Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
2Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
КултураШест концерти на 22. Блуз и соул фестивал Дваесет и вториот „Блуз и соул фестивал“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје ќе се одржува три дена претстојниот викенд во пивница „Стар Град“ (Темов) во чаршија. Изведувачите годинава се од Македонија, Србија, Белгија и Данска и се по избор на Иво Солдатовиќ кој втора година е селектор на фестивалот. „Блуз и соул“ в петок (21 септември) ќе го отвори „Crossroad Blues Band“, еден од најпознатите македонски блуз-бендови кој на сцената опстојува повеќе од две децении. Првата фестивалска вечер ќе биде заокружена со четиричлениот белгиски состав „Shakedown Tim & The Rhythm Revue“ основан од Тим Шејкдаун, кој свири динамична комбинација на блуз, џамп-блуз и буги, до свинг и ритам и блуз. Втората фестивалска вечер в сабота (22 септември) ќе ја отвори квинтетот „The Gamblers“ од Сремска Митровица, Србија, за кој селекторот Солдатовиќ на прес-конференција денеска рече дека се легендарен блуз-состав од 1984 година и оттогаш ја освојуваат регионалната блуз-сцена и настапуваат на престижни фестивали низ Европа. Саботната блуз-вечер ќе заврши со настап на „Chris Grey & The BlueSpand“ од Данска, трио на Крис Греј кој е блуз-ѕвезда во Европа и светот. Нивниот груви-фанки блуз во последните две години ги освојува блуз-фановите низ Европа, а нив ги прави меѓу најпопуларните блуз-бендови. На годинашниот фестивал ќе гостува уште еден српски блуз-бенд - петчлениот „The Blueshammer“ од Нови Сад кои прават атрактивни концерти со тексашки блуз и јужњачки рок и фанк. Тие ќе настапат в недела (23 септември), а по нив фестивалот со диџејски сет ќе го затвори Васја Ивановски, долгогодишен радиоводител и поранешен селектор на Блуз и соул фестивалот. Селекторот Солдатовиќ ги повика сите што може да поддржат и да спозорираат македонска музика да им се обратат за, како што рече, да направат специјален фонд само за македонска вечер. - Со кои било наши артисти, дали со авторска или туѓа музика. Би можеле да ја прошириме оркестарски, може да соработуваме со бендот на Здружението на џез-музичари, со кои било наши институции. Сепак, потребни се средства зашто тоа е голем проект, истакна Солдатовиќ. Концертите на тридневниот „Блуз и соул“ ќе почнуваат од 21 часот. Влезниците за секоја вечер се по 200 денари или 500 денари за блок-влезници сите три вечери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучнаПревенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет. Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook