Шерон Стоун: Судијата го праша моето дете дали знае дека неговата мајка снима филмови за секс - Канал 5

Шерон Стоун: Судијата го праша моето дете дали знае дека неговата мајка снима филмови за секс

​Шерон Стоун вели дека го изгубила старателството над своето дете поради голотија во „Сурови страсти“.

Шерон Стоун: Судијата го праша моето дете дали знае дека неговата мајка снима филмови за секс

Актерката во подкастот „ Table for Two“ со Брус Бози изјави дека култниот трилер ја направил позната, но и ја уништил бидејќи го изгубила старателството над нејзиниот син Роан повеќе од 10 години по објавувањето на филмот.

-Го изгубив старателството над моето дете. Судијата го праша моето дете, моето малечко, малечко момче: „Дали знаеш дека мајка ти снима филмови за секс?“. Тоа беше злоупотреба од системот и испрашување каква мајка сум поради улогата во филмот – изјави актерката.

Таа исто така додаде:

- Луѓето сега се појавуваат целосно голи на редовната телевизија. Видовте можеби помалку од половина секунда од мојата потенцијална голотија и поради тоа го изгубив старателството над моето дете.

Таа тврди дека дури и мажите не сакале да излегуваат со неа поради филмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазик

Во „Партенија Зографски“ државното средно училиште со ресурсен центар,  наставниците покажуваат дека може да се најде соодветен начин и средства за комуникација со секое дете, согласно неговите можности.

Јаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазик

Затоа што сите наши деца имаат право да учат, да знаат и да стекнуваат вештини кои ќе им користат во животот и работата. Децата со посебни образовни потреби имаат потенцијал да постигнат многу, доколку добијат поголема поддршка од семејството, училиштето и средината во која растат и се развиваат.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, додавајќи дека тоа е добра можност за подигнување на свесноста за децата и лицата со оштетен слух.

„Знаковниот јазик им помага да се ‘слушнат’ меѓу себе и нив да ги ‘чујат’ другите. Тој им го олеснува образованието. Како министерство, работиме на отстранување на бариерите и соработуваме со училиштата со ресурсни центри во обезбедувањето дидактички материјали, асистивна технологија и поддршка во употребата на знаковниот јазик. Обезбедуваме континуирани обуки за наставниците за изучување на знаковниот јазик. Зашто, од тоа зависи квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците“, посочи министерката Јаневска.

Македонија, како држава, е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што обврзува на почитување на принципите на инклузија и недискриминација, и вклучување на децата и младите со попреченост во образовниот систем, прилагодувајќи го кон индивидуалните потреби.

„Дозволете ми да забележам дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост. Подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникација се начини на борба против стигмата и дискриминацијата, кои не се наша обврска само поради потпишаните документи, туку се наша човечка должност кон секого“, рече Јаневска, додавајќи дека секој од нас може да направи чекор за приближување кон лицата со оштетен слух така што ќе научи по нешто од знаковниот јазик. Така лицата со оштетен слух ќе се чувствуваат попријатно во секоја средина каде што се движат и работат.

Подобрување на инклузивноста и пристапноста не е само работа на институциите, туку и индивидуална одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна снег на Пелистер

Првиот ден од есента освен пониски темепратури донесе и вистинска зимска слика на Пелистер.

Падна снег на Пелистер

Денеска на повисоките делови од планината заврна снег и врвовите за кратко време биле покриени со тенка снежна покривка.

Фотогграфиите беа објавени на официјалната страница на Националниот парк „Пелистер“ на фејсбук со појаснување дека на првиот ден на есента паднал снег на повисоките планински врвови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп го прекина говорот поради Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина говорот пред генералното собрание на ОН  поради сопругата Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Видео: Трамп го прекина говорот поради Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Ги изненади сите на Генералното собрание на ОН, по што следуваше аплауз.

За време на вчерашниот говор пред Генералното собрание на ОН, американскиот претседател Доналд Трамп направи кратка пауза и јавно ѝ се заблагодари на првата дама на САД, Меланија Трамп, за нејзината хуманитарна работа, а потоа низ шега праша каде таа седи.

Трамп погледна низ салата и праша: „Каде е нашата прва дама? Таа е некаде овде.“ Откако накратко ја побара со поглед, американскиот претседател ѝ се заблагодари на првата дама и рече дека таа „напорно работела“, што беше проследено со аплауз и насмевки од присутните.

На видео објавено на социјалните мрежи, може да се види како Меланија се смешка и мавта. Американскиот претседател ја пофали првата дама на САД за нејзината улога во глобалната дипломатија, истакнувајќи го нејзиниот настап претходно оваа година пред Советот за безбедност на ОН.

Трамп изјави дека таа станала првата прва дама на САД што претседавала со седница на Советот за безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер