Шест нови хибридни автомобили за градската администрација

Град Скопје за потребите на градската администрација набави шест нови хибридни автомобили од марката „тојота јарис" во вкупен износ од 6,3 милиони денари со вклучен ДДВ.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека со тоа се обновува застарениот возен парк на градската администрација.

– Последната набавка на возила била изведена во 2012 година кога биле набавени „форд фиеста" дизел, што не се еколошки возила. Емисијата на ЦО2 кај хибридите што ги набави Градот се околу 4,8 g/km, а потрошувачката е 3,7 литри за 100 километри со што ќе се прават и посериозни заштеди, особено во делот на одржувањето на возниот парк на Градот, рече Шилегов, додавајќи дека возилата што се набавени се со шестгодишна гаранција.

Шилегов најави дека додека ја предводи градската администрација, возилата што ќе се купуваат за нивните потреби ќе бидат на хибриден или на електричен погон. Посочи дека нивната намера е кон граѓаните да ја упатат пораката дека мора да ја заштитуваме животната средина и да се намали аерозагадувањето во Скопје…

На новинарско прашање дали ќе продолжат да ги користат старите, нееколошки автомобили, Шилегов рече дека дел од нив нема да користат, а дел ќе дадат на лицитација или на други градски институции.

– Ќе се трудам Градот да има што е можно поеколошко поведение во однос на возниот парк, рече Шилегов.

Најави дека ќе продолжат субвенциите за електрични тротинети и додаде оти и тој од време на време го користи неговиот електричен тротинет. Додаде дека понатаму и за потребите на градската администрација ќе обезбедат електрични тротинети, како за кратките реалции што ги имаат комуналните редари, инспекторите и другиот дел од администрацијата.

Прашан за искршените канти за отпад низ централното градско подрачје, Шилегов рече дека се набавени нови канти, се чекаат и возилата, новите контејнери и новите „чистачки".

– Сите канти за џебен отпад не се во ингеренција на Градот Скопје. Град Скопје има 1.970 канти за отпад во оптег, што се наша одговорност. Ние имаме купено нови 950 така што ќе го дуплираме бројот на кантите за џебен отпад се со цел да овозможиме што е можно поголема хигиена на јавниот простор, рече Шилегов.

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина.

Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ.

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

„Ер Франс“ потврди дека добиле писмо од Европската комисија. Компанијата во моментов ја прегледува нејзината содржина и ќе ги испита дејствијата што треба да се преземат, изјави портпаролот на француската авиокомпанија.

Луфтханза во соопштението наведе дека и таа внимателно го разгледува случајот.

Портпаролот на КЛМ рече дека холандската компанија, дел од групацијата Ер Франс, исто така добила писмо од ЕК. /МИА

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

притисни ентер