3ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
ФудбалШест лица се уапсени под сомнение за убиство на водачот на навивачите на Интер https://kanal5.com.mk/inzagi-prvo-bi-ja-zabelezhal-igrata-na-inter-ne-rezultatot/a693580Италијанското обвинителство денеска нареди притвор на одговорните за убиството на водачот на навивачите на фудбалскиот клуб Интер, Виторио Бојоки, пред неговиот дом во Милано во 2022 година.Наводно, пукањето го извршиле две маскирани лица на мотор, а докази во истрагата обезбеди Андреа Берета, поранешен лидер на навивачите Curva Nord на Интер, кој веќе е во затвор од 4 септември за убиство на Антонио Белок, член на бандата 'Ндрангета“, пренесува Ansa. Истрагата ја водат обвинителите Паоло Сторари и Сара Омбра. Италијанските медиуми не соопштуваат повеќе детали во врска со овој случај.Тагови: Интер Милано навивачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДПОд економски пустош, осиромашени граѓани, опљачкани и уништени институции, со посветена работа, чесна намера и домаќинско работење, состојбите во државата почнуваат да се средуваат.Интензивната работа и економските владини политики, проектирани и имплементирани изминатите две години, ги даваат своите резултати, економијата се стабилизираше и веќе почна да се развива, долговите да се намалуваат. Покрај јавниот долг, кој во вториот, споредено со првиот квартал од годинава се намали на 58,8% од БДП, намалување има и кај државниот долг. На месечно ниво имаме намалување и на државниот долг од 0,2% од БДП. Заклучно со 30.06.2026 година државниот долг изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра или 51,7% од БДП, што е намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец. Ова ниво на државен долг, е еден од најниските до сега во подолг временски период и покажува дека во државата има власт која не ги трупа обврските, туку редовно и навремени ги сервисира. Ваквите економски параметри не се случајни, тие се резултат на економската раздвиженост во државата, домаќинско работење и политики насочени кон подобар живот на граѓаните. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската Влада, се санираше економскиот пустош, со вложување, инвестирање и реализација на капитални проекти. Како резултат на добро планираните мерки и активноси, веќе 7 квартали по ред БДП бележи позитивен раст од 3 или над 3%, а од друга страна, во време на светски ценовни шокови на енергенсите, инфлацијата се држи под контрола и е меѓу најниските од земјите во регионот со 3,4%. Во насока на дополнително стабилизирање на јавните финансии и развој на економијата, со крајна цел подобар животен стандард за македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со интензивна работа и одговорни политики. Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоциклВо сообраќајна несреќа на улица Радишанска загина возач на мотоцикл.-Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот. Во тек е увид, информираат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ФудбалВидео: 40.000 навивачи на Трабзонспор го пречекаа Салах40.000 навивачи го пречекаа Салах во неговиот нов клуб .Египетскиот фудбалер Мохамед Салах (34) официјално е претставен како нов играч на турскиот клуб Трабзонспор. Досегашниот член на Ливерпул, беше пречекан на стадионот „Папара Парк“ од повеќе од 40.000 навивачи , кои му приредија спектакуларен пречек. Салах потпиша двегодишен договор со турскиот клуб, кој му гарантира плата од 17 милиони евра по сезона. Покрај фиксната плата, договорот вклучува и бонуси врз основа на учинокот, како и 20 проценти од приходите од продажбата на клупски производи со неговото име. Mohamed Salah, evimiz Papara Park’ta 👑🔥 pic.twitter.com/3PY16cgr29 — Trabzonspor (@Trabzonspor) August 6, 2026 Салах излезе на теренот носејќи бордо-син дрес со бројот 10. Тој ја поздрави публиката, која возврати со гласно навивање. На екраните низ стадионот беа прикажани пораки за добредојде на турски и на англиски јазик. Египетскиот напаѓач им се обрати на присутните, истакнувајќи дека му се приклучил на клубот со цел да освојува трофеи. Неговото доаѓање се смета за еден од најзначајните трансфери во историјата на турската Суперлига и ги нагласува високите амбиции на Трабзонспор да се натпреварува во самиот врв на турскиот фудбал. За Трабзонспор Трабзонспор се смета за четвртиот најголем турски клуб, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter