3Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЗабаваШеста планинска трка „Чупино зимски вертикал 2024“Oд центарот на селото Блатец во близина на Виница вчера стартуваше 6-тата по ред планинска трка на пет километри „Чупино зимски вертикал 2024“ која се трчаше нагоре по стрмна планинска патека во поголем дел со снег до колена.Oд центарот на селото Блатец во близина на Виница вчера стартуваше 6-тата по ред планинска трка на пет километри „Чупино зимски вертикал 2024“ која се трчаше нагоре по стрмна планинска патека во поголем дел со снег до колена, а целта беше на врвoт Чупино на планината Плачковица на 1725 метри надморска височина. Учествуваа околу 130 натпреварувачи атлетичари и планинари од земјава, како и планинари и атлетичари од Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Унгарија, Полска и Велика Британија. Првото место во машка категорија го освои Александар Спасов од Бугарија со време 45:46, второто место македонските атлетичари и планинари Златко Карчески и Златко Николов со време 48:31, а трето македонскиот атлетичар и планинар Никола Илиевски со време 51:19. Четвртти е Никола Илиевски со време 51:19, а петти Роберто Димитриевски од АК „Велес“од Велес со време 54:07. Кај жените сите три места им припаднаа на македонските атлетичарки и планинарки - прва е Вера Урдаревска со време 1:06:18, втора е Марија Пеликон со време 1:06:32, а трета Ангела Величкова со време 1:15:15. Четвртта е Ибадете Вокри со време 1:16:23, а петта Рени Валканова со време 1:16:45. Кај ветерани жени прва стигна Бугарката Добромира Јанева, а останатите најдобри се македонските планинари - втора е Валентина Узунова, а трета Лидија Арсовска. Кај мажите ветерани прв е Дејан Новковски, втор Душко Кантарџиев и трет Благоја Ацковски. Дарко Атанасов од здружението „Чупино Траил“ кој шеста година го организира „Чупино зимски вертикал 2024 “ со подршка од Општина Виница и бројни спонзори за МИА информира дека целта им е да ги популаризираат планинарењето, дружењето на чист воздух во планина. Стартот започна на 700 метри надморска височина во селото Блатец, а учесниците се искачуваат со висинска разлика од 1030 метри надморска височина на врвот Чупино кој е на 1725 метри надморска височина. Тој потенцира дека за учесниците освен желба потребен им е и добар тренинг за издржливост и добра кондиција за да се искачи напорната патека по стрмен терен и снег до колена во поголемиот дел, а уште потешко е враќањето назад удолу по стрмен и лизгав терен со снег. -Секоја година имаме се’ поголем и поголем број на учесници, на оваа трка „Чупино зимски вертикал“ Тоа е потврда дека сме ја постигнале целта да привлечеме што поголем број на учесници кои преку оваа трка ќе ја засакаат планината и дружењето во природа на чист воздух потенцира Атанасов. Владимир Павлов неговиот колега од истото здружение „Чупино Траил“ информира дека започнале со летна трка „Чупино Траил“ во 2017 годиа во месец август, а по повод Денот на ослободување на Виница, 30 август. Но поради пандемијата се одржале само четири трки низ градските улици на Виница, а шест зимски вертикал кон врвот Чупино. Како и во изминатите години сите учесници на планински маратон „Чупино зимски вертикал 2024“ кога на враќање се спуштија во селото Блатец добија бесплатно вегетаријанска чорба која ја подготви Борче Пешов и неговата сопруга Оливера. Тој вели дека бесплатна вегетаријанската чорба на оваа зимска трка подготвува веќе петта година, како и на трката во Штип. Додава дека дека е многу задоволен и среќен што може да нахрани со вкусна зеленчукова чорба учесниците планинари и атлетичари исцрпени по тешкиот планински маратон. На крајот уесниците, гостите како и домаќините во селото Блатец ги забавуваа групите The Hounds и Mod –heads.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисијаВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка.. Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
БалканУапсен поранешен министер на СрбијаРаде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови! Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб. Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањВо среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешко филе 20 гр. сув вргањ 150 - 200 мл. топла вода 500 мл. павлака за готвење 1 мало шише бело суво вино 40 - 50 гр. пармезан 1 коцка говедска супа 1 лажица путер 1 лажица маслиново масло 1 чешне лук сол, бибер, свеж магдонос мајчина душица Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter