Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?
1Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?
2Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев
Шоу бизШерон Стоун (66) привлече внимание со необична креација на фестивал во ИталијаШерон Стоун привлече внимание на филмскиот фестивал во Таормина во Италија.66-годишната актерка пристигна во интересна модна комбинација. Таа носеше бел фустан со мотив од рози и качулка. Носеше и лесна шминка. Нејзините фотографии се проширија на социјалните мрежи, а фановите во коментарите напишаа дека „Шерон многу добро знае да избере облека“. На споменатиот фестивал таа ја доби наградата за животно дело „Cariddi Golden Award“. Ова беше прво појавување на актерката во Таормина од 1992 година и тогашната италијанска премиера на „Raw Passions“, филмот кој на Шерон и донесе светска слава. Патем, Шерон Стоун неодамна ја рекреираше својата култна сцена на испрашување од еротскиот класик „Raw Passion“ на сетот на кампања за долна облека. Таа на Инстаграм објави фотографија на која позира во црвена долна облека, 32 години откако ја глумеше сексапилната атентаторка Кетрин Трамел. Во познатата сцена на испрашување во „Raw Passions“, нејзиниот лик е испрашуван од полицијата. View this post on Instagram A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) Среде бомбардирањето со прашања, Кетрин им го одвлекува вниманието кога ги прекрстува нозете, оставајќи ги мажите збунети бидејќи не носи долна облека. Сцената беше многу контроверзна во тоа време, а сега стана една од најпознатите во филмската историја. Актерката гордо ја покажа својата неверојатна фигура во секси долна облека, позирајќи со скрстени нозе како почит на легендарната сцена. Покрај актерските достигнувања, Стоун честопати се најде на насловните страници поради нејзината неверојатна убавина и впечатлива фигура. Дури и на 66-годишна возраст, актерката сè уште изгледа неверојатно, а нејзиниот младешки изглед го припишува на посветеноста на здрав начин на живот и внимателен избор на исхрана. Стоун редовно консумира храна со низок гликемиски индекс како што се леќата и киноата. Освен тоа, актерката постојано нагласува дека речиси никогаш не ги прескокнува оброците, особено појадокот. "Мојот омилен појадок е свежа лубеница со фета сирење и нане, маслиново масло, сол и бибер. После тоа, обично јадам парче тост без глутен и пијам билен чај", изјави таа еднаш за „Wall Street Journal“. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?По успехот кој го имаше СДС на предвремените локални избори во Брвеница, со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, Филипче го снема од медиумскиот простор.Иако знаеше секој ден да излегува и да беседи на прес-конференции, сега по историскиот успех кој го направи во Брвеница, изгледа се уште е во еуфорија, па сигурно отишол да прослави некаде. Дали прославата од Бихаќка, Филипче ја однесе на јахтата на Заев на Егејското море или отиде на рехабилитација во Дубаи? По таков огромен успех на изборите во Брвеница, каде што СДС беа декласирани од ВМРО-ДПМНЕ со 4 спрема 1, очекувавме од Филипче да не причести со една прес-конференција и да каже дека победиле на изборите. Шегата на страна, СДС со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. СДС со Филипче слави да биде 4 партија во Македонија, а и под знак прашалник е дали на следните избори ќе бидат и прва опозиција по бројот на пратеници во собранието. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ му дава огромна поддршка на Венко Филипче, му ги честитаме успесите и посакуваме уште многу вакви успеси какви што имаше во Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам АлиевПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес. Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање. Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотРусија претстави играчки чија цел е всадување патриотизам кај децата (ВИДЕО)Децата во Русија ќе си играат со плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија.На натпревар за играчки, поддржан од руската држава, меѓу другото, беа претставени: плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, како и синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија од Втората светска војна, пренесува Ројтерс. Според организаторите, целта на годишниот натпревар „Домашна играчка“, започнат во 2024 година, е да се промовираат играчки од домашно производство кои ја одразуваат руската култура, историја, како и духовните и моралните вредности. Во понеделникот, осумдесет финалисти ги изложија своите дела во голем изложбен центар во Москва. На настанот, децата сликаа народни мотиви на дрвени играчки, си играа со реплика на советска вселенска ракета – која наликуваше на комплет од „Лего“ – и градеа куќи во традиционален стил користејќи шарени коцки. „Во моментов, особено во образованието, постои силен акцент на тоа децата преку игра да научат да ја сакаат својата татковина. Ова е клучно – не преку принуда, туку преку игра“, изјави Валерија Михалева-Устинскаја, претседателка на Националната асоцијација на предучилишни педагози. Таа беше облечена во традиционална народна носија, со украс за глава на кој беше испишан зборот „РУСИЈА“ со фонт во архаичен стил. Таа позираше за фотографија со кукла обоена во боите на руското знаме, на која стоеше натписот: „Не можете да нè соборите!“ 👹 Keep the kids away from the screens!!! Russia holds its "Native Toy" competition A woman in a traditional Russian kokoshnik headdress (at the end of the video) explained that these are exactly the kinds of activities Russian kindergartens are desperately lacking right now. Among the exhibits were dolls in military uniforms, a board game called "Path to Victory," a combat vehicle named "Sunset," and a roly-poly doll bearing the slogan "You Can't Knock Us Down." Now there's just one small step left: scrap every school subject and keep only Orthodox Christianity lessons and "Conversations About Important Things." — NEXTA (@nexta_tv) October 21, 2026 Патриотизмот како дел од образовната политика Натпреварот е дел од поширока кампања што властите ја спроведуваат од почетокот на отворениот конфликт во Украина во 2022 година. Целта на кампањата е кај децата да се всади патриотизам, заедно со верзии на историјата одобрени од Кремљ и вредности што државата ги нарекува „традиционални“. Организацијата за човекови права „Амнести интернешенел“ ги осуди одредени аспекти од руската образовна политика, опишувајќи ги како индоктринација поддржана од државата. Победниците на натпреварот ќе добијат помош во производството и маркетингот, а нивните производи би можеле да бидат вклучени во списокот на Министерството за образование со препорачана опрема за градинките и училиштата. Воени мотиви и историски теми „Сакаме да им раскажеме на децата за важни настани од историјата на нашата земја на јазик што тие можат да го разберат“, изјави Татјана Кашина, специјалист за односи со јавноста во компанијата за производство на играчки „Весна“. Нивната колекција кукли „Мои херои“, облечени во униформи од времето на Втората светска војна, беше меѓу 30-те победнички дела. Нагласувањето на воените мотиви е во согласност со засилениот фокус на „воено-патриотско“ образование во руските училишта. Во образовниот систем е повторно воведена основна воена обука, а учебниците по историја сега ја одразуваат перспективата на Кремљ за војната во Украина. Сепак, играчката што доби најголеми симпатии од јавноста не содржеше никакви воени елементи. Во онлајн гласањето, наградата на публиката ја освои комплетот „Лабораторија на дабарите“ – кој вклучува микроскоп дизајниран во стилот на ова животно. Извор: Индекс.хрТагови: играчки русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter