СветШефовите на ЕУ и НАТО ќе учествуваат на утрешната средба во Париз на „Коалицијата на подготвените“Од НАТО појаснија дека средбата ќе биде копретседавана од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, а по завршувањето на разговорите не се предвидени изјави за медиумите. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе учествуваат на утрешната средба во Париз на т.н. „Коалиција на подготвените“, посветена на Украина, соопштија прес-службите на трите институции. Од НАТО појаснија дека средбата ќе биде копретседавана од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, а по завршувањето на разговорите не се предвидени изјави за медиумите. Во соопштението на Европскиот совет е цитиран Кошта, кој оценува дека единствениот начин Русија да биде привлечена кон мировни преговори е преку зајакнување на украинската страна. На крајот од декември, Макрон изјави дека разговорите во Париз ќе се фокусираат на безбедносните гаранции за Украина. Според него, учесниците во коалицијата утре треба да го прецизираат својот конкретен придонес кон тие гаранции. Во „Коалицијата на подготвените“ учествуваат 35 држави, како и НАТО и Европската комисија. Тагови: Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Мисајловски во посета на касарната „Јане Сандански“ во ШтипМинистерот Мисајловски во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип – со засилено темпо продолжуваат капиталните инвестиции во Армијата.Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски денеска беа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. Министерот Мисајловски порача дека инвестициите за подобрување на инфраструктурата во Армијата продолжуваат со засилено темпо. „Последните недели постојано промовираме нови проекти. Насекаде е раздвижено во касарните...Може да видите еден преубав реконструиран објект, се работи за целосна обнова, целосна реконструкција на објектот 35. тука во касарната во Штип. Инвестиција од 33.7 милиони денари“, рече министерот. Тој истакна дека во рамки на реконструкцијата на објектот во касарната се вклучени: нова енергетски ефикасна фасада, обновени електрични инсталации, реконструкција на санитарните јазли како и сите останати градежни зафати и додаде: „Во овој момент повеќе од 100 милиони денари ќе инвестираме само во касарната во Штип...веќе е потпишан договор и за промена на покривот во војничкиот ресторан. Исто така работиме на промена на и адаптација на нови хангари“, потенцира Мисајловски. Мисајловски посочи дека благодарение на одличната соработка помеѓу Министерството и Генералштабот на Армијата, се продолжува со инвестиции во инфраструктурата, кои пак ќе придонесат за значително подобри услови за работа, престој и извршување на задачите од страна на припадниците на Армијата и додаде дека во текот на оваа и следната година во инфраструктурни проекти за Армијата ќе бидат инвестирани повеќе од 12 милиони евра.Тагови: АРМ Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: За труењето на Гостивар и цела Македонија мора да има кривична одговорностПо труењето на граѓаните на Гостивар, со над 4.000 заболени граѓани, по труењето на уште седум други населени места и загадување на две реки мора да има кривична одговорност.Од сите. Наместо да прикриваат и бараат виновници насекаде, освен во сопствените редови, криминалната ВМРО треба да ја признаат вистината за тоталниот институционален колапс. Здравјето на граѓаните го загрозија, најважното нешто. Не можете да отруете цел град, загадување на вода да има и во седум други населени места, на две реки а никој од власта да не одговара. Целата власт, сите институции и сите механизми се во рацете на ВМРО-ОКГ и на Мицкоски. Нема бегање од одговорноста сега за труењето на Македонија. Прво, институциите признаа дека „црвените светла“ им се запалиле предоцна. Додека илјадници гостиварчани пиеле вода загадена со фекалии, никој не презел ништо. Потоа ги криеа податоците од јавноста. Сега, кога кризата веќе ескалираше, признавате ризик од жолтица и други заразни болести. Она на што д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Дополнително, јавноста и денес нема добиено официјален, потпишан извештај за анализите на таканаречената „техничка вода“. Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал извештајот? Кој ја одобрил употребата на водата? Врз основа на кои параметри е утврдено дека е безбедна? Граѓаните на Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност, превенција и брза реакција, добија неспособност, прикривање информации и политички калкулации. За ова мора да има и политичка и кривична одговорност. Кривично мора да одговараат министерот Сашо Клековски, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, директорите на надлежните центри за јавно здравје, како и сите службени лица кои знаеле што се случува, ги криеле информациите, не презеле мерки и дозволиле здравјето на граѓаните да биде загрозено. СДСМ нема да дозволи овој скандал да заврши со уште едно прикривање на вистината и правдата. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Скопје, 29.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04
ЗдравјеМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациентПродолжува трендот на намалување - во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент, кои побарале лекарска помош, информираат од Министерството за здравство. Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (28.07.2026) се евидентирани вкупно 71 новопрегледан пациенти, што покажува тренд на намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар се регистрирани вкупно 49 нови прегледи, од кои 29 на инфективно и 25 на педијатриско одделение. Во моментот се хоспитализирани двајца пациенти на инфективно и пет пациенти на одделението за педијатрија. Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 22 нови прегледи во дежурната служба.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook