Шерон Стоун: Изгубив половина од богатството, почина брат ми, а јас се борам со рак (ВИДЕО) - Канал 5

Шерон Стоун: Изгубив половина од богатството, почина брат ми, а јас се борам со рак (ВИДЕО)

Холивудската актерка Шерон Стоун ја доби наградата за храброст на настанот на Женскиот фонд за истражување на ракот.

Шерон Стоун: Изгубив половина од богатството, почина брат ми, а јас се борам со рак (ВИДЕО)

Во нејзиниот емотивен говор, таа сподели мислења за нејзината дијагноза и нејзината сегашна битка со ракот на дојката.

Претседателката на настанот Џејми Тиш ѝ ја додели наградата на актерката, истакнувајќи колку таа ги инспирирала другите со својата сила.

- Она што те прави голема ѕвезда не е само твојот талент, твојата убавина и грациозност, туку и твојата издржливост без оглед на тоа што животот ти фрла на патот. Ви благодариме што повторно и повторно станувате и нѐ инспириравте сите со вашиот пример, рече пред Стоун да им се обрати на присутните.

- Обично зборувам брзо затоа што, како што знаете, не ми е гајле, почна таа и веднаш ја насмеа публиката. Таа ги почести другите добитници на награди со тоа што ги повика жените кои преживеале рак на дојка да застанат.

Стоун ги опишала нејзините здравствени проблеми, а иако темата била тешка, таа успеала да се пошегува на своја сметка.

- Тие мамографи не се забавни. Отидов во болница и им реков: „Ако ме отворите и видите дека имам рак, ве молам отстранете ми ги двете дојки, бидејќи јас не сум личност која ја дефинираат моите гради. Можеби звучи смешно затоа што сите сте ги виделе моите гради. Ги видовте моите гради по операцијата, не ни знаевте, рече Стоун (65), кој имаше операција за реконструкција на градите во 2001 година, откако лекарите отстранија бенигни тумори.

Во ноември минатата година открила дека ѝ била поставена погрешна дијагноза и дека ѝ била направена неправилна процедура, што ѝ предизвикало уште поголема болка од порано. Таа потоа побарала второ мислење откако открила дека има голем фиброиден тумор кој исто така барал операција. Во еден момент, додека ги мотивирала присутните да донираат пари, актерката не можеше да ги задржи солзите.

- Знам дека не е лесно да праќаш СМС порака за да платиш пари, барем мене, јас сум идиот за технички работи, но можам да напишам чек. А сега е и храброст затоа што знам што се случува. Само што изгубив половина од парите поради ситуацијата со банката, а тоа не значи дека не сум тука, рече таа, мислејќи на колапсот на банката во Силиконската долина.

Акциите на банката беа погодени, а пошироките пазари беа потресени од стравувањата за ситуацијата дури и откако регулаторите презедоа чекори да ги задржат последиците од неуспехот на банката и да избегнат домино ефект. Американскиот претседател Џо Бајден претходно оваа недела им рече на инвеститорите дека нивните пари се безбедни. Тој, исто така, се обиде да ги увери Американците дека банкарскиот систем е безбеден, додавајќи: „Вашите депозити ќе бидат таму кога ќе ви бидат потребни, а нивните вредни вработени исто така можат полесно да дишат“.

На самиот крај од својот говор Стоун зборуваше за нејзиниот брат Патрик, кој почина минатиот месец на 57-годишна возраст од срцеви заболувања.

- Брат ми штотуку почина, а тоа не значи дека не сум тука. Ова не е лесно време за никој од нас. Ова е тешко време во светот, но ќе ви кажам што, не сакам некој политичар да ми кажува што можам, а што не можам. Како можам и не можам да живеам и која е вредноста на мојот живот, а што не. Затоа станете. Станете и кажете колку вредите. Ве предизвикувам. Тоа е храброста“, заклучи таа и предизвика овации низ целата сала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мобинг во Баерн Минхен? Се појавија сериозни обвинувања

Германскиот репрезентативец Џамал ​​Мусиала се враќа на теренот по речиси двомесечна пауза поради повреда, сепак, неговото враќање на натпревар од Бундеслигата против „1. ФК Келн“ е засенето од јавна дебата за неговата иднина и физичка состојба.

Мобинг во Баерн Минхен? Се појавија сериозни обвинувања

Иако спортското раководство на клубот – вклучително и тренерот и спортскиот директор – продолжува да му дава поддршка, во самиот врв на „Баерн Минхен“ се појавуваат сомнежи дали 23-годишниот фудбалер некогаш ќе се врати на нивото на светска класа. Според „Focus.de“, во раководството на клубот постои поделеност во однос на неговата иднина.

Дискусијата ја иницираше многу влијателниот почесен претседател, Ули Хенес. Пред десетина дена, за време на гостување на телевизијата БР (BR), Хенес јавно постави прашање: „дали тој некогаш повторно ќе го достигне нивото на игра што го прикажуваше во минатото“.

Загрижен поради можниот пад на квалитетот, Хенес пред камерите дури и ја доведе во прашање важноста на сегашниот договор на Мусиала: „Замислете ако ’Баерн‘ сега го доведе во прашање неговиот договор, велејќи: ’Она што тој моментално го прикажува, веќе не одговара на она што е предвидено во договорот‘“.

Не е изненадувачки што овие изјави не беа добро прифатени од тимот на Мусиала. Сепак, наместо да ја смири ситуацијата, извршниот директор Јан-Кристијан Дрезен во средата повторно се осврна на темата. Надоврзувајќи се на ставовите на Хенес, Дрезен потврди дека клубот ќе ја „процени ситуацијата и ќе седне на разговор со неговото семејство и менаџерскиот тим“, додавајќи дека, доколку Мусиала не успее да се врати во својата стара форма, клубот „ќе мора да одржи разговор“.

Во петокот вечерта, членот на надзорниот одбор, Карл-Хајнц Румениге, за „Скај“ (Sky) изрази загриженост.

„Ако тој не се врати во изданието на 'стариот' Џамал, ќе мораме да разговараме – со неговото семејство, со самиот играч, а пред сè со неговата агенција – бидејќи, со должна почит, тие бројки веќе не се одржливи“, изјави тој.

Јасно е дека во клубот – особено во надзорниот одбор – преовладува мислењето дека учинокот на играчот, кој често се соочува со повреди, не соодветствува со неговиот статус како втор најплатен фудбалер во Баерн, веднаш зад Хари Кејн.

Според „Кикер“ (Kicker), коментарите на Хенес наишле на значителна поддршка во рамките на клубот.

Раководството на клубот бара од Мусиала да ги намали своите финансиски барања во рамките на договорот, кој наводно му носи заработка од најмалку 25 милиони евра годишно и важи до 2030 година. Тој го потпиша овој договор во февруари 2025 година, но оттогаш бил стартер на само 24 од вкупно 94 натпревари на Баерн. Критичарите, кои во тоа време се спротивставуваа на толку вреден договор, сега сметаат дека нивните загрижености се покажале како оправдани.

Во последните месеци, Мусиала беше надвор од терените подолги периоди поради низа проблеми. Во пролетта 2025 година, тој отсуствуваше речиси два месеца поради кинење на мускул, по што следеше шестмесечна пауза поради скршеница на фибулата, здобиена на Светското клупско првенство на ФИФА.

Сега, тој повторно се соочува со двомесечна пауза поради повторно кинење на мускулот – ситуација што предизвика изненадување во клубот, со оглед на невообичаено долгиот период на рехабилитација за толку млад играч.

Покрај тоа, Мусиала има невролошко нарушување што предизвикува кратки губења на свеста (апсанс напади), поради што тој колабираше на теренот за време на два натпревари во подготвителниот период во август.

