Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
1Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
БалканШест убиства во Албанија во изминатите 24 часаШест убиства и едно тешко повредено лице се регистрирани во последното деноноќие во Албанија.Повеќето од инцидентите се случиле по банална расправија. Адвокатот Роланд Ислами за телевизијата Oра њуз изјавил дека „бројките покажуваат тензична состојба во државата, потребни се брзи мерки" - Потребна е поактивна улога на полицијата и органите на прогонот, законската регулатива која ја имаме треба да се почитува. Бројките на криминалот во земјава се зголемуваат и затоа мерките мора да бидат брзи, вели тој. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВозач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријаваНа 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Тагови: светиниколско Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарот од Грачани го покри СкопјеНа територија на Град Скопје има еден пожар, што ноќеска се чувствуваше на територија на главниот град.Според центарот за управување со кризи пожарот е навлезен од косовска страна пред два дена кај селото Грачани – Ѓорче Петров. Пожарот не загрозува населени места. Горат ниска смрека и грмушки. Синоќа ветерот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот што е активен на косовска и на македонска територија. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Утрово продолжува со гаснење на пожарот со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка даваат и два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден имаше 31 пожар на отворен простор. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода две лица во Струга, пронајден е пиштол, следува пријаваЛицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 03.09.2026 во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро, кај Женска плажа во Струга, полициски службеници од мобилниот тим од Регионалниот центар за гранични работи Запад - „Task Force” ги лишија од слобода Е.К.(19) и К.С.(19), двајцата од с.Делогожди, струшко. При извршен преглед кај нив, кај Е.К. бил пронајден пиштол. Лицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Струга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter