Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
Шоу бизШер се повлекува од музичката индустрија по 60 години успешна кариера Музичката легенда Шер (78) е подготвена да се повлече од музичката индустрија по повеќе од 60 години успешна кариера.Таа потврди дека следниот албум најверојатно ќе ѝ биде последен. За време на неодамнешниот настап во театарот „Лицеум“ во Лондон, таа ѝ се обрати на публиката и рече дека е време да ја заврши кариерата. Според The Sun, таа изјавила дека е многу возбудена поради нејзините нови песни и дека новиот албум ја разнесе, а потоа се пошегувала на сметка на нејзините години. „Стара сум, секаде сум најстара, освен кога сум во старечки дом“, вели таа. Таа откри и дека би сакала повторно да наполни 60 години. Таа призна дека не ѝ било секогаш лесно да се справи со стареењето и дека најмногу сака да биде опкружена со млади луѓе. „Ми се допаѓаат младите бидејќи многу од моите пријатели не се забавуваат толку многу“, рече таа. Познатата музичарка моментално е во врска со 40 години помладиот Александар „АЕ“ Едвардс. Парот имаше бројни јавни настапи во текот на изминатата година. „Љубовта не знае математика“, беше нејзиниот одговор на критиките со кои се соочува поради нивната голема разлика во години. Потсетуваме, Шер неодамна го објави првиот дел од своите мемоари, во кои откри дека на 14 години првпат спиела со некого. Како што изјавила, нејзиниот прв секс бил „секс од одмазда“. Шер објасни дека „се сплеткала со слатко италијанско средношколече во раните 60-ти“. Иако не сакала да има секс со него, на крајот решила да ја „изгуби невиноста“ откако тој ја „засрамил“. View this post on Instagram A post shared by Cher (@cher) Рекла и дека со години не знаела кое име ѝ пишува на изводот од матичната книга на родените. „Верував дека се викам Шерилин до години подоцна кога решив законски да го сменам името во Шер“, напиша таа. Имено, во изводот на родените не пишувало Шерилин, туку Шерил. „Бев шокирана кога дознав дека сум наведена како Шерил“, додаде Шер, велејќи дека ја прашала мајка си Џорџија Холт дали воопшто го знае нејзиното вистинско име. Џорџија тогаш ѝ кажала дека била тинејџерка кога ја родила. Пејачката е позната под името Шер од 1979 година. Потоа ги отфрлила своите четири презимиња: Саркисијан на татко ѝ и ЛаПјер на очувот, како и презимињата на нејзините поранешни сопрузи Сони Боно и Грег Алман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16