Шелтон го освои турнирот во Торонто - Канал 5

Шелтон го освои турнирот во Торонто

 Американскиот тенисер Бен Шелтон го победи Русинот Карен Качанов ноќеска во финалето на турнирот во Торонто.

Шелтон го освои турнирот во Торонто

Мечот траеше 2 часа и 48 минути и заврши со резултат 2-1, по сетови 6:7(5:7), 6:4 и 7:6(7:3).

Шелтон имаше 16 аса, 6 двојни грешки и реализираше 2 брејк топки (од 6).

Дваесет и деветгодишниот Русин сервираше 3 аса, направи 2 двојни грешки и реализираше 1 од 6 брејк топки.

На патот до финалето Шелтон ги победи Адриан Манарино, Брендон Накашима, Флавио Коболи, Алекс де Минаур и Тејлор Фриц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена

Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини 

Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20%, не се задоволни од откупната цена

Лозарите од тиквешијата годинава очекуваат намален род за најмалку 20% во однос на лани заради пролетните оштетувања на родот од мрзнењата како и од летните горештини и неможноста да се обезбеди доволно наводнување за сите лозови површини.

На три недели пред почетоко на бербите тие укажуваат дека откупните цени кои се најавени за годинава дека ќе бидат за половина денар повисоки за врнацот како најзастена црна сорта и денар повеќе за смедерваката ни од далеку не ги покриваата трошоците кои ги имаат направено.

Лозарите укажуваат дека по брзана постапка мора да се измени законот за вино кој на винариите им дава можност ако исплатат веднаш да им ја намалат за 8% откупната цена на грозјето, законска дупка што многу се злоупотребуваше лани кога сите се исплаќаа по пониски цени и не им се даваше можност на лозарите за избор на исплата во целост на рати.

Очекуваат и изнаоѓање на решение за откуп на црното грозје за кое винариите уште од лани укажуваат дека има намелен интерес за продажба и имаат залихи па не планираат да откупат многу годинава. За ова недомна според Серафимовски неодамна имало средба а владата излезе со информација дека со пренамена ќе се овозможат финансии со 1% фиксна камата и ти месеци грејс период наменски за откуп на црно грозје и оризова арпа како најпроблематични. Во пелагониско пак жетвата на пченицата за неколку дена финишира и таму големи проблеми имаат со ниските откупни цени.

Според пелагониските сточари проблемот со млекарниците не е решен бидејќи дел од нив продолжуваат да им ги намалуваат откупните цена на суровото млеко .

Заради многуте насобрани проблеми националнаат земјоделска мрежа упатила барање до новиот министер за земјдеолство Серафимовски за средба во најголемата житница пелагонија за преку дијалог да се најдат решенија за проблемите кои ги мачат земјдоелците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Нема нови случаи на западно-нилска треска

Нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска која ја пренесуваат комарците во земјава, а последните ПСР тестови за последните случаи се негативни, информира Министерството за здравство.

МЗ: Нема нови случаи на западно-нилска треска

Од министерството посочуваат дека до институтот за јавно здравје не се пристигнати нови потврдени случаи, а од Инфективната клиника за Канал 5 пак велат дека состојбата на тројцата скопјани кои деновиве беа ставени на респиратор поради тешка форма на западно нилска треска со воспаление на мозокот и мозочните обвивки останува иста, ниту се подобрува ниту се влошува.

Вкупниот број на потврдени и суспектни на „западен нил“ е 16, вели директорот на Инфективна д-р Фадил Цана..

Сите се над 60 години со придружни хронични болести и сите инфекцијата ја добиле во Македонија, никој не патувал во странство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Силниот ветер повторно го разгори пожарот во околината на с.Раец

Поради високите температури и силниот ветер, пожарот во околината на с.Раец повторно се разгори и состојбата останува сериозна, информира преку својот Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Силниот ветер повторно го разгори пожарот во околината на с.Раец

Сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Во гаснењето се вклучени пожарникарите, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување со воздушна поддршка со два авиони, припадници на Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција, како и екипи од Шумско стопанство – Кавадарци.

Борбата со огнот продолжува без прекин, а сите служби координирано и пожртвувано работат за да се спречи понатамошното ширење на пожарот.

Апелираме до граѓаните да не се движат во загрозените подрачја, да ги почитуваат насоките на надлежните служби и веднаш да пријават доколку забележат ново жариште или сомнително однесување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер