3Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
СветШест најголеми несреќи на мостови во САДОд 1960 до 2015 година, имало 35 големи урнувања на мостови ширум светот поради судар на бродови или баржи, со вкупно 342 жртви, според извештајот на Светската асоцијација за инфраструктура на водниот транспорт за 2018 година.Осумнаесет од тие несреќи се случија во САД. Најнов таков случај е уривањето на главниот мост во Балтимор, чиј столб го удри товарен брод, по што шест лица се прогласени за исчезнати. Светските агенции, по тој повод, наведуваат список на катастрофи во кои се вклучени бродови или баржи кои удриле во мостови во САД, пренесува „Гласот на Америка“. Мост „Попс“, 20 март 2009 година: Брод што влече осум бродови удри во мостот „Попс“ во Билокси, Мисисипи, што предизвика урнување во заливот на дел од мостот висок 45 метри. „Мост на кралицата Изабела“ - 8 мртви, 15 септември 2001 година: Реморкер и товарен брод се судрија со мостот во Порт Изабел, Тексас, предизвикувајќи средниот дел од мостот со висина од 25 метри да се урне во заливот. Осум лица загинаа. Мост „Идс“ - 50 повредени, 14 април 1998 година: Шлепот „Ен Холи“ кој патувал низ пристаништето Сент Луис удрил во централниот дел на мостот „Идс“. Осум бродови се откачиле, три под мостот удриле во шлеп кој бил трајно поврзан со мостот и на кој се наоѓало казиното. Педесет лица се здобиле со полесни повреди. Мост „Биг Бају Канот“, 47 мртви, 22 септември 1993 година: Баржите што ги турна бродот во густата магла удриле и го поместија железничкиот мост „Биг Бају Канут“ во близина на Мобилеа, во државата Алабама. Неколку минути подоцна, возот „Амтрак“ со 220 луѓе стигна до оштетениот мост и излета од шините, при што загинаа 47 лица, а 103 беа повредени. Мост „Сибер“, еден загинат, 28 мај 1993 година: Бродот за влечење „Крис“, туркајќи ја празната баржа „DM3021“, удри во потпорното ниво на мостот „Сибер“ во Њу Орлеанс. Два автомобила со три лица во нив паднале во каналот. Едно лице загина, а две се тешко повредени. Мост „Саншајн скајвеј“, 35 мртви, 9 мај 1980 година: Товарниот брод „Самит Венчр“, долг 185 метри, пловел низ тесниот, кривулест бродски канал на заливот Тампа на Флорида, кога ненадејна, заслепувачка бура го урна бродскиот радар. Бродот го откинал потпорот на мостот, уривајќи дел од бетонскиот пат за време на утринскиот шпиц. Седум возила, вклучително и автобус со 26 патници, паднаа 150 метри во водата. Триесет и пет лица загинаа. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаХоџа: Заштитата на сливот на Вардар бара одржливо финансирање и меѓуресорска соработкаЗаштитата на реката Вардар и одржливото управување со водите мора да бидат долгорочен државен приоритет, а за тоа се потребни координирани институции, меѓусекторска соработка и обезбедено финансирање. Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на отворањето на „Денови на Вардар 2026“, посветени на иднината на управувањето со сливот на реката Вардар. Хоџа посочи дека подготовката на Планот за управување со сливот на реката Вардар е важен чекор, но нагласи дека вредноста на еден план се потврдува преку неговата реализација, а не само преку неговото усвојување. Во своето обраќање тој се осврна на напредокот во мониторингот, класификацијата на водните тела и идентификувањето на притисоците врз водите, што е нотиран и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Но истакна дека управувањето со водите не може да биде одговорност само на едно министерство, бидејќи одлуките во земјоделството, енергетиката, индустријата и локалната самоуправа директно влијаат врз нивната состојба. „Водата не познава ресорски граници. Затоа, потребен ни е вистински меѓусекторски пристап, во кој институциите ќе дејствуваат координирано и ќе преземаат заедничка одговорност“, рече министерот. Осврнувајќи се на прекуграничниот карактер на сливот на Вардар, Хоџа ја истакна важноста на континуираната соработка со Косово и Грција, како и поддршката од Швајцарија во областа на животната средина. Тој го поздрави и придонесот на научната заедница и младите професионалци, нагласувајќи дека знаењето, искуството и иновациите се важен дел од решенијата. „Нашата цел не е само да подготвиме уште еден стратешки документ, туку да изградиме систем во кој одговорностите се јасни, институциите имаат капацитет да дејствуваат, средствата се обезбедени, а резултатите се мерливи и видливи. Тоа е нашата обврска кон граѓаните и идните генерации“, порача Хоџа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ФудбалПеп Гвардиола го крена гласот: „Кристијано Роналдо не го заслужи ова, грешката мора да се поправи“Еден од најтрофејните фудбалски тренери во историјата, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше конкретно за Кристијано Роналдо и за начинот на кој тој ја заврши својата репрезентативна кариера. Тој тврди дека тоа мора да се поправи. Најплатениот свтески фудбалер, Кристијано Роналдо одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера. Тој влезе во конфликт со селекторот Жорже Жезус, откако од него било побарано на прес-конференција да изјави „дека е на нивото на Пеле и Марадона“ – нешто што тој одбил јавно да го каже. Поради сето ова, тој истакна дека не сака проштален натпревар, а Пеп Гвардиола смета дека тоа е голема грешка. „Фудбалската федерација на Португалија мора да се погрижи Кристијано Роналдо да добие соодветно испраќање. Двете страни мора да вложат напор и да најдат начин. Тој не смее да ја напушти репрезентацијата на ваков начин. Не смеат да дозволат да си замине така. Тој е значајна личност, не само за себе и за Португалија, туку и за генерации португалски фудбалери“, изјави Гвардиола во подкаст со Ромарио. Тој нагласува дека мора да постои некаков вид на благодарност за сè што Роналдо има направено. „Мораат да разберат дека Кристијано заслужил сам да одлучи како ќе продолжи понатаму. Треба да најдат решение за оваа ситуација и да ја поправат работата. Дали ќе го направат тоа или не, не е моја работа, но сметам дека мораат. Она што тој го постигна во светот на спортот заслужува поинаков крај.“ Сите се свесни дека Роналдо направи грешка со начинот на кој си замина и со инцидентите што ги предизвика. „Потребно е да се организира прослава на која тој ќе ја почувствува љубовта на своите сонародници, како и иницијатива со која ќе се испрати порака дека е време да се сврти нов лист. Неговата целокупна кариера не треба да се оценува врз основа на последниот месец или два, само затоа што дошло до несогласување или недоразбирање со одредени поединци. Станува збор за кариера полна со достигнувања, која заслужува да биде сочувана и одбранета. Големите играчи, кои биле на самиот врв во овој спорт, заслужуваат да си заминат достоинствено, низ главната врата.“ Потоа, славниот тренер појасни: „Прво, затоа што го заслужиле тоа – тие му дадоа сè на спортот, а фудбалот им должи такво признание. Второ, поради сите оние најмлади кои ги прават своите први чекори на фудбалскиот терен. За да можат и тие да сонуваат дека еден ден ќе ја завршат својата кариера исто како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Паоло Малдини, Ромарио или кој било друг великан од историјата. Така треба да биде“, заклучи Гвардиола.Тагови: Кристијано Роналдо Пеп Гвардиола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ТехнологијаБелгија отвора голема фабрика за сателити: Европа има за цел да му конкурира на „Старлинк“ на МаскБелгискиот крал Филип вчера свечено отвори фабрика која треба да стане најголемиот капацитет за производство на сателити во Европската Унија.Целта е да се задоволи растечката побарувачка за сателити и друга вселенска опрема во Европа, пренесува „Еуроњуз“. Лоциран во градот Шарлроа, во јужна Белгија, погонот е управуван од белгиската компанија „Аероспејслаб“. Меѓу другото, таму ќе се произведуваат сателити за европскиот проект „ИРИС²“, кој има за цел да му конкурира на сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск. „Растевме дури и побрзо отколку што планиравме“, изјави Беноа Депер, извршен директор на „Аероспејслаб“. Тој истакна дека неговата компанија еволуирала од мал стартап во 2018 година во голем деловен потфат, кој сега придонесува за вселенската независност на Европа. 🔴 Belgium opens Europe's largest satellite factory; Iris2 production planned for end of 2028 Belgium's King Philippe inaugurated a satellite factory in Charleroi on Tuesday, run by Belgian firm Aerospacelab. The facility will produce satellites for the EU's Iris2 constellation, which aims to rival Starlink. Aerospacelab secured a €2.4 billion contract in September to manufacture 264 of the 348 satellites planned for Iris2. The factory has annual production capacity of roughly 500 satellites and spans approximately 20,000 square metres. — NewsTongue (@NewsTongueX) November 25, 2026 Големиот комплекс во Шарлроа – град кој е попознат по аеродромот што го користат нискобуџетните авиокомпании и по напуштените фабрики од индустриското минато на Белгија – ќе може да произведува околу 500 сателити на годишно ниво. Во септември, Депер и неговите партнери обезбедија договор вреден 2,4 милијарди евра за производство на 264 од вкупно 348 сателити планирани за проектот „ИРИС²“. Производството сè уште не е започнато во големиот комплекс со овален облик, кој зафаќа површина од приближно 20.000 квадратни метри. Се очекува вработените да се вселат во фабриката во јануари, а почетокот на производството е предвиден до крајот на 2028 година. Во последниве години, Европа се стреми да го зајакне својот вселенски сектор за да ги искористи растечките економски можности во вселената, истовремено намалувајќи ја зависноста од други нации – поттикната од загриженоста за доверливоста на Соединетите Држави како партнер.Тагови: Белгија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00