доживеат треска, главоболка, замор, болки во телото, гадење или повраќање, а понекогаш и осип или отечени лимфни јазли.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за СобраниетоДенеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со проф. д-р Димитар Ташковски и проф. д-р Бранислав Геразов при што беше промовиран моделот на ВИ за автоматска транскрипција.Денеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со проф. д-р Димитар Ташковски и проф. д-р Бранислав Геразов при што беше промовиран моделот на ВИ за автоматска транскрипција во реално време, развиен во рамките на услугите на ИНОФЕИТ Европскиот дигитален иновациски хаб (INNOFEIT EDIH). Овој модел на вештачка интелигенција е развиен и трениран врз основа на видеоснимките од собраниските седници, што му овозможува со висока прецизност да го препознава говорот, терминологијата и специфичниот начин на водење на собраниските расправи. Проектот има за цел модернизација на процесот на изработка на собраниските стенографски белешки преку трансформација на досегашниот бавен и рачен процес во скалабилен, инклузивен и систем поддржан со вештачка интелигенција, кој овозможува автоматска транскрипција во реално време. Неговата примена ќе овозможи значително побрза изработка на транскрипти и записници, полесно пребарување на дискусиите по говорник, тема или клучен збор, како и создавање дигитални архиви кои ќе бидат подостапни за пратениците, стручната служба, медиумите и граѓаните. Истовремено, овој модел претставува темел за развој на нови функционалности во рамките на законодавната платформа, како што се автоматско титлување на преносите во живо, интелигентно пребарување низ седниците и примена на напредни алатки за анализа на собраниските материјали, придонесувајќи кон поефикасно, потранспарентно и подостапно Собрание. На промоцијата, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши истакна дека ова решение претставува значаен чекор кон дигитализацијата на Собранието и унапредувањето на неговата ефикасност и транспарентност. Тој нагласи дека воспоставената соработка претставува основа за идни заеднички активности насочени кон понатамошна дигитализација на собраниските процеси и воведување современи технолошки решенија во работата на институцијата. Проф. д-р Димитар Ташковски, координатор на ИНОФЕИТ ЕДИХ, ја истакна улогата на европските дигитални иновациски хабови во забрзувањето на дигиталната трансформација на јавниот и приватниот сектор. Тој потенцираше дека ИНОФЕИТ ЕДИХ преку услугите „Test Before Invest“, развој на решенија базирани на вештачка интелигенција, проценка на дигиталната зрелост, обуки и пристап до експертиза, им овозможува на јавните институции и компаниите безбедно и ефикасно воведување на најсовремени дигитални технологии. Воедно, тој ја нагласи успешната соработка со Собранието во текот на реализацијата на проектот, истакнувајќи дека ваквите партнерства ја потврдуваат важноста на ИНОФЕИТ ЕДИХ како клучен двигател на дигиталната трансформација и примената на вештачката интелигенција во јавниот сектор. Проф. д-р Бранислав Геразов од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ги претстави техничките карактеристики и перформансите на системот. Тој објасни дека за надминување на оперативните предизвици при подготовката на стенографските записи е развиен високо специјализиран систем за автоматско препознавање на говор, кој директно одговара на потребите за брзина, прецизност и автоматизација. Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска ја истакна важноста од континуираното воведување современи дигитални технологии во работата на собраниската служба, нагласувајќи дека тие претставуваат клучен предуслов за понатамошно унапредување на нејзината ефикасност, функционалност и квалитетот на услугите што им ги обезбедува на пратениците и на граѓаните. Таа посочи дека примената на вештачката интелигенција ќе придонесе за оптимизација на работните процеси, побрза обработка на собраниските материјали и создавање понапредни дигитални услуги, со што Собранието ќе продолжи да се развива како модерна, транспарентна и технолошки напредна институција, усогласена со современите европски практики. Во тек е развој на решение за негова интеграција во дигиталниот екосистем на Собранието. Нашата цел е моделот да стане составен дел од секојдневните работни процеси, овозможувајќи автоматска транскрипција на седниците, поефикасно управување со собраниските содржини и развој на нови интелигентни услуги за пратениците, стручната служба и граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеката Лепенец покриена со необична пена на влевот во ВардарСо бела пена е прекриена реката Лепенец при влевот во реката Вардар во Скопје.Пената се влева директно во Вардар. Известени се од Град Скопје, најавено е дека инспектори веднаш ќе додат на терен да видат која е причината за пената во лепенец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00