Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
КултураШекспировиот „Венецијански трговец“ премиерно во Драмски театарДрамскиот театар од Скопје утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Венецијански трговец“ од Вилијам Шекспир, во режија на Наташа Поплавска.На денешната прес-конференција по повод премиерата режисерката Поплавска подвлече дека ова е нејзина прва соработка со Драмски театар, а изборот тоа да биде токму оваа драма на Шекспир, го направиле заедно со директорот на театарот Роберт Вељановски, меѓу другото и поради тоа што ова е еден од најмалку изведуваните претстави воопшто во светот. - Се зафатиме за комплицирано дело во драматуршка смисла. Нашиот коега Шекспир пред 400 години успеал повеќе приказни вешто да создаде една приказна. Се работи за трагикомедија, жанр кој малку подоцна од Елизабетанското време доаѓа на театарската сцена. Јас како творец ја направив онака како што ми доликува мене и како и сите претстави ќе започне со раскажувачот кој ќе ви раскаже една приказна, рече Поплавска. Таа изрази задоволство што имала можност изборот на актерите да го направи на отворен кастинг на кој се јавиле над 70 актери, по што пристапила на изработка на концептот на претставата. Доминираат машки актери, затоа што вели, сакала да искуси како е тоа да се прави театар според Шекспировското време кога жената немала можност да игра ниту една главна улога, а главните женски улоги биле давани на млади момчиња чиј глас се уште не бил променет. Во креативниот процес на создавање на претставата во кој нагласи, имало можност да се едуцира, но и да се прима знаење. Ирена Лозинска како кореограф која е дојдена од Чикаго ја ангажиарала бидејќи го следи нејзиниот естетстки израз, а директор за сценски движења е гостинката од Белград, Маја Митиќ актерка која се занимава со физичкиот театар. - Со оваа претстава се случи една голема меѓудржавна размена. Сметам дека уметноста не е национална и непознава граници. Одлично соработував со Наташа а важно ми е и што јас можев да пораснам во тој процес, во таа размена на знаење, кој траеше доста долго, рече Митиќ. Според Јовица Михајловски улогата на Шајлок, која тој ја игра е една од најзначајните улоги во опусот на Шекспир заедно со Хамлет, а го инспирирало тоа што се работи за текст стар 400 години кој не изгубил воопшто од својата актуелност. - Шајлок е борец против неправдата, нетолеранцијата, за еднаквост бидејќи речениците што ги говори Шајлок се реченици на Мартин Лутер Кинг, на Нелсон Мендела. Тоа е борба за толеранција и почитување на малцинствата од кој било вид, верски, национални... и тоа е она што ја дава актуелноста на Шајлок, вели Мијаловски. За Диме Илиев, највпечатлива е енергијата, која се развила во процесот на подготовката на претставата од соработката со млади актери, чија подготовка била доста напорна. - Чувствувам дека имаме добра претстава, вели Илиев. Стефан Вујисиќ, која го игра ликот на Порција, вели дека при креирањето на улогата се обидел да воспостави однос помеѓу Шекспировата Порција и Порција која би можеле да ја сретнеме денес помеѓи нас. - Сакав да го дофатам тој сензибилитет на жена, а да не биде тоа само една имитација или карикатура, рече Вујисиќ. Во претставата покрај бардовите на македонското глумиште Јовица Михајлобски, Диме Илиев и Анастас Тановски, настапуваат и младите актерски надежи на Драмскиот театар актерите Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски, Златко Митрески, Григор Јовановски, Сергеј Димоски, Јаков Спасов и Марко Илиќ, како и гостинот од Прилепскиот театар Зоран Ивановски. Единствениот женски лик го толкува Јана Стојановска. Костимите се дло на Александар Ношпал, музиката на Јана Стојановска, Лука Ѓоргиевски и Андреј Блажевски, а сценографијата на Емил Петров. Ова е втора постановка на „Венецијанскиот трговец“ во историјата на македонскиот театар. Прв пат е поставен во 1970 година во МНТ во режија на Хуго Клајн, а улогата на Шајлок му била доверена на бардот Петре Прличко. Подготовката на претставата покрај од Министерството за култура е поддржана и од Арт медија, како и од неколку приватни компании. За оваа претстава изработена е и веб-страница https://venecijanskiot.wixsite.com/dramski. Инаку, ова е втора премира на Драмскиот театар за оваа година, а која се игра според програмата за 2016 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook