Шекеринска: Ќе направиме се за да најде решение, но никако на сметка на црвените линии

Ќе направиме се за да се најде решение, но никако на сметка на прашањата за кои кажавме дека се нашата црвена линија, а тоа се македонскиот јазик и идентитет, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Сакаме решение кое ќе биде одржливо и корисно за двете земји. Било какво решение кое задира во овие прашања, ќе биде причина за дополнителна недоверба, а не причина за нова енергија и верба во односите меѓу нас и Бугарија, рече Шекеринска.

На прес-конференцијата во Владата, Шекеринска потенцира дека генерално сите во Владата се оптимисти дека ќе се најде решение, но додаде дека не сака да прогнозира бидејќи за да се надмине еден спор не се доволни само оптимизмот и добрата волја на едната страна, туку волја, желба и активност од двете страни.

– Како член на Влада работам, се надевам и се трудам да придонесам со одредени акции и предлози што побргу да најдеме решение за овие дилеми за кои Бугарија јавно веќе подолго време ги соопштува, рече Шекеринска.

Во однос на тоа дали на претстојниот состанок на министри на НАТО ќе разговара со својот бугарски колега Каракачанов, Шекеринска рече дека сакала тоа да го стори и на последниот состанок на министри, но оти за жал Каракачанов не учествувал на тој состанок.

– Следниот состанок, ако не се лажам, е дури во февруари така што би сакала да се надевам дека до тогаш некакви поместувања ќе се случат, а доколку не се случат, тогаш да се надевам дека барем средбите ќе бидат во живо, а не само преку безбедна видео врска. Мислам дека тоа дава шанси за упатување на пораки на заедничката маса, но и за разговари на билатерално ниво.Ккога во 2017 година ги потпишувавме договорите, па и многу договори за соработа во одбраната, очекувавме дека инвестираме не само во воена соработка, туку во поголема доверба. За доверба меѓу сојузници поинаку треба да функционираме и поинаку да делуваме, оцени министерката Шекеринска.

Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување

Во салата во седиштето на Шлезискиот регион во Катовице, пред попладневната седница на чешката влада, откриен е и демонтиран апарат за прислушување, соопшти портпаролот на министерот координатор на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски.

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил.

Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област.

Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија.

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти.

Холандската интервентна полиција рано утринава го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам, при што уапси околу 125 лица во повремено насилните судири, соопштија властите.

Во пораките објавени во текот на ноќта на социјалната мрежа X, полицијата наведе дека мора да дејствува за да го запре овој настан и да ги растури шаторите поставени од демонстрантите кои беа насилни кон полицијата.

„Полициската рација беше неопходна за да се воспостави ред. Ги гледаме снимките на социјалните мрежи. Разбираме дека тие снимки може да изгледаат интензивно“, соопшти полицијата.

Локалните медиуми покажаа како демонстрантите пукаат со пиротехнички средства кон полицајците, но засега нема извештаи за повредени од двете страни.

„Сега сè е тивко... полицијата останува во близина на кампусот во Ротерсајланд“, соопшти полицијата подоцна на X.

Холнадскиот министер за образование во заминување, Роберт Дијкграф, изјави дека универзитетите се место за дијалог и дебата и дека е разочаран што полицијата морала да интервенира.

Студентските протести поради војната и академските врски со Израел почнаа да се шират низ Европа, но останаа многу помали од оние во САД.

притисни ентер