Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев
1Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
КултураШекспировиот театар „Глоуб“ прв добитник на наградата на „МНТ Фест“Театарот на Шекспир „Глоуб“ од Лондон ќе ја добие наградата за исклучителни достигнувања во областа на театарот, која првпат оваа година ќе ја додели Македонскиот народен театар на првиот меѓународен театарски фестивал „МНТ Фест“.- Наградата ја симболизира театарската традиција на македонската почва и ќе се доделува секоја година. Наградата за исклучителни естетски достигнувања ќе се доделува на автори или театарски институции за нивниот придонес во театарската уметност, соопшти денеска на прес-конференција Дејан Пројковски, уметнички директор на МНТ. Наградата на „Глоуб“ ќе му биде доделена на затворањето на „МНТ Фест“ на 5 јуни, кога познатиот театар со четиривековна традиција ќе ја изведе претставата „Хамлет“ во два термина, од 16 и од 20 часот. Режијата е на Доминик Дромгул и Бил Бакхраст. МНТ ќе организира и трибина со гостите од „Глоуб“, на која тие ќе говорат за процесот на нивната работа. - „Глоуб“ театарот е една од институциите кои ја трасираат новата визија каде треба да се движиме, посочи Пројковски, зборувајќи за изборот на првиот добитник на нововостановената награда. Нејзиното име МНТ не го открива до свеченото доделување. Се работи за статуетка поврзана со Скопје. Мотото на „Глоуб“ е дека светот и театарот се едно и затоа познатиот британски театар почна двегодишна турнеја за изведба на драмите на Вилијам Шекспир во секоја земја во светот. Таа почна на 26 април годинава, на 450-годишнината од раѓањето на Шекспир (1564-1616), а треба да заврши на 23 април 2016 кога ќе бидат одбележани 400 години од смртта на славниот драматург. Театарот „Глоуб“ пред две години беше домаќин и на Културната олимпијада со над 600 учесници, на која 37 театри од светот на свој јазик изведоа по едно од 37-те дела на светскиот драматург и поет. Меѓу нив беше и Битолскиот театар кој во „Глоуб“ на македонски јазик го изведе третиот дел од „Хенри Шести“ во режија на Џон Блондел од САД. Првиот меѓународен театарски фестивал „МНТ Фест“ ќе почне задутре, 25 мај, со „Вечната куќа“ на театарот - домаќин, за која влезот е слободен. Фестивалот требаше да го отвори Државниот театар од Тбилиси. Неговото гостување се поместува за втората половина на јуни поради поплавите во Србија, која заедно со Македонија е во агендата на Грузијците за турнеја. За помош на луѓето од поплавените подрачја во соседните земји ќе биде приходот од претставата „Народен пратеник“ на Народно позориште Белград на 3 јуни. Во понеделник на фестивалот ќе биде 50-тата изведба на монодрамата „Сребрена свадба“ со актерката Катина Иванова, по текст на Габриел Гарсија Маркес, во режија на Звезда Ангеловска, која премиерно беше поставена во 2010 година. Како што МНТ веќе најави, на 27 мај Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија ќе ја изведе „Лет над кукавичкото гнездо“ на познатиот режисер Александар Морфов, Националниот театар од Азербејџан ќе се претстави на 28 мај со „Мене...нас...“ во режија на Гунер Сатај, на 29-ти Црногороско народно позориште ќе ја изведе „Everyman Dzilas“ на режисерката Радмила Војводиќ, „Медеја“ на Томаж Пандур во изведба на Хрватско народно казалиште ќе гостува на 31 мај, Народно позориште од Белград на 3 јуни доаѓа со „Народен пратеник“ на режисерот Саша Габриќ. „МНТ Фест“ ќе има и богата програма пред претставите - средби и разговори со режисери, актери, со претставници на сценската техника, суфлери.... Во „Мојот театар“ ќе има средби со режисерите Морфов и Војводиќ, а во „Двајца за чај“ на 28 мај, 3-ти и 4 јуни ќе гостуваат актерите Тони Михајловски, Никола Ристановски и Сенко Велинов. Меѓу содржините на фестивалот е и промоција на книга драмски текстови од Срѓан Јаниќиевиќ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев За операции на очи наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Голема полициска акција се одвива на 10-ина локации во земјава, во чија истрага се опфатени вработени во Фондот за здравство и одговорни лица од позната приватна болница..Штетата на буџетот, што ја причиниле се проценува на околу еден и пол милион евра. Пред Фондот за здравство е Дејан Трајкоски.. Дејан, неофицијално, во истрагата е опфатен и поранешен директор на Фондот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаПостизборна Србија и изборите во Брвеница во фокусот на пратеничките прашањаЖестоки обвинувања меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ Венко Филипче на собраниската седница за пратенички прашања. Според Филипче политичките промени во Србија можат да имаат последици и врз позицијата на македонскиот премиер, а до опозицијата, како што рече, пристигнувале информации за можни трансфери на пари од Србија во Македонија. Мицкоски остро ги отфрли наводите од опозицијата, оценувајќи дека СДСМ се обидува политичките случувања во Србија да ги искористи за напади врз македонската Влада, правејќи аналогија со неоснованите обвинувања за унгарскиот кредит. -Па ќе се отворат прашања за кинеските пари од Унгарија, за Алта банка, за тоа дали има навистина, како што сè повеќе имаме информации, трансфер на пари од Србија тука. Некои документи видов пред неколку дена. Ако е тоа стварно така, мене ми е вака човечки жал за тебе, да ти кажам право, не политички, ама патот сам си го избираш. Веројатно ќе одговараш на прашања и за трансферот на дрога преку граница, е тогаш на тие инстанци веќе нема да може да се дефокусира и да се даваат лажни информации. Можеби си ја промашил професијата, бил добар уредник на Информер или на Колегиум, изјави Филипче. - Истото го зборувавте и за Орбан пред 6 месеци, истите прес конференции од А до Ш. Споредете ги и во овие 6 месеци, и тогаш велевте ќе се откриеле криминалиите на Мицко со Орбан, не знам што е се случуваше итн....Ме обвинивте дека сум бил човекот којшто трансферирал дрога, пари, што уште не се изнаслушав од тоа дека сум идиот и не знам уште што уште не слушнав од вас за себе и нема да се спуштам на тоа ниво и да одговорам, мислам дека не заслужувате. Бидејќи тоа се работи што се учат во првите 7 години од животот. Најверојатно тие ваши први години биле полни со фрустрација, па тоа сте го испуштиле. Моите 7 години беа среќни, изјави Мицкоски. Во фокусот на опозициските пратеници беа меѓуетничките односи и изборите во Брвеница. На критиките од пратеникот Скендер Реџепи дека повикувал на етничко гласање, премиерот Мицкоски дециден - никој од ВМРО-ДПМНЕ не повикал на етничко гласање, тоа го правите вие и коалицијата на ДУИ. Премиере, вие пред неколку дена истакнавте од општина Брвеница дека опцијата на кандидатот од опозицијата е криминална и ова за мене беше срамно бидејќи не знам дали зборувавте како премиер, претседател на партија или како обвинител, изјави Скендер Реџепи. - Сите до еден и Македонци и Албанци, со кои разговарав, најмногу Албанци ми рекоа овие што не избркаа од тука, ги избркаа нашите братучеди, тетки, вујковци, чичковци кои се некаде на Запад, сега доаѓаат повторно да не делат. Дваесет години еден проект нема за Брвеница, еден проект. Христијан Мицкоски како претседател на Владата, Јовица покоен како градоначалник, Александар Николоски како потпретседател и министер за транспорт ќе го гради патот за Гургурница, нагласи премиерот Мицкоски. Во дуелот меѓу Мицкоски и Филипче се најде и темата за отворањето рудници во Македонија. Според Филипче доколку Владата ги започне постапките за отворање рудници, на неколку локации ќе се соочи со сериозен отпор од граѓаните, кој СДСМ ќе го поддржи, а доколку е потребно, како што рече ќе се формира и жив ѕид за да се спречи нивното отворањето. Мицкоски одговори- го поддржува отворањето рудник за антимон во селото Луке, Крива Паланка, посочувајќи дека ист став има и градоначалникот на општината од редовите на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо какви предизвици ќе се соочи новата шефица на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева? Обвинителката Искра Хаџи Василева и официјално е избрана за нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Советот на јавните обвинители ги објави конечните резултати од гласањето, на кое Хаџи Василева освои 64 гласа, седум повеќе од Трајче Пеливанов, кој доби 57. Од останатите кандидати Јован Цветановски освои 30 гласа, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест. По изборот на Хаџи Василева, пред неа остануваат сериозни предизвици почнувајќи од обезбедувањето доволно финансиски средства и зголемувањето на ефикасноста на обвинителите, вели за Канал 5 поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска. -Значи новата обвинителка, односно раководителка на ова обвинителство ќе се соочи со големи предизвици. Пред сè во обезбедување на финансиските средства, нели, законот сè уште не е донесен, би требало да се избори за барем да го има истото ниво што досега го имаа во претходниот закон. Да се обиде да ја зголеми ефикасноста на постојните обвинители, значи првин со ресурсите со коишто располага обвинителството да ги искористи максимум,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК. Ивановска предупредува и на податоците од анализата за влијанијата врз обвинителите. Од новата шефица ќе се очекува не само да ги продолжи постапките по предметите за организиран криминал и корупција, туку и да покаже дека обвинителството може да работи поефикасно, без селективност и без надворешни влијанија. -Сè уште постоеше процедура на рачна распределба на предметите, таа кажа дека ќе се залага за дигитализација, го поздравувам тоа и сметам дека треба да има еден објективен начин на распределба на предметите. И што е најважно, да се справат со директните и индиректните притисоци или сугестии. Значи, 36% од јавните обвинители искусниле обиди за влијание од членови на извршна власт, а 29% од претставници на политички партии. Ова се загрижувачки бројки и мислам дека треба во своите редови да се справат со овие ризици и предизвици,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК. Новата шефица на ова обвинителство има 10 - годишно обвинителско искуство, а во октомври 2024 година беше избрана за обвинителка во ОЈО ГОКК. Меѓу позначајните предмети на кои работeше е обвинението против судијата Ѓоко Ристов во чиј семеен дом во Неготино беа пронајдени заѕидани 350 илјади евра, передмет за кој судската постапка е во тек. Хаџи Василева го застапуваше и обвинението против докторот Жан Митрев, кој беше обвинет за измама поврзана со информирањето на пациентите за хемофилтрацијата за време на пандемијата, како и корупцискиот предмет против ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев. На раководната позиција таа ќе го наследи Ислам Абази чиј мандат истекува на 8 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00