Шефот на Пентагон го предупредува Иран за последиците од поддршката на Хутите - Канал 5

Шефот на Пентагон го предупредува Иран за последиците од поддршката на Хутите

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, вчера го предупреди Иран дека ќе се соочи со последици заради поддршката на Хутите, група која го контролира северен Јемен и напаѓа бродови во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците. 

Шефот на Пентагон го предупредува Иран за последиците од поддршката на Хутите

Предупредувањето на Хегсет доаѓа во време кога САД повторно ги отвораат разговорите со Иран за неговата нуклеарна програма.

Американските и иранските преговарачи претстојниов викенд повторно ќе се сретнат, овој пат во Рим.

„Порака до ИРАН. Ја гледаме вашата СМРТОНОСНА поддршка за Хутите. Знаеме точно што правите“, напиша Пит Хегсет на X. „Вие многу добро знаете за што е способна американската војска - и сте предупредени. Ќе ги претрпите ПОСЛЕДИЦИТЕ во време и место што ние ќе го избереме.“, напчиша министерот за одбрана во сериозното предупредување до Иранците.

Хегсет подоцна, на својот личен профил на X, ја објави пораката на Доналд Трамп за Truth Social од март во која американскиот претседател рече дека ќе го смета Иран за одговорен за сите напади извршени од Хутите.

САД досега извршиле над е.000 напади врз цели на Хутите, откако во март ги засилија нападите против оваа група.

Американската војска ги зголеми своите ресурси во последните недели за зајакнување на Блискиот Исток. Пентагон распореди шест бомбардери Б-2 на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан, што експертите велат дека е идеална позиција за операции на Блискиот Исток.

Покрај тоа, САД моментално имаат два носачи на авиони на Блискиот Исток и преместија системи за воздушна одбрана од Азија во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. 

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско.

Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец.

Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население.

Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Денес сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер