СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците
1СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
2Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците
СветШефовите на Би-Би-Си поднесоа оставка поради монтиран говор на ТрампДокументарецот за Доналд Трамп со селективно монтирана изјава на американскиот претседател го урна врвот на Би-Би-Си. Генералниот директор Тим Дејви и шефицата на вести Дебора Тарнес поднесоа оставки по критиките за цензура и пристрасност во начинот на кој била пренесена изјавата на Трамп дадена пред упадот во американскиот Капитол пред четири години. Сторијата ја објави британски Телеграф, повикувајќи се на делови од досие подготвено од советник на јавниот сервис за стандарди и насоки. Во документот се критикува начинот на кој говорот на Трамп бил уреден за документарецот објавен пет дена пред изборите во САД. Во документот се наведува дека бил изоставен делот каде Трамп повикува на мирен протест, додека два други сегметни биле споени, така што изгледало дека тој го охрабрува насилството. -Би-Би-Си тврди дека е не врвот на непристрасното известување. Но, што ако има внатрешно досие кое открива дека тоа не е така. / Една недела пред изборите во САД, емисијата „Би-Би-Си Панорама“ емитуваше документарец наречен „Трамп-втора шанса“ и во него го емитуваа следниот клип: „Ќе одиме кон Капитолот и јас ќе бидам таму со вас, и ќе се бориме, ќе се бориме пеколно.“ Но, Трамп всушност не го кажува ова воопшто. Би-Би-Си споиле заедно две изјави кои се одвоени 54 минути,- - Гордон Рејнер – Уредник во „Телеграф“. Американскиот претседател на неговата мрежа „Truth Social“ се заблагодари на Телеграф за нкако што наведе, разотркивањето на корумпирани новинари. Според него, станува збор за нечесни луѓе кои се обиделе да влијаат врз претседателските избори во САД. Двајцата сега веќе поранешни директори на Би-Би-Си пак, по оставките посочија дека имало грешки во начинот на известување, но тврдат дека не постои системска пристрасност во начинот на известување на британскиот јавен сервис. -Дали сметате дека новинарите се корумпирани како што вели претседателот Трамп? / Секако дека нашите новинари не се корумпирани. Нашите новинари напорно работат и се стремат кон непристрасност и стојам зад нивната работа. / Дали има институционална пристрасност во Би-Би-Си? / Нема институционална пристрасност. Грешки беа направени, но нема институционална пристрасност. / Зошто не беа решени грешките за Трамп, за анти-семитизмот за правата на жените? / Сигурна сум дека таа сторија ќе излезе, но засега ќе влезам да ги видам нашите тимови, Дебора Турнес – Извршна директорка за вести на „Би-Би-Си“. Покрај за случајот со Трамп, документот објавен од Телеграф, укажува и на пристрасност на Би-Би-Си во начинот на известувањето за трансродовите прашања и правата на ЛГБТ заедницата. Дополнително во извештајот се посочува и дека Би-Би-Си и неговиот арапски сервис еднострано и неурамнотежено известувале за војната во Газа.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за МакедонијаДве и пол години власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ донесоа пад на економијата, полош животен стандард, уништено стопанство, нови задолжувања и заглавен европски пат. Додека милиони евра народни пари завршуваат во партиски тендери за граѓаните нема пари. 5,53 милиони евра за диџеј, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата, рудата. Пет нови рудници во планот до 2040 година, антимон кај Крива Паланка, дата центри, се за туѓи интереси, провизии и профити на сметка на народот. Бизнис-мрежата во енергетиката работи со полна пареа, договор за броила, зделки со автобуси поврзани со Орбан. За тоа време, потрошувачката кошничка со изнајмен стан достигна над 90.000 денари. Работниците се со најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај. Се е поскапено, горивата отидоа над 100 денари а Владата на Мицкоски не презема ништо, нема пари за 600 евра минимална плата. Земјоделците се на работ на егзистенција: без пари, без откуп, без пласман, субвенциите се намалени за 40 милиони евра, доцнат и не се исплаќаат, ИПАРД е загрозена поради корупција на директорот. Пензионерите се украдени, се соочуваат со неизвесност, додека дупката во ПИОМ достигнува една милијарда евра. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб. Долговите растат секоја недела. За само две и пол години Мицкоски и ВРМО ги зголемија за 4 милијарди евра, колку половина од вкупното задолжување во изминатите 30 години. Странските инвестиции се најниски во историјата, само 18.7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година. Бидејќи во Буџетот нема пари, се спрема втор ребаланс само два месеци по првиот. И секако ново задолжување на грбот на народот. Тотален економски дебакл. Европскиот пат е блокиран. Македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани но Мицкоски се плаши од европско обвинителство и земјата ја турка кон изолација. Наместо реформи и европска иднина, арамијата турка агенди што ја оддалечуваат Македонија од ЕУ. Тоа донесоа две и пол години Влада на Мицкоски: сиромаштија, изолација, уништено стопанство, полош стандард и уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со граѓани кои имаат празни празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 05.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЕвропаДенеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат целосно или делумно затворени, бидејќи започнува нов ден на мобилизација од страна на учениците.Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат целосно или делумно затворени, бидејќи започнува нов ден на мобилизација од страна на учениците, по неколкудневните протести обележани со судири со полицијата, оштетување на училиштата и улично насилство. Демонстрациите, кои се проширија низ неколку поголеми градови, доведоа до палење канти за ѓубре и други предмети, фрлање проектили врз безбедносните сили и оштетување на училишни згради.Дваесет и четири од 735 училишта погодени од протестите се „запалени или ограбени“, рече францускиот министер за образование исто така информираше дека „78 членови на персоналот“ од министерството за образование се повредени „од почетокот на настаните“.Довеле до речиси 5.000 апсења од понеделник.Движењето започна пред две недели во средното училиште „Сент Егзипери“ во Кретеј, во париското предградие, во поддршка на наставниците што штрајкуваат, кои го осудуваат недостатокот на персонал и ресурси. Потоа доби на интензитет и постепено се прошири низ целата земја во текот на изминатата недела.учениците, меѓу другото реагираа и за небезбедните и нехигиенски згради, премногу часови, и недостатокот на персонал, некои, исто така, ја оспоруваат забраната за мобилни телефони во училиштата.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина ТеарцеПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.На свеченото отворање на детската градинка „Фолеја“ во село Пршовце ќе присуствуваат и евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook