ЕвропаШест земји-членки на ЕУ притискаат за побрза интеграција на пазарите на капиталГерманија и пет други земји од ЕУ имаат за цел побрзо да се движат по клучните политички прашања, вклучително и за тоа како да се хармонизираат правилата на пазарот на капитал, изјави германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл.- Сè уште верувам дека темпото што моментално го доживуваме на европско ниво не е соодветно на предизвиците со кои се соочуваме како Европа-рече Клингбајл во Брисел на денешната средба со министрите за финансии на Франција, Италија, Холандија, Полска и Шпанија. - Сакаме решенија за цела Европа, и на тоа работиме шестмината со цел зајакнување на суверенитетот на Европа и правење на Европа силна, особено во овие турбулентни времиња, и работиме на тоа да обезбедиме да играме посилна улога на меѓународен план-додаде тој. Како што пренесе ДПА, денешната средба беше фокусирана на забрзување на работата на таканаречените пазари на капитал и сојузите за штедење и инвестиции. Лидерите на ЕУ минатата недела разговараа за намалување на бирократијата и подобро поврзување на пазарите на капитал во ЕУ за да се создаде подобра средина за бизнисите, откако напорите со години беа главно неуспешни. Во моментов, секоја земја-членка на ЕУ има свој пазар на капитал со свои правила, вклучително и за правната структура на компаниите, даночните регулативи и сопствени финансиски институции како што се берзите и банките.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
ЖивотМеркел доби официјален портрет: „Невообичаено е да се стане дел од историјата“Портрет на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, насликан од малку познатиот уметник Жереми Кејрас, ќе биде свечено претставен во берлинскиот музеј „Боде“ на Музејскиот остров, речиси пет години откако таа ја напушти функцијата. Сликата ќе биде изложена во музејот „Боде“ во текот на три месеци, почнувајќи од вторник, по што подоцна оваа година ќе биде преместена во кабинетот на сојузниот канцелар. Во неодамнешно интервју за „Ди Цајт“, Меркел скромно го коментираше тој момент. „Невообичаено е кога полека станувате дел од историјата“, рече таа. На првиот кат од канцеларијата на федералниот канцелар се изложени портрети на сите германски канцелари, вклучувајќи го и Герхард Шредер, чиј портрет го насликал Јерг Имендорф во 2007 година. Заедно со портретот на Ангела Меркел, недостасува и портретот на Олаф Шолц. Неговиот кабинет објави дека сè уште не избрал уметник.Тагови: Ангела Меркел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГори дива депонија во Шуто ОризариПожар избувна денеска во скопската општина Шуто Оризари, во близина на стовариште, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Денеска повторно се разгоре пожарот помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, а густ црн чад се забележува од повеќе места низ Скопје. „Гори сува трева, а огнот се шири кон околните куќи“,се вели во соопшението од ЦУК. Истовремено, известена е и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а пожарникарски екипи се на терен и го гаснат огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
ЗабаваФото: Кендал Џенер и Џејкоб Елорди маскирани ја напуштиле АвстралијаУбавата манекенка Кендал Џенер и нејзиното момче Џејкоб Елорди дискретно ја напуштија Австралија, целосно маскирани Пред врската со Елорди, убавата Кендел била во врски со раперот Бед Бани и НБА кошаркарот Девин Букер. Моделот Кендал Џенер и актерот Џејкоб Елорди биле забележани на аеродромот во Бризбејн за време на викендот, каде што се обиделе да останат незабележани по престојот во Австралија. Двојката не разменувала нежности во јавноста, но фотографите го забележале моментот кога Џенер накратко ја ставила раката на лактот на Елорди додека шетале низ аеродромот. Ѕвездата на „Keeping Up with the Kardashians“, 30 годишната Кендел, и 29-годишниот актер дополнително ги сокриле своите идентитети носејќи маски, шалови и очила. Елорди бил облечен во дуксер со качулка, додека Џенер носела бејзбол капа.Тагови: кендел џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter