Шекеринска: Во иницијативите за одбрана ЕУ да вклучи и сојузници кои не се нејзини членки - Канал 5

Шекеринска: Во иницијативите за одбрана ЕУ да вклучи и сојузници кои не се нејзини членки

Шекеринска нагласи дека во актуелниот безбедносен контекст во кој Европа се соочува со нестабилност и закани од многу правци „наша најсвета должност е да ги чуваме нашите луѓе безбедни“. 

Шекеринска: Во иницијативите за одбрана ЕУ да вклучи и сојузници кои не се нејзини членки

Европската унија во своите одбранбени иницијативи треба да вклучи и што повеќе сојузници, кои не се членки на Унијата, порача заменик генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска во обраќање пред Комитетот за безбедност и одбрана на Европскиот парламент (СЕДЕ).

Шекеринска нагласи дека во актуелниот безбедносен контекст во кој Европа се соочува со нестабилност и закани од многу правци „наша најсвета должност е да ги чуваме нашите луѓе безбедни“.

Таа истакна дека НАТО и ЕУ се природни и незаменливи партнери и затоа е важно да продолжи зајакнувањето на нивната меѓусебна соработката, при тоа поздравувајќи го Планот „Ревооружување на Европа“ на Еврокомисијата, зголемувањето на инвестициите во одбраната од страна на членките на Унијата, како и европската поддршка за Украина.

Шекеринска потенцира дека Унијата може да го искористи својот уникатен економски потенцијал за зајакнување на одбранбеното производство, иновациите и воената мобилност во согласност со воените планови, способностите и стандарди на НАТО.

Таа ги поздрави иницијативите на европско и национално ниво за зголемување на трошоците за одбраната и за зајакнување капацитетите и подготвеноста, истовремено истакнувајќи дека трансатлантските односи остануваат камен-темелник на европската безбедност. Во своето обраќање пред европратениците, таа ја истакна и потребата од „посилен европски столб во рамките на силно НАТО“.

Чувајте ги јагодите свежи со овој трик: Ќе траат до две недели во фрижидер!

Јагодите можат да траат со недели во фрижидер ако ги чувате со еден едноставен предмет. Овој едноставен трик може да спречи јагодите да се расипат пред да стигнете да ги изедете.

Чувајте ги јагодите свежи со овој трик: Ќе траат до две недели во фрижидер!

Сезоната на јагоди е во полн ек – цените се пониски, но предизвикот е како да се зачуваат свежи. Овошјето лесно се мувлосува бидејќи комбинацијата на влага и шеќер создава идеални услови за развој на мувла.

Најчеста грешка е оставање на јагодите во пластичната амбалажа во која се купени. Во топло време, тоа станува вистинска сауна за кондензација – и го забрзува расипувањето.

Јагодите ќе останат сочни, свежи и вкусни до две недели

Но, постои едноставно решение кое го споделува Хедер, готвачка и авторка на блогот „Fit Mama Real Food“, а пренесува Мирор.

Нејзиниот трик за да ги сочува јагодите свежи и до две недели е – кујнска хартија.

„Главната причина за расипување е вишокот на влага. Добрата вест е дека тоа може да се избегне“, вели таа.

Како? „Ставете хартиена салфетка на дното од плитка стаклена кутија. Наредете еден слој подготвени јагоди.“

Хартијата ќе ја впие вишокот на влага и ќе спречи појава на мувла или бактерии.

Бидејќи јагодите имаат нежна и порозна површина, која лесно впива, трикот на Хедер е вистинско спасение.

Како правилно да ги чувате јагодите:

- Наполнете голем сад со ладна вода и потопете ги јагодите 2 минути. (Ако сакате, можете да додадете оцет – 1 чаша на 4 литри вода. Но, не држете ги повеќе од 5 минути.)

-Исцедете ги и исплакнете под ладна вода.

-Наредете ги на чиста кујнска крпа или хартиени салфетки – во еден слој – и оставете да се сушат на воздух 2 до 3 часа. (Овој чекор е клучен – влажните јагоди брзо се расипуваат.)

-Откако ќе се исушат, наредете ги во стаклена кутија, со хартиени салфетки на дното и меѓу слоевите јагоди.

-Затворете ја кутијата со капак и ставете ја во фрижидер.

Со оваа метода, јагодите ќе останат сочни, свежи и вкусни до две недели.

Брутално убиство во Крагуевац: Пронајдено тело жена со повеќе од 10 убодни рани, уапсен убијец

Брутално убиство се случи денес во Крагуевец, медиуми од регионот пренесуваат дека е пронајдено тело на жена (41) на нива.

Брутално убиство во Крагуевац: Пронајдено тело жена со повеќе од 10 убодни рани, уапсен убијец

Според пишувањата на Блиц, мажот Р.Б. брутално ја убил својата поранешна партнерка стара 41 година, чије тело било пронајдено покрај една нива со околу 10 убоди со остар предмет за кој се сомнева дека е нож.

Според незванични информации, телото на несреќната жена било пронајдено покрај автомобил, а уште се утврдува чие е возилото.

Убијецот, Р.Б., е пронајден неколку метри од возилото со повеќе убодни рани на телото и лекарите се борат за неговиот живот.

Полицијата за сега врши увид, а осомничениот за убиството е веќе познат на полицијата бидејќи жртвата двапати го пријавила за насилство и имал активна забрана за приближување.

САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

САД и Кина се договорија меѓусебно да ги намалат царинските стапки за 115 отсто на увезените производи за период од 90 дена, изјави денеска во Женева американскиот министер за финансии Скот Бесент, пренесува „Гардијан“.

САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Бесент на денешниот брифинг со новинарите истакна дека двете страни покажале „голема почит“ за време на преговорите и дека имаат заеднички интерес за урамнотежена трговија. На брифингот учествуваше и трговскиот претставник на САД Џејмисон Грир.

Договорот следува по викенд-преговорите меѓу претставници на двете земји, означувајќи значајна деескалација на трговската војна што започна минатиот месец. САД претходно ги зголемија царините за Кина на 145 отсто, додека Пекинг возврати со царини од 125 отсто за американските производи.

Прашан за деталите за новите царини меѓу САД и Кина, Грир објасни денеска дека договорот се заснова на реципрочната царина што САД ја воведоа на 2 април, како и на ескалаторските чекори што ги презедоа двете страни потоа.

Тој вели дека кинеската и американската страна завршиле со царини од 125 отсто на меѓусебниот увоз. „Сето тоа сега е намалено за 115 отсто, на 10 проценти за секоја страна“, вели Грир.

Дополнително, САД воведоа царина од 20 отсто поврзана со фентанилот, истакнува Грир (што е причината што вкупната царинска стапка на САД беше145%). Оваа давачка, воведена од Доналд Трамп за да ја поттикне Кина да го намали протокот на фентанил во САД, се третира одвоено.

Така, реципрочната царина на САД за увоз од Кина се намалува на 30 отсто, согласно договорот постигнат во текот на викендот, додека давачката на Кина се намалува на 10 отсто. Сепак, постојат и „секторски специфични“ царини што САД ги наплатуваат за увоз на, на пример, челик и автомобили.

Скот Бесент открива дека „пријатното изненадување за мене од овој викенд“ беше степенот на ангажманот на Кина во врска со кризата со фентанилот во САД.

Грир вели дека САД поминале децении во Светската трговска организација (СТО), водејќи мултилатерални и билатерални преговори, обидувајќи се да ги натераат другите земји да ги намалат своите царини и нецаринските бариери и да се согласат на пореципрочна трговија со САД.

Ветувањето на СТО и мултилатералниот систем беше дека царините на сите ќе се намалат, рече Грир пред новинарите во Женева.

- Испадна дека САД значително ги намалија своите царини. Имаше и други економии со ниски царини, но тие задржаа многу високи нецарински бариери. Ние напорно се трудевме да работиме во рамките на системот. А крајниот резултат е дефицит од 1,2 трилиони долари во трговијата со стоки, крајниот резултат е дека производството се пресели во Кина, Источна Азија, Мексико, вели тој.

Скот Бесент уште рече дека за време на разговорите имало консензус меѓу делегациите на САД и Кина дека „ниту една страна не сака целосно раздвојување“.

Бесент додава дека САД сакаат поурамнотежена трговија и смета дека двете страни се посветени на постигнување на тоа.

Белата куќа синоќа соопшти дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп постигнала трговски договор со Кина за време на вчерашните разговори во Женева, опишувајќи ги како „продуктивни“. Во американската делегација беше и трговскиот претставник Џејмисон Грир, додека кинеската делегација ја предводеше заменик-премиерот Хе Лифенг.

Бесент вчера изјави дека е постигнат значителен напредак во преговорите, кои имаа за цел да го намалат трговскиот конфликт што може да предизвика сериозна штета на глобалната економија. Претседателот Трамп, исто така, изјави дека се постигнува „голем напредак“ во разговорите за царините меѓу двете земји.

Вицепремиерот Хе синоќа изјави дека преговорите биле „од големо значење за двете земји, но исто така имаат важен ефект врз стабилноста и развојот на глобалната економија“. Тој истакна дека двете страни постигнале низа важни консензуси и се согласиле да воспостават механизам за економски и трговски консултации. /МИА

притисни ентер