Шекеринска со Комисиите на СДСМ: Исполнети се клучните столбови и мерки од програмата

Заменик претседателката, Радмила Шекеринска, денеска одржа работен состанок со претседателите на Комисиите на СДСМ, се наведува во партиското соопштение.

За само две години од преземањето на мандатот клучните столбови и мерки од програмата на СДСМ се реализирани.Иднината и стабилноста на земјата се обезбедени, на вистинскиот пат сме, кон ЕУ и НАТО, економијата е силна и создава шанса за сите, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните, се гради на секој чекор, низ цела држава.

Концептот парите кај граѓаните дава одличен резултат. Порасна минималната плата, работиме на ново покачување, го вреднуваме трудот на работниците со нови мерки за стимулирање на раст на платите.

Со мерката за поврат на ДДВ 50 милиони евра годишно се враќаат кај граѓаните. Социјалната помош ја покачивме за 300%, за земјоделците обезбедвме зелена нафта поефтина за 30%, ДДВ-то за парно се намали од 18% на 5%, ја вративме ефтината тарифа на струјата.

Со низа на мерки парите ги насочуваме кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем буџет.Со ребалансот на Буџетот кој утре влегува во собраниска процедура воведуваме нови мерки и обезбедуваме повеќе средства за раст на платите, како што е мерката за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за фирмите кои ќе ги зголемат платите на своите работници, до 6.000 денари.

Ги укинуваме квотите за лекови, обезбедуваме доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, правда и одговорност за секого.

Како носечки дел во креирањето на политиките Комисиите на СДСМ продолжуваат со подговотки на нови мерки и политики за подобрување на животот на сите граѓани.

Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, на последниот ден од посетата на Франција и во пресрет на посетата на Србија, го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година, пренесе Бета.

„Пред 25 години на денешен ден, НАТО флагрантно ја бомбардираше кинеската амбасада во Југославија, при што беа убиени тројца кинески новинари. Тоа никогаш не треба да го заборавиме. Кинеско-српското пријателство, создадено со крвта на нашите сонародници, ќе остане во заедничката меморија на Кинезите и српскиот народ“, изјавил Си пишува Фајненшл тајмс.

Лондонскиот весник наведува дека во Нов Белград, каде што била Амбасадата, денеска биле истакнати националните знамиња на Кина и Србија, а активистите на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) и на Новата комунистичка партија на Југославија (НКПЈ) во понеделникот беа истакнати транспаренти пред зградата на Кинескиот културен центар, која е вклучена на тоа место и на кои пишува „Добредојдовте претседателе“, „Косово е Србија - Тајван е Кина“ и улицата „Кинески жртви на агресијата на НАТО“.

Кинескиот претседател денеска ја завршува посетата на Франција и вечерва доаѓа во дводневна посета на Србија, во рамки на неговата мини европска турнеја, во која ќе ја посети само уште Унгарија.

Европратеник и неговиот помошник се осомничени за шпионажа во корист на Кина

Денеска белгиската и германската полиција извршиле претрес во канцелариите на екстремно десничарскиот пратеник во Европскиот парламент Максимилијан Крах и неговиот помошник Џијан Г, како дел од истрагата за сомневање за шпионажа за Кина.

Германските власти објавија дека федералното обвинителство побарало претрес на канцелариите на Крах, главниот кандидат на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на изборите за ЕП во јуни оваа година, и неговиот помошник Џијан Г, кој е осомничен за „активности на агент на тајната служба“, пренесува „Политико“.

Германската полиција во април годинава го уапсила Џијан Г., а како што пишува Дојче веле, постои сомневање дека тој со години доставувал информации од Германија и Европскиот парламент до кинеските служби.

Инспекторите се сомневаат дека Џијан Г. ја искористил својата позиција во кабинетот на Крах за да пренесе информации од парламентарниот живот до кинеското Министерство за безбедност.

Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 6 до 9 јуни годинава.

Пет мажи носат пејачка како да е статуа- не може да оди поради фустанот од песок (ВИДЕО)

Пејачката и текстописец Тајла синоќа беше меѓу најдобро облечените гости на Мет Гала во Њујорк.

Ја вклучија меѓу најдобро облечените гости, а таа стана ѕвезда на хит видео од Инстаграм. Но, како што вели, сѐ е во ред, важно е што е симпатична.

Тајла во необичен фустан е меѓу најдобро стилизираните гости и оние кои одговорија на темата Мет Гала 2024. Таа носеше фустан од Balmain прекриен со песок и чанта како песочен часовник.

За да ги „скокне“ скалите на Мет Гала 2024 во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк и да ја постигне вистинската поза за фотографирање, таа имала помош од пет мажи кои ја пренеле преку скалите. Видеото е доказ дека понекогаш добриот стил не се постигнува лесно.

„Кому му е гајле, луѓе, јас сум слатка“, рече пејачката на прашањето дали воопшто би можела да дише во овој фустан.

Фустанот бил инспириран од песокот на времето, односно од текот на времето што песокот го предизвикува во песочник, што беше инспирацијата и за чантата.

„Инспирацијата за оваа креација дојде од желбата да се редефинираат границите и да се трансформира ефемерниот материјал во безвременско ремек-дело. Идејата за обликување на облека од нешто толку ефемерно како песок ја разгоре мојата имагинација и не можев да бидам позадоволен од крајниот резултат“, изјави креативен директор на Balmain, Оливие Рустен.

притисни ентер