Од друга страна, тимот на Мусиала не гледа причина за промена на договорот што важи до 2025 година. Понатаму, според порталот „ran“, тие имаат целосна поддршка од спортското раководство на клубот, предводено од тренерот Винсент Компани и спортскиот директор Макс Еберл.

Претставниците на играчот се револтирани од гласините за нови епилептични напади и наводни здравствени проблеми кои наводно постоеле во времето кога бил потпишан договорот – тврдења што се отфрлени од други лица кои учествувале во тие преговори. „Момчето беше целосно здраво“, тврдат извори.

Како резултат на тоа, спортското раководство на клубот се обиде да ги смири тензиите. Компани го пофали „неверојатниот менталитет“ на својот играч, изјавувајќи: „Кога играчи како него минуваат низ тежок период, тие можат од тоа да црпат и ментална и физичка сила. Гледајќи како сега се справува со целата ситуација, можам да кажам дека тој е посебен“.

И Еберл е уверен дека „Џамал ​​ќе црпи сила од оваа ситуација“, толкувајќи ги критиките од челниците на клубот како „грижа“ за нивното „златно момче“ – иако не ги спомна очигледните финансиски мотиви што стојат зад таа грижа. На крајот, Компани прецизно ја сумираше ситуацијата: „Тој во моментов не може многу да зборува; треба да зборува на теренот. Штом повторно почне да зборува на теренот, Баерн и германскиот фудбал ќе освојуваат трофеи“.

Во случајот се вклучи и синдикатот на фудбалери FIFPRO, кој остро го критикуваше раководството на Баерн поради односот кон Џамал ​​Мусиала, пренесува Eurosport.de. Тие ја оценија јавната реторика на Хенес, Дрезен и Румениге како „координирана стратегија за вршење притисок врз Мусиала и неговите агенти“.

„Клуб од рангот на Баерн би требало да биде свесен за ова. ФК Баерн има обврска да се грижи за добросостојбата на Џамал ​​Мусиала“, наведуваат од синдикатот, изразувајќи „длабока загриженост“. „Претворањето на здравствената состојба на Мусиала и неговата иднина во предмет на јавна дебата само го зголемува притисокот. Сите прашања поврзани со неговиот договор треба да се решаваат исклучиво доверливо, во разговор со него и неговите претставници.“ Од FIFPRO нагласуваат дека повредите не се основа за преиспитување на договорот.

„Договорите постојат за да се почитуваат. Повредата или падот на формата не му даваат право на клубот повторно да преговара за веќе договорените услови – исто како што периодот на исклучителни игри не му дава автоматско право на играчот да бара зголемување на платата. FIFPRO застанува зад Џамал ​​Мусиала и сите други фудбалери кои ги исполнуваат своите договорни обврски. Очекуваме и нивните работодавачи да постапат исто“, се заклучува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Свечена владина седница по повод Денот на албанската азбука „22 ноември“

Владата денеска со свечена седница го одбележа Денот на албанската азбука. 

Свечена владина седница по повод Денот на албанската азбука „22 ноември“

Свое обраќање на седнциата имаше на министерот за односи меѓу заедниците Агрон Ферати кој упати порака дека различностите во дражавата не разидинуваат и разделуваат, туку дека ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна.

Претходно Денот на албанската азбука го чееститаа и премиерот Мицкоски, претседателката Сиљановска Давкова и собранискиот спикер Африм Гаши,

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димовски: Пари, но и авантуризам и идеологија се чести причини за вклучување во тероризам

Дали македонските граѓани се лесна мета за врбување во терористички и паравоени организации но и колку наши жители се ставени во функција на странски терористички ќелии? 

Димовски: Пари, но и авантуризам и идеологија се чести причини за вклучување во тероризам

Овие прашања се актуелизираат по апсењето на четворица македонски државјани под сомнение дека планирале атентат во Грција како дел од меѓународна терористичка организација.

На оваа тема Афродита Рамос разговараше со Злате Димовски - професор од Факултетот за безбедност.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер