Шест медали за македонските традиционални каратисти на шампионатот во Перу - Канал 5

Шест медали за македонските традиционални каратисти на шампионатот во Перу

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех на ИТКФ светскиот куп за деца во Лима, Перу освојувајќи три златни, два сребрени и еден бронзен медал. 

Шест медали за македонските традиционални каратисти на шампионатот во Перу

Софија Јарчевска освои две први места во кати и кихон ипон кумите за деца од 12-13 години до зелен појас, Филип Недев освои прво место во кати и трето место во кихон ипон кумите за деца 10-11 години до црн појас, а пак Камелија Недев освои 2 место во кати за деца од 12-13 години до црн појас.

Ката тимот во состав: Камелија Недев, Филип Недев и Софија Јарчевска освоија второ место за деца од 12-13 години.

На првенството учествуваа преку 500 каратисти од целиот свет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Франција -Англија во малото финале во битка за бронза

Доцна вечерва од 23 часот репрезентациите на Франција и на Англија ќе играат натпревар за третото место на 23- тото Светското фудбалско првенство 2026.

СП2026: Франција -Англија во малото финале во битка за бронза

Битката за бронза во Малото финале се игра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.

На европскиот класик вечерва нема фаворити, бидејќи и двете селекции разочарани од неуспехот во полуфиналето посакуваат овој дуел воопшто да не се игра.

Англискиот тренер Томас Тухел веќе зборуваше за натпреварот за бронзата.

„Ниту еден од нашите играчи, ниту еден од француските играчи не сака да го игра овој натпревар. Тие сакаат да играат во финалето. Дадовме сè од себе за тоа да се оствари. Сите учествуваат со цел да го освојат Светското првенство, но така стојат работите. Имаме еден ден помалку за закрепнување од Франција, но натпреварот ќе го одиграме професионално“, рече Тухел.

Французите имаат потполно исто мислење за вечерашниот натпревар.. Ставот на мнозинството на прес-конференцијата го пренесе Ибрахим Конате, кој стопроцентно се согласува со Тухел.

„Го видов она што го кажа Тухел – дека никој не сака да го игра натпреварот за третото место. И тој е во право во смисла дека и тие и ние сакавме да играме во финалето. Но, така е како што е, немаме избор“, рече Конате.

Инаку традицијата е на страна на Англија.

Франција и Англија се сретнале 32 пати во текот на нивната историја, при што Англија победила на 17, Франција победила на 10 натпревари, нерешено завршија пет средби. На Мундијалите исто така поуспешен е Гордиот албион во две победи во трите средби.

- Англија победи во 1966 година (2:0) и 1982 година (3:1), додека Франција победи во 2022 година (2:1).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амазонките оживеаја на сцената „Долни Сарај“ преку креативниот сензибилитет на грчките уметници

Танцовиот перформанс „Митот за Амазонките“  инспириран од легендата за митската раса жени воинки, вчеравечер беше изведен на „Охридско лето“ од грчкиот танцов театар „АРТ денс“.

Амазонките оживеаја на сцената „Долни Сарај“ преку креативниот сензибилитет на грчките уметници

Во сржта на ова атрактивно музичко-сценско дело беа Амазонките, симбол на силата, автономијата и еднаквоста кои оживеаја на сцената „Долни Сарај“ преку динамичен спој на современиот танц и театарски израз, со оригинална музика напишана од Јанис Псимадас, специјално за оваа претстава.

Приказната за Амазонките беше доловена преку два мита: одземањето на златниот појас на кралицата на Амазонките Хиполита од страна на Херкулес, како и митот кој ја долови трагичната иронија на љубовта среде војна каде во потресниот двобој помеѓу Ахил и Пентесилеја тој ја убива неа и откако ќе ѝ го тргне сребрениот шлем, се вљубува во нејзината убавина, но безнадежно.

Креативниот сензибилитет на изведувачите Аигли Сарлани, Никос Кормпакис, Афродити Вервениоти, Мелина Бала, Кристина Карагиованиди, Мариеви Лефкиммијати и Катерина Петрополу, преку танцот донесе доживување полно со моќ и емоции. Грчките уметници покажаа нагласено чувство за колективна игра и успеаја во нивната цел, да го преточат ова дело во атракција за публиката која под отворено небо уживаше во спојот помеѓу антиката и модерното.

Кореографка и сценаристка на претставата е Артемис Игнатиу која е и режисерка, кореографка и уметнички директор на церемонијата на палење и предавање на Олимпискиот оган. Игнатиу е и основач на танцовиот театар „АРТ денс“ кој премиерно ја изведе оваа претстава во 2013 година за време на Културниот фестивал во музејот „Бубулина“ во Спетсес во Грција. Во 2014 година овој перформанс беше избран од Грчкото министерство за култура да ја претставува Грција на Интернационалниот фестивал во Сус, како и на неколку други фестивали во Тунис.Во 2017 година на културната соработка помеѓу Грција и Кина, „Амазонките“ се играа во Гуанжу и во Шунде-Фошан, а во 2022 година беа дел од активностите за одбележување на Тирана – европски младински град за 2022 година.

„Митот за Амазонките“ го проследија и претседателката на Македонија,Гордана Сиљановска Давкова која е и покровител на фестивалот, како и амбасадорката на Република Грција во земјава, Софија Филипиду.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот низ Ормускиот теснец речиси запре

Поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец повторно е речиси целосно запрен по новата размена на напади меѓу САД и Иран, објави во петокот компанијата за податоци „Kpler“, а пренесе новинската агенција ДПА.

Сообраќајот низ  Ормускиот теснец речиси запре

Во четвртокот низ теснецот поминале само осум брода – што е најниска бројка забележана во изминатите три недели – соопшти „Kpler“ на платформата „X“. Во средата, низ теснецот поминале 15 брода. Пред две недели, низ теснецот поминале 48 брода. Пред почетокот на војната, кон крајот на февруари, низ Ормускиот теснец дневно поминувале во просек повеќе од 100 брода.

Иран во петокот се закани со „сеопфатна офанзива“ откако Соединетите Држави ја бомбардираа земјата седма ноќ по ред – при што не беше поштедена ниту иранската цивилна инфраструктура – ​​што претставува ескалација на конфликтот. Американската војска во петокот соопшти дека спроведува нова серија напади врз Иран, кои започнале во „19:00 часот по Гринич“ (GMT).

Нападите „имаат за цел натамошно слабеење на воените капацитети на Иран“ по налог на претседателот Доналд Трамп, објави војската на платформата „Икс“ (X). Според иранските новински агенции, експлозии биле слушнати во јужниот дел на Иран. Еден ден претходно, американската војска соопшти дека погодила „десетици ирански воени цели, како што се позиции за крајбрежен надзор и противвоздушна одбрана, воена логистичка инфраструктура и поморски објекти“. Во овие напади загинале осум лица, според официјалната иранска новинска агенција ИРНА. Иранските власти исто така пријавија оштетувања на електроенергетската мрежа на југот – повикувајќи ги жителите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија – како и напади врз мостови, пристаниште, аеродром и телекомуникациска инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер