Шефовите на технолошки компании во Конгресот разговараа за иднината на вештачката интелегенција - Канал 5

Шефовите на технолошки компании во Конгресот разговараа за иднината на вештачката интелегенција

Шефовите на најголемите технолошки компании, вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Цукерберг, вчера го посетија Конгресот за да ги споделат своите планови за вештачка интелигенција, додека САД развиваат нови закони за подобра контрола на технологијата.

Шефовите на технолошки компании во Конгресот разговараа за иднината на вештачката интелегенција

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, вели дека постои „универзален консензус“ за потребата од регулирање на вештачката интелигенција.

-Постои силен консензус во корист на регулацијата на вештачката интелигенција. Дури и ако регулативата не е совршена..., последиците од излегувањето од контрола на вештачката интелигенција би биле тешки, коментираше Маск по состанокот.

Вчерашната средба со американските пратеници се одржа зад затворени врати. Состанокот го свика лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, а поканети се шефовите на технолошките гиганти, како и застапниците за граѓански права.

Многумина се загрижени дека брзиот технолошки напредок ќе доведе до губење на работни места, повеќе дезинформации на интернет и други штетни ефекти.

-Денес започнуваме огромен, комплексен и витален потфат - поставување на основата за консензуална политика за вештачка интелигенција која Конгресот може да ја претвори во закон, рече Шумер.

Цукерберг нагласи дека Конгресот „треба да се осврне на вештачката интелигенција за да ги поддржи иновациите, но и заштитните мерки“. Тој додаде дека „стандардот е подобро поставен од американските компании кои можат да соработуваат со владата за да ги обликуваат овие модели за важни прашања“.

Републиканскиот сенатор Мајк Раундс рече дека на Конгресот ќе му треба време да дејствува.

-Дали сме подготвени да го напишеме законот? Апсолутно не, рече Раунд.

Демократскиот сенатор Кори Букер посочи дека сите учесници се согласиле дека „владата има регулаторна улога“, но дека изработката на законодавството ќе биде предизвик.

Моќта и предностите на вештачката интелигенција, како и потенцијалните опасности, се предмет на голем интерес кај научниците ширум светот. Во мај, Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, компанијата зад ChatGPT, сведочеше пред комисијата на американскиот Сенат, опишувајќи ги потенцијалните стапици на новата технологија.

-Мислам дека ако оваа технологија тргне наопаку, може да тргне многу наопаку... Сакаме да бидеме јасни кога зборуваме за тоа. Оптимист сум за вештачката интелигенција, но тоа не значи дека нема да има проблеми на патот, рече Алтман, додавајќи дека сакаат да работат со владата за да спречат тоа да се случи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хутите го контролираат јужниот излез на Црвеното Море и еден од најважните бродски патишта во светот

Хутите кои се поддржани од  Иран, ја презедоа контролата врз пристанишниот град Моча во Јемен.

Хутите го контролираат јужниот излез на Црвеното Море и еден од најважните бродски патишта во светот

Хутите кои се поддржани од Иран, ја презедоа контролата врз пристанишниот град Моча во Јемен и напредуваа по брегот на Црвеното Море кон Стратешките Острови, соопштија воени извори за Ројтерс неколку часа откако претседателот Доналд трамп изјави дека очекува војната во Иран да заврши по изборите во САД.

Хутите добиле дополнителна моќ над теснецот Баб Ел-Мандеб , јужниот излез на Црвеното Море и еден од најважните бродски патишта во светот. Доколку хутите ја преземат контролата врз водниот пат на спротивната страна од арапскиот полуостров од Ормутскиот проток, тоа би можело да му даде на нивниот поддржувач Иран клучна предност во војната со САД, намалувајќи ги испораките преку вториот голем транзитен коридор и предизвикувајќи скок на цените на нафтата. Исто така, тоа би можело да му го отежни на Трамп наоѓањето излез од војната што може да им наштатеи на Републиканците пред изборите во ноември. Хутите преку соопштение соопштија дека пловидбата по Црвеното Море е безбедна за сите бродски компании, освен за саудиските бродови. Саудиска Арабија, најголемиот извозник на нафта во светот, се потпира на рутата преку Црвеното Море откако конфликтот со Иран ефикасно го затвори Ормуз, низ кој порано течеше една петтина од глобалната нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло, ќе дува слаб до умерен ветер

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. 

Денес сончево и топло, ќе дува слаб до умерен ветер

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер