Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
2Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
2Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
Шоу бизШерон Стоун ја шокираше јавноста: Бев злоставувана од холивудски моќник!Холивудската актерска ѕвезда Шерон Стоун во о подкастот „Let's Talk Off Camera“откри дека била жртва на сексуална злоупотреба.Мегапопуларната актерка се присети на момент од почетокот на нејзината кариера, раскажувајќи како поранешниот шеф на „Сони“ и го извадил својот полов орган пред лицето кога таа отишла во неговата канцеларија на состанок во 1980-тите. - Се шеташе низ канцеларијата и ми даваше комплименти. Но потоа рече: „Пред да почнеме...“ и го извади пенисот од панталоните токму пред моето лице. Бев млада и нервозена, а мојата реакција на стресот тогаш беше смеа. Почнав да се смеам хистерично и да плачам во исто време, не можев да престанам. Не знаеше што да прави, па секако се облече и излезе од собата – изјави Стоун. Во интервју од 2018 година, познатата актерка одговори на новинарско прашање дали некогаш доживеала сексуална злоупотреба: - Можете само да замислите што се случи во мојата 40-годишна кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ким Кардашијан повторно ги истакна облинитеАмериканската старлета Ким Кардашијан е фотографирана на улиците на Париз во провокативно издание, таа самоуверено чекореше по улица, а нејзиниот целокупен изглед потсети на славната Мерилин Монро.Провокативната Ким повторно го спои модерното со класичното и самоуверено зачекори во провокативен фустан што го истакнуваше секој милиметар од нејзината препознатлива фигура. Таа лежерно ја заокружи смелата комбинација со кратка бела кожна јакна-бомбер префрлена преку рамениците, големи црни очила за сонце и интересни чевли со високи, тенки потпетици. Кројот на фустанот беше она што најмногу ја потсети Ким Кардашијан на култната русокоса и секс-симбол, а овојпат таа не „заборави“ ниту да го истакне своето деколте и својата препознатлива фигура. Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеОпштина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувањаОпштина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“, ги поканува сите заинтересирани граѓани на едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“.Настанот е посветен на подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања, а ќе се одржи оваа сабота, 19 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот во „Паркот на бранители“ во населбата Драчево. Присутните ќе имаат можност да слушнат корисни совети и лични искуства преку излагањата на Наташа Бабулова, која ќе ја сподели својата борба како лице со рак на дојка и членка на „ХЕМА-ОНКО“, како и низ обраќањата на стручните лица: спец. д-р Албина Чресловник Пупакоски, на медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, и д-р Славица Чалчевска, радиолог, супспецијалист и интернист од ГОБ „8 Септември“. Ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат, да се информираат и заеднички да ја дадеме нашата поддршка, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се најважни во битката за животот. Со овој настан се означува почетокот на кампањата „Розев Октомври“ која стартува од општина Кисела Вода, а ќе заврши со голем РОЗЕВ ПИКНИК на Школка во Градскиот парк. Активностите посветени на оваа важна тема ќе продолжат, па така, по трибината во Драчево, ќе се одржи уште една на 26 септември во околината на општината. Ве очекуваме!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлингХоливудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлинг, а еден детаљ вреден 8.000 долари го привлече вниманието.Ен Хатавеј покажа уште еден труднички стајлинг кој остава без здив, и покрај сите критики што ја следат за време на оваа бременост. Бремената Ен Хатавеј носеше чанта Bvlgari од 8.000 долари додека шеташе низ Њујорк и го покажуваше најновиот стил за бременост по патот. Актерката зрачеше со гламур во тиркизен велур ансамбл украсен со цветни детали, во комбинација со елегантни црни чевли со потпетици. Ен, која е глобален амбасадор на италијанската модна куќа, носеше блескава чанта Serpentine Duo Top Handle, украсена со гравирани шари, објавува „Дејли меил“. Ѕвездата од „Ѓаволот носи Прада“, која ја објави својата бременост уште во јуни, изгледаше блескаво за време на излегувањето. Ен е во брак со својот сопруг Адам Шулман од 2012 година и тие веќе имаат двајца синови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook